Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
2Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
КултураБиенале на наградени автори од Остен во ГевгелијаИзложба на уметниците - учесници на Светска галерија на цртеж на Остен – Биенале на наградени автори 2013 вечер ќе биде отворена во Гевгелија. На просторот на терасата на хотел „Аполонија“ ќе бидат изложени делата на 16 Остенови уметници на годината. Тоа се уметниците од Македонија: Атанас Ботев, Ниче Василев, Глигор Чемерски, Новица Трајковски, Мирјана Крстева Масети, Павле Кузмановски, Благојче Бане Наумоски и Тони Шулајковски, како и странските автори Венцеслав Антонов (Бугарија), Владимир Величковиќ (Франција/Србија), Златко Гламочак (Франција/Црна Гора), Тијана Којиќ (Србија), Каи Савелсберг (Германија), Стоимен Стоилов (Австрија/Бугарија), Јеонгмин Сух (Јужна Кореја) и Марк Фризинг (Луксембург). Воедно, на уметниците ќе им бидат врачени наградите предвидени од организаторот: Гран При и Посебно Гран При награда за легат, пет награди Златен остен, три први награди и три посебни награди. Постановката Светска галерија на цртеж - Биенале на наградени автори 2013 по Гевгелија ќе биде презентирана и во Скопје. По изложбата треба да се одржи и првото Годишно собрание на амбасадорите на ОСТЕН-интернационални интелектуалци, уметници и љубители на уметноста, кои се пријатели и поддржувачи на ОСТЕН. Главната цел на собирот, според организаторите, е да се формира советодавно тело кое ќе обезбедува најдобри решенија за понатамошниот развој на ОСТЕН, истовремено залагајќи се за вистинските вредности во уметноста општо, а особено на уметнота на хартија. Светската галерија на цртеж е содржина во рамките на ОСТЕН – уметност на хартија, и е концепт-манифестација која се состои од две меѓусебно поврзани биенални манифестации. Првата е Биенале на цртеж, а втората Биенале на наградени автори. Биеналето на наградени автори се состои од Програма за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН со натпреварувачки карактер. Централен настан е прогласувањето на ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ на годината, изложба на делата продуцирани во рамките на Програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН и објавување на наградите. На ова Биенале учествуваат наградени уметници од Биеналето на цртеж, а наградите се дефинираат со воспоставен систем на гласање на Амбасадорите на ОСТЕН. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција размислува за создавање стратешки резерви на жито Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози. Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност. Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни. „Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.Тагови: жито Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. „Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски. Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација. Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија. „Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски. Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПретседателот на Парагвај е уапсен и отстранет од функцијата поради финансиска кризаСантијаго Пења, претседателот на Парагвај, беше отстранет од функцијата и уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди.Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката Уено и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку часа откако властите издадоа налози за апсење за него и поранешниот претседател на Централната банка, Карлос Карваљо, под обвинение за злоупотреба на нивните позиции. Потпретседателот на Пења, Педро Алијана, положи заклетва како привремен претседател додека Парагвај не одржи избори во 2028 година. Зборувајќи пред пратениците во петокот вечерта откако го облече претседателскиот појас, Алијана вети дека ќе биде „цврст“ кон оние кои „се обидуваат да им ја одземат иднината“ на Парагвајците. Имплозијата на Уено би можела да го поткопа угледот на Парагвај како економски исклучок во регион оптоварен со долгови, висока инфлација и бавен раст.Тагови: Парагвај претседателот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter