Бешикташ ги демантира Италијаните дека нивниот фудбалер Љајиќ има коронавирус

Италјанските медиуми објавија дека Адем Љајиќ има коронавирус.

Српскиот репрезентативец и поранешен играч на Интер ќе го пропушти натпреварот од 23-то коло на Турскиот шампионат против Трабзонспор, а Италијанците објавија дека тој е во карантин и е заразен со опасниот вирус.

Србинот брзо одговори и ги негираше вестите.

„Не, немам коронавирус. Тоа се лажни вести“, рече тој.

Бешикташ исто така демантираше.

"Нашиот фудбалер Адем Љајиќ има инфекција на крајниците и треска, како што е утврдено со прегледите во болницата. Тој се опоравува и моментално е стабилен. Ве молиме да не наседнивате на лагите  на социјалните мрежи и  тврдењата дека Адем Љаиќ има коронавирус." , напиша клубот во официјалното соопштение.

Бешикташ против Трабзон игра денеска во 18 часот.

притисни ентер