Без бадникова литија престојните божикни празници во Охрид - Канал 5

Без бадникова литија престојните божикни празници во Охрид

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. 

Без бадникова литија престојните божикни празници во Охрид

Поради епидемијата на коронаворусот во Охрид како и во останатите градови нема да се одржат традиционалните детски бадникови литии на кои децата го навестуваа големиот празник на Христовото раѓање.

Наместо поворките, од Здружението за православни вредности „Бадникови поворки" повикуваат утре точно на пладне верниците да се помолат за подобра година за сите.

Православните верници со голема почит ги одбележуваат овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот таа вечер не се оди на гости, а се приготвува богата, посна трпеза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан Огненовиќ

Вчера Канал 5 објави сторија за насилството врз гинекологот од поликлиниката „Букурешт“, Дејан Огненовиќ. Денеска ОЈО отвори истрага. 

Обвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан Огненовиќ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата, се наведува во соопштението на ОЈО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте до Европејците: Чекате Америка да ви го среди сопствениот двор

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги критикуваше европските земји поради тоа што премногу се потпираат на САД за решавање на безбедносните прашања во нивното непосредно соседство.

Руте до Европејците: Чекате Америка да ви го среди сопствениот двор

Говорејќи на панел во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Руте го постави прашањето зошто е потребна американска помош за неутрализирање на нуклеарната програма на Иран.

„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД во врска со Хутите во Црвеното Море? Затоа што на Европејците очигледно им недостига капацитет сами да се справат со тоа. А ова е соседството на Европа, а не на Америка“, изјави Руте. Тој смета дека НАТО мора да еволуира за Европејците да можат самостојно да ја гарантираат сопствената безбедност. „Ви недостига капацитет; чекате САД да ви го средат дворот“, рече тој.

Споделување на товарот во рамките на Алијансата

Изјавата на Руте доаѓа по тековните дискусии во рамките на Северноатлантската алијанса за споделување на воениот товар и потребата европските членки да преземат поголема одговорност за стабилноста во сопствениот регион.

Американскиот претседател Доналд Трамп со години ги критикуваше европските сојузници поради недоволните трошоци за одбрана. Сепак, во својот говор на Генералното собрание на ОН вчера, тој го пофали напредокот на сојузниците и истакна дека тие ги зголемуваат издвојувањата во воените буџети.

„НАТО постигнува работи за кои никој не веруваше дека се можни, вклучително и зголемување на целта за трошоци од два на пет проценти од БДП. Тоа ќе им обезбеди значително поголема заштита“, рече Трамп.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Истрага за насилство врз лекар

​Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ОЈО: Истрага за насилство врз лекар

Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер