Бигорски повторно домаќин на детската светска ликовна колонија – „Мал Битолски Монмартр“ - Канал 5

Бигорски повторно домаќин на детската светска ликовна колонија – „Мал Битолски Монмартр“

Древниот Бигорски манастир, по третпат, вчера беше домаќин на еден несекојдневен културно-уметнички настан-уникатната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, што ова познато светилиште го преобрази во тивка, вдaхновена уметничка сцена.

Бигорски повторно домаќин на детската светска ликовна колонија – „Мал Битолски Монмартр“

- Под синиот покров на мајското небо, светилиштето на Свети Јован Крстител, по благослов на нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј, ги отвори широко вратите за новата генерација млади уметници, дојдени од различни делови на светот, за да го претворат манастирскиот двор во жив мозаик на боја, младешка радост и културно единство, рече за МИА, сестра Ефимија.

Оваа уметничка манифестација е организирана од претседателката на оваа меѓународна детска ликовна колонија, Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Славчо Неделковски.

- Во нашиот свет храм пристигнаа 150 ученици, професори и родители претставници од 17 земји, Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Русија и два региона од Турција – Трабзон и Кајсери. Иако оваа година беа оправдано отсутни делегациите од Кина, Јапонија, Грција и Португалија, нивниот дух беше чувствуван преку изложените дела и спомените од претходните учества, додава сестрата.

Посочува дека манастирскиот двор заживеал со стотина штафелаи, четки и платна, додека децата со својот чувствителен поглед и радосно срце ги доловуваа на платно духовната убавина и архитектонското достоинство на Светиот манастир.

-Секоја цртеж носеше печат на автентично доживување, пренесено преку бои и линии, преку личната имагинација на младите творци. Без исклучок, сите цртежи, зрачеа со сопствена убавина и оригиналност, и оставија длабок впечаток со искреноста и свежината на детскиот израз. Иако не можеа сите да бидат наградени, секое дело беше доживеано како сведоштво за креативност и љубов кон уметноста, нагласува отецот.

Победници на денот беа Ајшенур Карадениз, од Трабзон – Турција, Маркета Хејлова, од Плзен – Чешка, Мериам Арнаутска, од Софија – Бугарија и Онур Мете Јузук, од Кајсери – Турција.

Нивните дела беа оценети како највпечатливи по оригиналност, зрелост на ликовниот израз и префинето чувство за просторот и формата, со особено внимание на индивидуалниот уметнички напредок и чувствителноста кон архитектонската тематика.

Со оваа уметничка средба, Бигорскиот Манастир уште еднаш посведочи дека е не само духовно прибежиште, туку и светилник на културна размена, креативност и братска љубов меѓу народите. Колонијата „Мал Битолски Монмартр“ во Бигорски е место каде младите срца се издигнуваат кон светлина преку благословот на уметноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Honda Elevate“: Усовршен кросовер со пониска цена

Во 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда  пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“.

„Honda Elevate“: Усовршен кросовер со пониска цена

Во 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“ (да не се меша со моделот WR-V наменет за Југоисточна Азија).

Сега е време за планирано освежување на дизајнот, а купувачите во Индија се првите што ќе го добијат надградениот кросовер.

Додека претходно „Honda Elevate“ во Индија се нудеше со две опции за предната маска (со хоризонтални „ленти“ или вертикални шипки), сега е достапна само една – со голем мотив на саќе.

Почнувајќи од средното ниво на опременост, предните светла сега се украсени со три „отвори“ кои содржат LED елементи. Амблемот на брендот е преместен од маската на ладилникот на работ од хаубата. Влошките околу светлата за магла сега се во бојата на каросеријата.

Задното светло, кое се протега во една целина, сега е целосно функционално, додека претходно централниот дел не светеше. Димензиите на кросоверот наменет за индискиот пазар остануваат непроменети: должина од 4.312 мм, ширина од 1.790 мм, висина од 1.650 мм и меѓуоскино растојание од 2.650 мм.

Ентериерот е освежен со нови материјали, а контролната табла вклучува портокалово амбиентално осветлување. Во таблата со инструменти е поставен 7-инчен TFT-дисплеј.

Основната верзија на „Honda Elevate“ нема мултимедијален систем; тој станува достапен почнувајќи од второто ниво на опременост. Пониските нивоа на опременост доаѓаат со 8-инчен дисплеј во стил на таблет, додека повисоките нивоа располагаат со екран од 10,25 инчи и функција за автоматско прочистување на воздухот.

Капацитетот на багажникот изнесува 458 литри. Подобрена опрема и напредни безбедносни системи Како и претходно, списокот на опрема вклучува електричен шибер, безжично полнење на паметен телефон, автоматска климатизација и пакетот безбедносни системи Honda Sensing (адаптивен темпомат, автоматско сопирање, систем за одржување на возилото во лента и систем за следење на мртвиот агол).

Повисоките нивоа на опременост се дополнително унапредени со вентилирани кожни седишта во боја на слонова коска и подобрена камера со широк агол на гледање.

Во Индија, „Honda Elevate“ и понатаму е достапна со 1,5-литарски бензински мотор со четири цилиндри и атмосферско полнење (121 КС, 145 Nm), во комбинација со 6-степен мануелен менувач или CVT-менувач.

Вреди да се истакне дека моделите опремени со CVT-менувач сега имаат задни диск-кочници наместо барабан-кочници. Возилото доаѓа исклучиво со погон на предните тркала.

Цената на ажурираниот кросовер Honda Elevate се движи од 1.180.000 до 1.840.000 рупии – што е еквивалентно на 21.300 до 33.250 конвертибилни марки (10700 до 16 300 евра) – пренесува Auto.ba.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Една млада девојка купила стар училишен автобус и самата го претвори во стан, Никогаш претходно не користела ненаков алат, но создаде чудо.

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години.

Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем.

Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака.

Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат.

Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус.

За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби.

- Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот.

Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете.

И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот.

Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра.

На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот.

Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер