Арсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграции
2Арсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграции
3 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
Шоу бизБијонсе доби восочна фигура во францускиот Музеј „Гревин“ Американската пејачка Бијонсе доби восочна фигура во францускиот Музеј „Гревин“ (Grévin) во Париз. Нејзината „двојничка“ е во природна големина, облечена во блескав фустан со длабоко деколте.Но, под видеото на официјалната страница на музејот се појавија коментари на обожаватели кои велат дека восочната фигура воопшто не личи на Бијонсе. „Дали е ова шега?“, „Дали некогаш сте виделе како изгледа Бијонсе?“, „Ова е навистина лошо“, „Таа воопшто не личи на Бијонсе“, „Која е оваа жена?“, „Сосем погрешно“, „Која е оваа, по ѓаволите!?“ - се некои од коментарите. View this post on Instagram A post shared by Grévin Paris (@grevin_paris) Инаку, и во Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, Велика Британија, исто така има восочна фигура на познатата пејачка, но и оваа статуа се соочи и со критики поради „светлата кожа“. Музејот во овој објаснуваше дека е виновно осветлувањето во културната установаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВремето утре сончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степени Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 11 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Маврови Анови, 19 Берово, Претор, Прилеп, 20 Крива Паланка, 21 Битола, Охрид, 22 Тетово, 23 Штип, 24 Виница, Демир Капија, Кавадарци, 25 Зајчев Рид, Скопје Петровец, Струмица, Велес, 26 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево со слаб до умерен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграцииФон дер Лајен ќе пристигне во Скопје утре точно напладне, по што ќе следува тет а тет средба и работен ручек со премиерот Мицкоски, а потоа ќе имаат заедничка прес конференција.. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски очекува три теми да доминираат на нејзините средби со државниот врв.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп одби да го поддржи Нетанјаху на претстојните избори Американскиот претседател Доналд Трамп се воздржа од поддршката за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нов мандат пред изборите што ќе се одржат во Израел на 27 октомври. Во интервју објавено денес, Трамп избегна директна поддршка на својот долгогодишен сојузник. Избегнување на директна поддршка Кога списанието TIME го праша дали Нетанјаху треба да добие уште еден мандат, Трамп одговори: „Сè што можам да кажам е дека повеќе не сум во политиката, освен што сме популарни...“. Кога новинарите го повторија прашањето, тој повторно избегна јасен одговор. „Не, најважно за мене е да помогнам во одбраната на Израел“, рече тој во интервјуто во понеделник. Наместо тоа, Трамп се осврна на сопствениот углед меѓу израелската јавност и тврдеше дека неговата популарност таму достигнува „околу 99 проценти“ благодарение на потезите од неговиот мандат. Коментар за изборите На прашањето дали Вашингтон може поефикасно да соработува со кандидатот на опозицијата и поранешен началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, Трамп рече дека „не слушнал ништо лошо за него“. Сепак, тој предупреди дека Нетанјаху не треба да биде отпишан прерано. „Луѓето го отпишаа Биби многу, многу пати, исто како што ме отпишаа мене многу пати“, рече Трамп, додавајќи: „Не би го потценил Биби“. Односите меѓу Трамп и Нетанјаху наводно се затегнале во последните месеци. Како причини се наведуваат војната во Иран и продолжувањето на израелските воени операции во Либан и Газа.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook