Беше најочекуваното холивудско бебе , а сега сите зборуваат за нејзиниот изглед (ФОТО)

Шилох Џоли Пит, првото биолошко дете на Анџелина Џоли и Бред Пит, е родено пред 14 години.

Сите медиуми ја пренесоа веста тој ден дека се роди бебе со гените на двајцата најубави луѓе во Холивуд. Таа веднаш доби восочна кукла, покрај куклите на нејзините родители во музејот Мадам Тисо.

Многумина тие денови се прашуваа како ќе изгледа Шилох кога стана млада девојка, а денес, на нејзиниот 14 роденден, сите зборуваат за нејзиниот изглед. Некои медиуми пишуваат дека Шилох е трансродова и дека веќе разговарала со експерти за нејзината трансформација во момче.

Наводно, уште од дете, таа инсистира на тоа да и се обраќаат како на машко, и самата си го дала прекарот Џон. Шилох, за разлика од своите врсници на Инстаграм, не користи шминка и не носи фустани и има кратка коса. Иако ниту Џоли ниту Пит не зборувале јавно на оваа тема, тие, наводно, целосно ја поддржуваат Шилох во нејзините желби.

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто

Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија.

Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти.

Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, го објави 15-тиот годишен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за сексуалното насилство во конфликти.

Таа истакна дека има невиден пораст на милитаризацијата низ светот.

- Додека жените и децата гладуваат, воените трошоци ширум светот истовремено надминаа 2,2 трилиони долари. Додека буџетите за хуманитарна помош се намалуваат, оружјето продолжува да се доставува до криминалците, а жртвите продолжуваат да страдаат, рече Патен.

Таа нагласи дека ОН регистрирале вкупно 3.688 случаи на сексуално насилство во конфликти во текот на 2023 година.

Патен рече дека сексуалното насилство особено ги погодува жените и децата. Таа додаде дека и израелските сили вршат сексуално насилство врз Палестинците.

- Според информациите потврдени од ОН, на окупираниот Западен Брег, жените и мажите приведени од израелските сили по 7 октомври биле изложени на злоупотреба, вклучително и сексуално насилство. Слични обвинувања има и во Газа, рече Патен.

Амбасадорката на добра волја на ОН и актерка Данаи Гурира не можеше да ги задржи солзите во својот говор, истакнувајќи дека сексуалното насилство продолжува да расте во светот и покрај сите напори на ОН. /МИА

Во Шуто Оризари, тече мирно изборниот процес

Канал 5 го следи изборниот процес во Општина Шуто Оризари.

Во основното учлиште „26 јули“ е Дејан Трајковски.

Како тече изборниот процес во оваа Општина?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер