ЖивотБил фризер на принцезата Дајана, шишање наплатувал по 650 фунти, а потоа дојде пандемијата...Најпознатиот британски фризер Ники Кларк по повеќе од 30 години го затвори својот водечки лондонски салон Мејфер, а за затворањето ја обвинува пандемијата на коронавирус.Познатиот фризер, чии клиенти биле принцезата Дијана, војвотката од Јорк, Маргарет Тачер, Елизабет Тејлор и Дејвид Боуви, морал да го отпушти својот персонал и во понеделникот им рекол дека „со големо жалење“ мора веднаш да го затвори салонот. „Овој престижен салон е во Мејфер повеќе од 30 години и е голем дел од нашите животи, лично и професионално. Сепак, последните две години беа најтешките што ги доживеавме, со долгорочно затворање поради Ковид, зголемени цени и режиски трошоци што го прават салонот повеќе да не е економски исплатлив“, изјави за Дејли Меил, Кларк, за чија деловна империја се вели дека вредела 60 милиони фунти пред пандемијата. "Оваа одлука не беше лесно да се донесе, со месеци истражувавме алтернативни решенија за одржување на салонот, но за жал не успеавме. Персоналот ќе биде целосно исплатен и сите наши обврски кон него исполнети. Ние сме неверојатно благодарни за посветеноста и напорната работа на секој член од нашиот тим“, додаде познатиот фризер. View this post on Instagram A post shared by Lee Radley (@lee_radley) Шишањето кај Кларк, чинела 650 фунти. Во една прилика, L’Oreal му наложил да ја обликува косата на филмската ѕвезда Изабел Роселини. „Направив три фенирања за 12.000 фунти“, се пофали тој потоа. Го започнал бизнисот со долгогодишната девојка Лесли Кларк благодарение на заемот од 20.000 фунти. Но, парот, кој има две возрасни деца, раскинал откако Ники имал афера со Сузи Бик, моделот на креаторката Вивиен Вествуд. Подоцна се оженил со модната дизајнерка Кели Симпкин, со која има две мали деца. Сепак, Лесли и Ники не раскинале и како деловни партнери останале заедно. „Срцето ми се кине поради ова. Тоа е нешто што никогаш не мислев дека ќе се случи, но пандемијата нѐ уништи. Недостиг од муштерии на Мејфер, кирии, цени, нема повеќе патувања, а имавме и многу меѓународни клиенти. Како што Мејфер повеќе не е станбена зона, не можевме да се потпреме ниту на случајните клиенти. Тоа беше заедничка одлука, навистина сум тажна“, изјавила Лесли за Дејли Меил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали „Пулс“ имал документација- продолжи судењето за трагедијата во Кочани Дали објектот имал соодветен урбанистички статус и каква документација поседувал? Уште едно рочиште за „Пулс“ помина со серија прашања на одбраната на обвинетите кон тимот вештаци кои го изработија градежното вештачење на дискотеката. Во судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на денешното рочиште отвори прашања кои се однесуваат на урбанистичкиот статус и легалноста на самиот објект. Пред вештаците беа поставени прашања за документацијата и дозволите, со кои адвокатите ја насочија својата правна стратегија. По завршувањето на рочиштето, во изјави за медиумите, родителите на загинатите изразија остри реакции. Тие ги обвинија адвокатите дека преку ваквите прашања намерно ја одолговлекуваат судската постапка и ја кочат правдата за загубените животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло време со температура до 33 степени Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 18 Крива Паланка. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 19 Попова Шапка, 24 Крушево, 27 Берово, 28 Маврови Анови, 29 Крива Паланка, Претор, Прилеп, Виница, 31 Битола, 32 Тетово, Охрид, Штип, Струмица, 33 Демир Капија, Кавадарци, 34 Скопје – Петровец, 35 Скопје – Зајчев Рид, Велес, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес претпладне беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во источните делови од државата и тоа најпрво во североисточните, па потоа и во југоисточните, имаше појава на нестабилност со појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Локално процесите беа во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер, појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Во североисточните делови дуваше северозападен ветер кој повремено надминуваше брзина од 60 km/h. Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Камен пијан“ 67- годишен жител на Кадрифаково без возачка излетал од патот Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава.На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook