3Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
БалканБербок во прва посета на регионот: Дали е можна „брза лента“на Западен Балкан за ЕУ?Новата германска министерка за надворешни работи Бербок е во прва посета на Западен Балкан.. По Сараево и Приштина, денеска е во Белград, со иста порака – дека регионот што поскоро треба да се интегрира во ЕУ, особено по војната во Украина.. Германија ќе покаже поголемо присуство на Западниот Бачлкан. Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок која изминатите два дена е во прва посета регионот со порака дека официјален Берлин преку специјален претставник ќе се погрижи Западен Балкан да го добие вниманието кое како што кажа, го заслужува. Посетата на германската министерка доаѓа истовремено со војната во Украина, а како што кажа Бербок, има за цел и да ја потврдат заложбата за евроинтегративната перспектива на регионот „Германија ќе покаже поголемо присуство на Западен Балкан. За оваа важна задача, ние како нова Сојузна Влада создадовме функција на специјален претставник. Драго ми е што ги избравме Мануел Сарацин за таа позиција, тој е добро поврзан и познат во регионот. Тој ќе биде мое око и уво во регионот и ќе се погрижи во Берлин, Западен Балкан да го добие вниманието кое го заслужува. Изјавата Бербок ја даде во Белград каде имаше средба со српскиот Претседател Вучиќ. На заедничката прес-конференција потоа покрај евроинтегративните процеси на Србија, неизбежна тема беше и војната во Украина, а српскиот Претседател беше прашан и дали би се дистанцирал од Русија. „За што ние да се дистанцираме? Каква врска имаме ние со судирот во Украина? Што направила Србија погрешно? Србија не говори за личности и кај нас нема љубов и омраза, кај нас меѓународно право и почитување на меѓународно правните норми. Како што Украина го почитуваше територијалниот интегритет на Србија, така и Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина. Дел од поранешните дипломати велат дека посетата на германската министерка не е случајна, односно дека станува збор за превентивна мисија за да не се искористи војната во Украина за евентуални ескалации во регионот. Дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан е приоритет за Германија, Бербок потврди на средбите во Сараево и Приштина каде кажа дека рускиот напад врз Украина бил пресвртна точка за нив и како што кажа, повик за будење во врска со стратешкото значење на регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Црна хроникаЗајакнати акциски контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 167 прекршоциНа 28.09.2026 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон возачите на лесни електрични возила.При спроведената контрола констатирани се вкупно 167 прекршоци. Најголем дел прекршоци, се однесуваат на неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови и неносење заштитен шлем. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 81 прекршоци, на подрачјето на СВР Охрид 26, а на подрачјето на СВР Битола 23 прекршоци, додека останатите прекршоци се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролата, одземени се два електрични тротинети. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролата констатирани се и 206 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот,соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаГугл ја тужи ЕУ пред судот во Луксембург поради одлуката на регулаторот за ВИ Американската технолошка компанија Google оспори две одлуки на регулаторите на ЕУ во суд во Луксембург со кои им се наложува на конкурентите да им дадат пристап до некои услуги и податоци.Компанијата тврди дека спроведувањето на одлуките би барало споделување на историјата на пребарување на корисниците без доволно силна анонимизација, како и ослабување на некои безбедносни заштити на Android уредите, објави Ројтерс. „Луѓето го користат пребарувањето за нивните најлични прашања, од здравствени проблеми до интимни врски“, рече директорот за конкурентски прашања на Гугл, Оливер Бетел, оценувајќи дека споделувањето на такви податоци без соодветни заштитни мерки може трајно да ја загрози приватноста на корисниците. Во јули, Европската комисија им наложи на Google да им дозволи на конкурентите за интернет пребарување и на развивачите на вештачка интелигенција пристап до одредени услуги што ги напојува нејзиниот модел Gemini AI според Законот за дигитални пазари (DMA). Втората одлука на регулаторите на ЕУ се однесува на пристапот до податоците од пребарувањето на Google од страна на конкурентските пребарувачи. Европската комисија наведува дека обете предложени мерки содржат силни заштитни мерки за приватноста на корисниците, интегритетот и безбедноста на уредот, а американскиот пребарувач DuckDuckGo исто така застана на страната, тврдејќи дека приговорот на Google само го одложува спроведувањето на мерките.Тагови: вештачка интелигенција гугл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСе урна руски бомбардер, загинаа шест члена на екипажот (ВИДЕО)Руски стратешки бомбардер Ту-95 се урна денес за време на тренинг лет во регионот Амур на Далечниот Исток. Шест члена на екипажот загинаа во несреќата, а еден е повреден, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството објасни дека авионот паднал во ненаселена област и дека не носел муниција. Покрената е кривична постапка, а истражната комисија на Воздухопловните сили е испратена на местото на настанот. Според првите проценки, причината за несреќата е технички дефект. Базата е клучна после украинските напади Руските државни медиуми известуваат дека несреќата се случила во близина на селото Краснојарово, кратко по полетувањето од воздухопловната база Украина. Тоа е една од најголемите руски бази за стратешки авиони со долг дострел. Урнатиот Ту-95, дизајниран уште во Советскиот Сојуз, е единствениот стратешки бомбардер со погон на пропелер што сè уште е во употреба, кој може да носи и нуклеарно оружје. Воздухопловната база Украина стана главен центар за преостанатите стратешки бомбардери на Русија откако беа принудени да се повлечат од базите во европскиот дел на земјата. Russian Air Force lost two big aircraft today and in the same Region of Russia. But so far no confirmation of a collision or if they were related. - TASS reported a Tu-95 went down in Krasnoyarovo, killing all 6 crew - footage seen here) - ASN also noticed that a Russian AF Tu-154 crashed also in the same region "after a technical malfunction". (of 7 aboard, 1 survivor) Updates when possible https://t.co/nY83eimRQC — Francisco Cunha - ✈️ Aviation et al (@OnDisasters) September 29, 2026 Преместувањето следи по големата операција на Украинската безбедносна служба (SBU) во јуни 2025 година, со кодно име „Пајажина“. Нападите, извршени од беспилотни летала скриени во камиони, уништија или оштетија повеќе од 40 руски авиони, вклучувајќи седум до осум бомбардери Ту-95.Тагови: бомбардер екипажот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook