Бесими: Интересот за еврообврзницата 2,3 пати поголем

Република Македонија вчера ја издаде осмата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра.

Со вчерашната аукција Република Македонијa покажа дека за инвеститорите е многу попривлечна од многу економии во регионот, како и дека имаат доверба во политиките кои се спроведуваат, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими денека на прес-конференција за вчера издадената еврообрзница.

Република Македонија вчера ја издаде осмата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра. Со неа ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница од 2014 година во износ од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа аукција изнесува 200 милиони евра и остатокот од средствата ќе се наменат за финансирање на буџетскиот дефицит. Примарно овие средства ќе се насочат кон економските и здравствените мерки за справување со ковид-кризата.

Министерот потенцира дека на верашната аукција, имало за 2,3 пати поголема побарувачка од страна на меѓународните инвеститори, односно ако понудата за осмата еврообврзница беше 700 милиони евра, побарувачката била 1,6 милијарди евра од страна на над 130 меѓународни инвеститори.

-Ако направиме споредба со други економии од регионот и пошироко кои издадоа еврообврзници во последните неколку месеци, нашата економија ужива поголема доверба кај инвеститорите, односно пониска каматна стапка од голем број од нив. Така на пример, минатата недела Хрватска издаде две еврообврзници од по милијарда евра, од кои едната со каматна стапка од 1,75 отсто додека другата од 1,125 отсто. Понатаму минатата недела и Србија излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница од милијарда евра и постигна каматна стапка од 1,65 отсто. Еврообврзниците кои ги издаде Турција кон средината на јануари годинава, од по 1,75 милијарди евра, беа со каматни стапки од 4,75 отсто и 5,875 отсто. Во декември минатата година Украина издаде еврообврзница од 600 милиони евра со камата од 7,253 отсто. Црна Гора на почетокот на декември минатата година издаде еврообврзница во износ од 750 милиони евра со камата од 7,253 отсто, посочи Бесими.

Дополни дека Романија кон крајот на ноември издаде две еврообврзници во износ од милијарда и пол евра со каматна стапка од 2,625 и од милијарда евра со каматна стапка од 1,375 отсто, Турција, исто така, ноември минатата година издаде еврообврзница во износ од 2,3 милијарди евра со каматна стапка од 5,95 отсто и Србија од 2 милијарди евра со каматна стапка од 2,125 отсто.

Според министерот, каматната стапка што се постигна на вчерашната аукција е убедливо најниска споредено со претходно издадените еврообврзници. Таа изнесува 1,625 отсто, или за 1,125 процентни поени помалку од еврообврзницата од 2018 година која досега имаше најниска каматна стапка од сите наши обврзници. Во однос на еврообврзницата издадена во 2009 година, која е со најголема каматна стапка од сите наши еврообврзници, оваа еврообврзница, рече министерот, има камата пониска за 8,25 процентни поени.

-Она што е особено охрабрувачки од аспект на меѓународниот пазар на капитал е дека за само девет месеци има значително подобрување на перспективите на нашата економија и нејзиниот потенцијал кај меѓународните инвестори. Така, каматната стапка на седмата еврообврзница, која беше издадена на почетокот на корона-кризата во јуни 2020 година, изнесуваше 3,625 отсто. Сега каматната стапка е 1,625 отсто, или за 2,05 процентни поени помалку. Во овој период се донесоа и почнаа да се спроведуваат третиот, четвртиот и петиот пакет антикризни мерки, кои заедно со другите политики, влеваат сигурност за нашата економија кај инвеститорите. Оттаму, цената на капиталот кој ни го позајмуваат е по исклучително пониска каматна стапка, која е приближно иста цена со домашните државни хартии од вредност со слична рочност, рече Бесими.

Појасни дека намената на осмата еврообврзица е во најголем дел за враќање на стари – поскапи долгови и за обезбедување средства за развој на економијата и справување со кризата

Сумата на осмата издадена еврообврзница е 700 милиони евра, но нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра. Со средствата од оваа еврообврзница ќе се рефнансира еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од 500 милиони евра. Еврообврзницата од 2014 година е издадена со каматна стапка од 3,975 отсто со рочност од 7 години, или за 2,35 процентни поени повисоко во однос на еврообврзницата издадена сега. Тоа значи дека по основ на камата ќе се заштедат скоро 82,25 милиони евра, рече министерот.

Според Бесими, погрешни се гласините дека се прави ново нето-задолжување од 700 милиони евра.

-Кога се носеше буџетот за 2021 година, беше посочено дека покрај буџетскиот дефицит од 568,1 милиони евра, кој се должи главно на потребите поврзани со ковид-кризата, треба да се отплати надворешен долг во вкупен износ од 605,6 милиони евра – во кој влегува и еврообврзницата од 2014 година и отплата на домашен долг од 99,5 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност и структурни обврзници. Остатокот од средствата ќе се обезбедат преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот пазар, поволни развојни кредити од меѓународни организации и користење депозити кои ги оставивме како резерви (бафери) во 2020 година, рече министерот.

Тој наведе дека заедно со преземните обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министертсвото за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2 отсто, додека јавниот 63,4 отсто.

-Со предвидените мерки за фискална консолидација на среден рок, преку подобрување на наплатата на приходите, реструктуирање на расходите и нови извори на финансирање на буџетскиот дефицит, се очекува јавниот долг да се стабилизира под Мастришкиот критериум, односно во 2025 година тој да изнесува 58,8 отсто од БДП, додека државниот долг 51 отсто, рече Бесими.

Соопшти дека наплатата на приходите во буџетот во февруари се враќа на ниво од предкризниот период, се очекува постепено стабилизирање и ревитализација на економијата .

-Приходите во буџетот од почетокот на годинава заклучно февруари се на скоро исто ниво како и минатата година, односно пред почетокот на ковид-кризата. Наплатата на даноците изнесува 17,8 милијарди денари и е на исто ниво како лани, додека наплатата на придонесите е 10,4 милијарди денари и е за 1,7 отсто повисоко во однос на лани. Реализацијата на расходите е согласно планираната динамика, исто како и реализацијата на буџетскиот дефицит. Во февруари, конкретно имаме раст на наплата на даноците за 3,5 отсто во однос на лани, кај данокот на добивка имаме подобра наплата за 27,7 отсто во однос на истиот месец лани, а кај ДДВ имаме раст од 9,7 отсто. Кај придонесите имаме 4,3 отсто раст во однос на истиот месец лани, потенцира Бесими.

Тој додаде дека државната статистика неделава ја објави проценката на реалниот БДП во 2020 година. и дека со позитивното влијание на извозот во последниот квартал од 2020 година, вкупниот економски резултат за минатата година е -4,5 отсто или многу блиску до проекцијата на Министерството за финансии која беше -4,4% отсто. Годинава, според министерот, очекувањата се дека економијата ќе се стабилизира и ќе се врати на патот на економски раст и развој. На тоа, рече, впрочем укажува и довербата која странските инвеститори ја изразија за нашата економија.

-Ние ќе продолжиме да ја користиме фискалната политика како катализатор на заздравувањето на нашата економија. Имаме добри сигнали и основа да очекуваме реализација на нашите проекции за раст од 4,1 отсто годинава, а потоа ќе дејствуваме во насока на негово забрзување и одржливост, истакна министерот за финасии Фатмир Бесими.

Граѓаните на Дубаи пријавуваат непозната болест, ја поврзуваат со неодамнешните поплави

Луѓето во Дубаи и остатокот од Обединетите Арапски Емирати пријавиле дека се разболеле од водата за пиење по големите и тешки поплави што го погодија регионот.

Земјата беше погодена од врнежи што не биле видени долго време, а за само 12 часа наврна дожд колку за една година.

Поплавите буквално го запреа животот во пустинската земја и предизвикаа хаос на аеродромот во Дубаи, најпрометниот меѓународен воздушен центар во светот. Временските услови предизвикаа Emirates да ги откажат летовите за 200.000 патници и да одложат многу повеќе.

До минатиот вторник, Обединетите Арапски Емирати имале нешто повеќе од 142 милиметри дожд на метар квадратен, додека просечните врнежи се околу 86 мм дожд. На повеќе локации забележани се речиси 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Државната новинска агенција ВАМ го нарече дождот „историски временски настан“ што го надмина „се што е документирано од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“.

Сега луѓето во Обединетите Арапски Емирати почнаа да покажуваат симптоми поврзани со наводно загадената вода, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението, кое го пренесе државната новинска агенција, не се прецизира точно колку луѓе се болни или од што точно се лекуваат.

Имало „многу ограничен број случаи кои покажаа одредени симптоми на влијание на загадена вода“ и тие се на болничко лекување, велат од Министерството, но не прецизираат што ја предизвикало загаденоста на водата.

Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го премина Арапскиот полуостров и го премина Оманскиот залив. Истиот циклон донесе и смртоносни поплави во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 луѓе.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. Сепак, дождовите беа најсилни низ ОАЕ. Се шпекулира дека „сеење на облаци“ ги предизвикало поплавите.

Пропалестински протести низ САД, во Берлин и во Париз- уапсени се стотици студенти (ВИДЕО)

Најмалку 40 пропалестински протестни кампови се појавија во кампусите низ САД, по примерот на оној што се појави на Универзитетот Колумбија претходно овој месец.

Студентски протести избувнаа и во главниот град на Германија, каде денеска полицијата почна да го отстранува пропалестинскиот камп поставен од активисти пред парламентот, пренесе Индекс.

Демонстрантите во Германија бараат од владата да го прекине извозот на оружје за Израел и да го запре, како што ја нарекуваат криминализацијата на палестинското движење за солидарност, додека во САД студентите бараат прекин на огнот во Газа и прекин на соработката меѓу универзитетите и компаниите поврзани со Израел.

Повеќето собири во САД се мирни, но стотици студенти и други демонстранти се уапсени. Имаше и жестоки судири со полицијата.

Најмалку 100 студенти беа уапсени вечерва, главно на колеџот Емерсон во Бостон, додека дваесетина студенти беа приведени на Државниот универзитет во Охајо. Снимките од Колумбус, Охајо покажуваат судири меѓу полицајци и демонстранти кои се собраа во кампусот од минатата ноќ.

Полицијата им нареди на демонстрантите да си заминат, а оние кои одбија да заминат беа уапсени и обвинети за неовластено преминување, изјави портпаролот на универзитетот Бенџамин Џонсон, повикувајќи се на правила кои забрануваат ноќни настани.

Групата „Студенти за правда во Палестина“ на Државниот универзитет во Охајо ги предупреди демонстрантите на ризикот од апсење на вчерашниот протест, на кој се собраа стотици студенти. Студентскиот весник Лантерн објави дека во текот на ноќта биле уапсени околу 30 демонстранти.

„Срам да ви е ОСУ, нема да нѐ замолчите“, порача пратеникот Мунира Јасин Абдулахи во објава на Инстаграм.

Полицајци со штитови синоќа околу 22 часот се приближиле до група од околу 250 демонстранти. Студентите формираа заштитен круг околу кампот пред полицијата да уапси 30 демонстранти, според Лантерн. Толпата продолжи да вее знамиња и да скандира „нека се молат“.

Во вторникот двајца студенти на овој универзитет беа уапсени на одделен протест во кампусот. Еден од уапсените демонстранти не бил поврзан со универзитетот, според Columbus Dispatch.

Во меѓувреме, полицијата насилно расчистила шаторски камп во колеџот Емерсон во Бостон, а полицајците уапсиле 108 лица, според студентскиот весник Беркли Бикон. На видеата се гледа како полицијата ги тепа демонстрантите и ги соборува студентите на земја.

Бројот на протестни кампови во кампусите порасна на повеќе од 40, објави утринава NBC.

Демонстрантите се уапсени поради нарушување на мирот, пишува Беркли Бикон, а засега не е потврдено колку студенти има меѓу 108-те уапсени.

Охајо и Емерсон се само неколку од колеџските кампуси со апсења среде бранот пропалестински протести, по примерот на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што демонстрантите почнаа да поставуваат камп среде кампусот минатата недела.

Кампови во знак на солидарност со Колумбија, каде што се појави првиот протестен камп, се појавија на Универзитетот Емори во Џорџија, Северозападниот универзитет во Илиноис, Универзитетот Корнел во Њујорк, Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, Универзитетот Принстон во Њу Џерси, Сити колеџот во Њујорк и Универзитетот Харвард во Масачусетс.

Студентите на Универзитетот Емори и колеџот Морхаус во Џорџија, исто така, организираа протести, а во средата имаше насилни судири и апсења на Универзитетот во Јужна Калифорнија и на Универзитетот во Тексас во Остин.

Берлинската полиција денеска ги демолираше шаторите пред парламентот, насилно ги отстрани демонстрантите и ја блокираше околината за да го спречи доаѓањето на другите демонстранти.

Берлинскиот логор „Besetzung Gegen Besatzung“ („Окупација против окупацијата“) беше отворен на 8 април, кога започнаа рочиштата за случајот на Никарагва, кој ја обвини Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за „олеснување на геноцидот“ на Палестинците со воена и политичка поддршка на Израел.

„Идејата беше да се привлече вниманието на германското учество и активното олеснување на израелскиот геноцид во Газа“, рече организаторот на кампот Јара Насар.

Полицијата соопшти дека одлуката за забрана на кампот, кој доби дозвола на почетокот на протестот, е донесена поради повеќекратни прекршувања од страна на поединечни демонстранти, вклучително и употреба на неуставни симболи и забранети пароли.

„Заштитата на собирот не може да се гарантира во овој момент бидејќи јавниот ред и мир се значително загрозени“, рече портпаролката на полицијата Ања Диершкесаид, додавајќи дека шаторите морале да бидат отстранети поради локалните правила за одржување на тревникот.

„За германската влада тревата е поважна од животите на повеќе од 40.000 невини луѓе во Газа, кои беа убиени од израелската армија“, рече еден од демонстрантите.

Студентите го блокираа пристапот до престижниот париски институт за политички студии (Sciences Po) поради војната во Газа. Тие бараат Универзитетот да ги осуди постапките на Израел.

Извикувајќи ја својата поддршка за Палестинците, студентите денеска закачија палестински знамиња од прозорците и над влезот на зградата.

„Се надеваме дека протестите ќе се прошират на сите универзитети и пошироко... Нема да попуштиме додека не заврши геноцидот во Газа“, рече тој.

Во средата вечерта полицијата ја отстрани првата група студенти кои го блокираа Sciences Po, пренесоа француските медиуми.

На Боинг со 176 патници среде лет му отпаднал дел- морал принудно да слета

Авион на „Делта ерлајнс“ кој што утринава полетал од аеродромот Џон Кенеди (ЏФК) во Њујорк морал да сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи.

„Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации“, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале удар. Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пренесува ABC7 New York.

„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент тобоганот за итни случаи се оттргнал“, рече портпаролот на Делта. За време на инцидентот во Боингот 767 имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.

Патниците биле префрлени во друг авион и нивниот авион полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот на кој му паднал тобоганот за итан евакуација е стар 33 години и нема да биде во служба додека Делта не ја процени неговата состојба. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.

притисни ентер