Без прволигашки фудбал викендов во Грција поради навивачките инциденти - Канал 5

Без прволигашки фудбал викендов во Грција поради навивачките инциденти

Натпреварите од Првата грчка фудбалска лига овој викенд се одложени по зачестените физички напади врз судиите, како и најновите немири кои хулигани ги предизвикаа на спортски настан при што еден повреден полицаец е во кома.

Без прволигашки фудбал викендов во Грција поради навивачките инциденти

Одлуката на раководството на грчката фудбалска лига доаѓа по најавите на Судиската организација дека арбитрите нема да се појават на теренот овој викенд, и само неколку часови, откако полицијата проведе повеќе од 400 хулигани поради инцидентите на одбојкарски натпревар.

Грчките хулигани за предизвикување инциденти често бираат натпревари во помали спортови на кои има помал број полицајци.

-Сторители на овие страшни злосторства немаат врска со спортот. Тие се обични криминалци, кои понекогаш одземаат и човечки животи, рече портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис.

Најновите судири се случија на одбојкарскиот натпревар меѓу атинските клубови Олимпијакос и Панатинаикос, чии навивачи се лути градски ривали. Десетици навивачи ги нападнаа силите на редот, а еден повреден полицаец се бори за својот живот и е во кома. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија има Трибрид мотори: Дали знаете што значи тоа?

Дачија претстави погонски систем наречен Трибрид – а името не е случајно избрано.

Дачија има Трибрид мотори: Дали знаете што значи тоа?

Поимот Трибрид се однесува на комбинација што интегрира бензински мотор, можност за користење ТНГ (LPG) и хибридна технологија – всушност, три начини на искористување на енергијата во едно возило.

Засега, новиот систем е достапен кај моделите Duster и Bigster, конкретно во верзиите со погон на сите тркала. Системот испорачува вкупна моќност од 150 КС, користејќи 48-волтен „благ“ хибриден систем за електрификација.

Погонот се заснова на 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор, додека електромоторот – сместен на задната оска – генерира до 31 КС. Оваа конфигурација му овозможува на електромоторот истовремено да ги подобри вкупните перформанси и да обезбеди погон на сите тркала, пренесува RevijaHAK.

Со моќноста управува шестстепен автоматски менувач, а возилото достигнува максимална брзина од 180 км/ч. На тој начин, Дачија комбинира неколку технологии што ретко се гледаат заедно: ТНГ, помош од „благ“ хибриден систем и електричен погон на задната оска.

Цената е особено интересна. Почетниот модел „Dacia Bigster Tribrid 150 4x4“ чини 29.200 евра, што го прави релативно достапна опција за купувачите на кои им се важни погонот на сите тркала и можноста за користење ТНГ. Засега, Трибрид е достапен кај ограничен број модели, но концептот покажува како Дачија се обидува да комбинира различни технологии без да навлезе во ценовниот опсег на целосно електрифицираните и поскапи SUV модели.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“

„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.

„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“

Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), денеска изјави дека чувствува желба кај Соединетите Американски Држави (САД) и Иран да се вратат на преговарачката маса, додавајќи дека е подготвен да помогне во тој процес.

Во интервју за „РИА Новости“, тој оцени дека продолжувањето на преговорите е од суштинско значење и треба да се случи што е можно поскоро.

„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.

САД и Иран моментално одржуваат индиректен контакт преку катарско посредување.

Како што претходно објави „Ројтерс“, посредниците одржуваат одвоени консултации со американската и иранската страна, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и претставниците на Катар остануваат во САД.

Една од главните теми на консултациите беше изменета верзија на седумдневниот план за отворање на Ормускиот Теснец, предложен од Техеран.

Иранската нуклеарна програма, исто така, останува клучно прашање во однос на потенцијалното продолжување на дијалогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата.

Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер