Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
1Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
3Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра
1Сузуки го претстави најмалиот електричен автомобил во Европа, цената ќе биде под 20.000 евра (ВИДЕО)
ЖивотБездомничка станала милијардерка за 2 годиниForbes ја објави приказната за бездомничката која за само неколку години стана милијардерка. Дени Џонсон била дете на наркомани, физички и сексуално злоставувана, зависна од кокаин. Кога наполнила 17 години Џонсон останала бремена, а 4 години подоцна живеела на Хаваите во автомобил, за живот заработувала како келнерка. На Бадник 1990 нејзиниот живот се променил ------------------------------------------------------------------------------------------------ Приказната што ја откри магазинот Forbes е навистина неверојатна. Тоа утро Дени била очајна за кокаин. Ќе сторела се да дојде до малку дрога. Влегла во морето и решила да се удави. - Тогаш слушнав глас: земи ја простирката и оди! Потребата за кокаин исчезна, не ми требаше веќе. Возев 45 минути. Левата страна на мозокот ми велеше – ова не е твојот живот, не пиј ... десната пак велеше – ти си лузер, полоша си од родителите! Беше војна во мојата глава и јас бев како во транс. Не знам зошто решив да го послушам првиот глас – се сеќава Џонсон. Како бездомничката покренала милионски бизнис ------------------------------------------------------------------------------------------------ Следното утро се разбудила во својот автомобил и погледот и паднал на програма за слабеење. Се јавила кај произведувачот да праша како може да биде негов застапник, и одговориле дека и треба дозвола и пари. Немала. Но, таа на своја рака напишала огласи за продажба на програмата за слабеење, и ги закачила на повеќе места во градот. За три часа добила 25 пораки и нарачки вредни 4 000 долари. Работата тргнала. По само една година заработила милион долари продавајќи ја програмата за слабеење, втората година заработила уште повеќе и отворила 18 центри за слабеење, а потоа го продала бизнисот и станала мултимилионерка! Од 1996 година Џинсон е мотивациски говорник и автор на повеќе книги – како да се добие она што се сака. Има сопруг, 5 деца и 4 внуци! /www.kanal5.com.mk Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСузуки го претстави најмалиот електричен автомобил во Европа, цената ќе биде под 20.000 евра (ВИДЕО)Suzuki го враќа моделот Ignis на европскиот пазар, овој пат како целосно електричен автомобил. Четвртата генерација, која ќе пристигне во 2027 година, ќе биде за 3,57 метри пократка од својот претходник, но исто така и помала од конкурентите како што е Dacia Spring, и ќе стане најмалиот електричен четирисед достапен во Германија. Продажбата на Ignis на европските пазари беше прекината во 2024 година поради построгите стандарди за емисија на CO₂, но моделот беше понуден во Индија и на некои други пазари до пролетта оваа година. Димензии и инспирација од Јапонија Со должина од 3,57 метри, новиот Ignis ќе биде за 13 сантиметри пократок од моделот што го замени и речиси 30 сантиметри пократок од новиот Dacia Spring. И покрај ова, Сузуки тврди дека ќе понуди целосно опремен четирисед. Дизајнот ги задржува елементите на кросовер како што се необоените лакови на тркалата, а капакот на приклучокот за полнење се спушта до пластичниот раб. Иако е исклучително компактен, Ignis е сè уште преголем за официјално да биде класифициран во јапонската категорија „Kei-car“. Законските ограничувања за овие возила се максимална должина од 3,40 метри и ширина од 1,48 метри. Но, инспирацијата е очигледна и доаѓа од производител кој е експерт во тој сегмент. Само во 2025 година, Suzuki продаде повеќе од 500.000 модели на Kei-car, а неодамна претставениот Suzuki e Sky беше прогласен за Автомобил на годината во Јапонија. Фокус на просторност и видливост Suzuki не експериментираше со дизајнот, туку даде приоритет на користењето на просторот и добрата видливост. Компанијата истакнува дека клучот бил Ignis да остане како автомобил за четири лица. Внатрешноста е организирана едноставно, со дигитални инструменти и централен екран на допир кои визуелно се комбинираат во една единица. Новиот Ignis ќе биде вториот глобален електричен автомобил на Suzuki, по неодамна лансираниот e Vitara. Техничката основа е платформа наречена „Heartect-e“, развиена со цел да се комбинира компактна каросерија со висока енергетска ефикасност, лесно ракување и пространа кабина. Спецификации и очекувана цена Според достапните податоци, Ignis ќе биде напојуван од новоразвиен електричен мотор со моќност од 91 КС и 133 Nm вртежен момент. Моторот заедно со редукторот е интегриран во таканаречената оска „eAxle“. Батеријата има капацитет од 26 kWh, но Suzuki сè уште не ги објавил официјалните бројки за досегот со едно полнење. Цената е исто така непозната. За да биде конкурентен со модели како Dacia Spring, чија цена започнува од 17.900 евра, или Leapmotor T03 со цена од 18.900 евра, Ignis би морал да се позиционира во сличен ценовен опсег. За споредба, Suzuki во Јапонија го нуди сродниот модел e Sky по цена што одговара на околу 12.000 евра.Тагови: електричен автомобил сузуки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднинаНа телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија.На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија, нагласувајќи дека Владата спроведува политики и иницијативи со кои младите се ставаат во фокусот и добиваат можности за подобра иднина во сопствената држава. „Кога ја коментираме политичката состојба во Македонија клучниот збор којшто треба да го издвоиме е промени, гледаме промени во коишто пред се младиот човек не се чувствува како гостин во својата држава туку како нејзин домаќин, гледаме дека секојдневно се работат иницијативи во коишто младите се во фокусот но и другите политики коишто се спроведени, а младите имаат бенефит од истите, промените се тоа што е клучно и што ја отсликува политичката состојба во Македонија. Исто така мора да потенцираме дека политичката состојбата во оваа држава моментално е многу стабилна, имаме стабилно владино мнозинство, имаме стабилна Влада којашто програмата со којашто има излезено пред граѓаните во 2024 година ја исполнува во добар тек. Промените се случуваат, дефинитивно имаме една структура којашто работи во насока на тоа Македонија како екосистем ја направи место каде што младите ќе имаат шанса за одржлив развој и фер шанса за достоинствен живот“, рече Конески. Конески посочи и конкретни иницијативи насочени кон подобрување на студентскиот стандард, потенцирајќи дека од 13 студентски иницијативи биле прифатени 10, како и дека се разгледува нов модел за студентски оброк. „Резултатите од Реформската агенда покажуваат дека сме први со најмногу алоцирани пари од Европската Унија согласно реформските процеси, од 13 студентски иницијативи 10 се прифатени односно студентите и барањата на студентите, понудивме нов модел за студентскиот оброк којшто рековме дека прво ќе го презентираме на студентите откако ќе се произнесат ќе видиме дали истиот ќе биде прифатен или нема, премиерот понуди две нови решенија коишто директно би помогнале при решавање на проблемот со домување, директно ќе се постапи кон решавање на истиот“, дециден е Конески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СкијањеОлимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата Актуелната двократна олимписка шампионка во велеслалом и супер-Џи, Федерика Брињоне, денес објави дека ја завршила својата натпреварувачка кариера поради повреда.- По два дена на снегот, сфатив дека ногата не ми се опоравила и дека премногу ме боли. Поради оваа причина, решив да ја завршам мојата натпреварувачка кариера. Ова беше тешка одлука, и покрај сè што направив за да се вратам, сериозноста на повредата не ми дозволува. Би сакала да учествувам само во уште една, последна трка, ќе ве известам кога - рече Брињоне на Инстаграм. Италијанската скијачка се врати на патеките во вторник за прв пат по операцијата во август, кога ѝ беа вметнати плочи и завртки во левото колено по повеќекратни фрактури на ногата и скинати предни вкрстени лигаменти. Брињоне беше двократна светска шампионка во 2023 и 2025 година, а има сребро и бронза од Зимските олимписки игри во 2022 година и бронза од 2018 година.Тагови: Федерика Брињоне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter