Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски со Петрова Чамова – како понатаму? - Канал 5

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски со Петрова Чамова – како понатаму?

Очекувано, без поместување на позициите заврши првата официјална средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата нова бугарска колешка Петрова Чамова... 

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски со Петрова Чамова – како понатаму?

Дали Македонија или Бугарија треба да го направи првиот чекор и да иницира повеќе средби за повторно да се отвори темата на добрососедство после вчерашната средба на шефовите на македонската и бугарската дипломатија на маргините на НАТО состанокот во Шведска? Според поранешниот македонски амбасадор во Бугарија – Марјан Ѓорчев, Македонија како што вели, треба да го сврти другиот образ за да докаже пред Брисел дека имаме сериозни намери да работиме со соседот за деблокада на нашата стратешка цел – евроинтеграциите.

„Добро е да се гледаме, јас очекувам во блиска иднина цел тим од МНР со правни експерти, со повеќе дипломати кои работеле во ЕУ, НАТО и во нашите амбасади во Вашингтон, Брисел, ОБСЕ, Виена да отиде во Софија или тие да дојдат тука и да отпочнат разговор како да го градиме добрососедството.„

-Новинар: На чија иницијатива треба да дојде таква средба?

„Јас би рекол на наша, затоа што ние го имаме проблемот ние сакаме да докажеме дека имаме намера да бидеме добри соседи, да градиме пријателство со Бугарија. “

Според Ѓорчев, Брисел позитивно ќе ја оцени, како што вели „нашата добрина„ во дипломатските односи. Средбата Муцунски – Петрова Чамова пробуди интерес и кај европските познавачи на билатералниот спор. Поранешниот министер за Европа во германското МНР во Владата на Ангела Меркел – Михаел Рот, коментирајќи ја објавата дека Петрова Чамова категорично се спротиставува на секој обид на Македонија да преговара или преиспитува обврски од Европскиот консензус, Рот и порача на новата бугарска влада – „да се засрами.„

„Глупавата опструкција на патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорно и мора да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се засрами.“

Како што соопштија од македонското МНР, министерот Муцунски вчера пред колешката Петрова Чамова ја нагласил потребата од изнаоѓање на достоинствено решение за отворениот билатерален проблем во духот на добрососедството и со почитување на европските вредности а го отворил и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија. Додека, пак, Петрова Чамова на средбата ја повторила добропознатата бугарска позиција кон земјава - целосно исполнување на преземените обврски од францускиот предлог, соопшти бугарското МНР.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавена просечната плата во Црна Гора

Просечната плата без даноци и придонеси, или нето плата, во Црна Гора во мај 2026 година изнесувала 1.033 евра, додека просечната бруто плата била 1.234 евра, објави Заводот за статистика на Црна Гора Монстат.

Објавена просечната плата во Црна Гора

Според податоците, просечната нето плата во мај се зголемила за 0,4 проценти во споредба со април 2026 година. Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната нето плата забележала зголемување од 1,9 проценти.

Со оглед на тоа што потрошувачките цени во мај 2026 година се зголемиле за 0,4 проценти во споредба со април, произлегува дека реалните плати останале на исто ниво.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот електричен мотоцикл на „Honda“ пристигнува во Европа

Електричниот мотоцикл „Honda WN7“ пристигна на европските пазари во јуни 2026 година, придружувајќи се на електричните скутери „EM1 e:“ и „CUV e:“.

Првиот електричен мотоцикл на „Honda“ пристигнува во Европа

За разлика од скутерите кои користат систем на заменливи батерии, „WN7“ е првиот електричен мотоцикл на „Honda“ со фиксна батерија, поставена ниско и централно за оптимален центар на гравитација и подобри карактеристики на возењето.

Иако целосно го елиминира традиционалниот погонски склоп, „WN7“ го задржува фокусот на „Honda“ на динамиката на возењето. Отсуството на бучава и вибрации е искористено како можност за полинеарен одговор на гасот и подобра врска помеѓу возачот и околината, вели јапонската компанија.

Инженерските предизвици како што се пакувањето на батериите, термичкото управување и распределбата на тежината се адресирани холистички, што директно ја одразува стратегијата на автомобилскиот сектор каде што положбата на батеријата е клучна за управувањето.

Моделот „WN7“, исто така, носи висока практичност бидејќи ги усвојува стандардите за полнење во автомобилите, поддржувајќи брзо полнење „AC“ тип 2 и „CCS2“, што овозможува користење на постојната јавна мрежа за полнење. Покрај тоа, испораката на вртежниот момент е прилагодена низ четири режими на возење, со интегрирано регенеративно сопирање.

Оваа иновација е дел од поширокиот план на компанијата за постигнување целосна јаглеродна неутралност до 2050 година. Во текот на следната деценија, хибридните системи и целосно електричните возила ќе коегзистираат во гамата на „Honda“, нудејќи им на клиентите преодни решенија кои беспрекорно се интегрираат во секојдневниот живот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер