Беше најпосакуваниот маж, заработи богатство, а последните денови ги поминал во страшна тортура - Канал 5

Беше најпосакуваниот маж, заработи богатство, а последните денови ги поминал во страшна тортура

Последните денови ги поминал во страшна тортура: „Жената го тепаше и го оставаше во урина“

Беше најпосакуваниот маж, заработи богатство, а последните денови ги поминал во страшна тортура

Познатиот актер Патрик Свејзи почина во 2009 година поради рак на панкреасот. Имаше 57 години и, се чини,љубовта на целиот свет. Непосредно пред смртта зборуваше за својата борба.

„Никогаш не сум бил човек кој подлегнува пред предизвиците. Сигурно е дека минувам низ пекол, а уште поизвесно е дека ова е само почеток“ - рече тој во едно интервју.

Тој тогаш изјави дека, нормално, се плаши од болеста и се прашува зошто му се случува ова. Тој рече дека првите симптоми ги почувствувал во 2007 година, за време на новогодишната прослава. Бил со неговата сопруга, писателката Лиза Ними (65), со која беше во брак од 1975 година и со која немаше деца.

- Пиев шампањ, и како да пиев киселина, имав чувство дека имам жива рана во телото и дека истурам киселина врз неа – рече. Дијагнозата ја криел од сите долго време додека тој и неговата сопруга не видат како ќе се справат со оваа борба. Сепак, медиумите дојдоа до оваа информација и објавија дека наводно му останале само неколку недели од животот.

По смртта на Патрик Свејзи беа откриени ужасни детали за неговиот живот пред крајот на борбата со оваа лоша болест. Пријателите на Патрик тогаш за медиумите изјавија дека неговата сопруга го држи како затвореник на ранч и дека спречува посета.

Го занемарувала откако и помладиот брат на Патрик, Дон, им го завртел грбот. Не била дома со часови, а кога доаѓал Дон, го наоѓал Патрик во измет и урина. Кога Патрик и Лиса ќе се скарале, таа му удирала шлаканици и го гребела. Ова го изнесоа неговите пријатели тврдејќи дека наводно Лиса го изневерувала, но и дека врската пред смртта на Патрик не функционирала, бидејќи Лиса наводно се обидувала да наметне целосна контрола врз Патрик.

Семејството на Патрик, исто така, беше повредено и луто поради фактот што Лиса ги продаде неговите сувенири од филмските сетови, вклучувајќи ја и кожната јакна од „Валкан танц“. Братучетката на Патрик, Даниела Свејзи, тогаш започна петиција со цел да зачува барем дел од тие семејни вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Уште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена! Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска, запишувајќи значаен резултат за Македонија.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“, со што се вброи меѓу најдобрите натпреварувачи во својата категорија на светско ниво.

Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме, остварувајќи резултат што претставува успех не само за неа, туку и за македонската танцова сцена.

Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Бронзениот медал на Анастасија Палчевска претставува повод за гордост и инспирација за новите генерации млади танчери во Македонија.

Со овој успех, македонскиот танц добива уште едно значајно меѓународно признание, а Анастасија Палчевска уште еднаш покажува дека талентот, трудот и посветеноста се вистинскиот пат до светскиот врв.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде.

Дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однесе на јахтата на Заев на Егејското море или отиде на рехабилитација во Дубаи?

По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите.

Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес.

Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер