Бербок нуди германска помош за уништување на сириското хемиско оружје - Канал 5

Бербок нуди германска помош за уништување на сириското хемиско оружје

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека нејзината земја ќе го зголеми своето присуство во Сирија со цел да се уништи арсеналот хемиско оружје оставен по неодамнешното соборување на претседателот Башар ал Асад.

Бербок нуди германска помош за уништување на сириското хемиско оружје

- Сега имаме шанса еднаш засекогаш да го заштитиме светот од хемиското оружје на Ал Асад, рече Бербок, нудејќи германска помош за отстранување и уништување на оружјето, процес што претходно го помагаше во Сирија, јави ДПА.

- Оружјето што сè уште постои мора да биде ставено под меѓународен надзор што е можно побрзо, рече таа по состанокот на Владата во Берлин.

Бербок го објави и назначувањето на Тобијас Линднер, висок функционер во нејзиното министерство, за специјален координатор на Германија за Сирија.

Германија, исто така, треба да обезбеди 8 милиони евра (8,4 милиони долари) во првичниот пакет хуманитарна помош за Сирија за да помогне во стабилизирањето на земјата, објави Бербок.

Цените на храната во Сирија драстично се зголемија поради соборувањето на владата на Ал Асад, кој побегна од Дамаск во Москва додека бунтовничките сили ја зазедоа земјата. Истакнувајќи дека само цената на лебот се зголеми за 900 отсто во изминатите неколку дена, Бербок рече дека е потребно до локалното население да стигне поголема помош./МИА

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена го погоди северен Иран.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на околу 37 километри југозападно од градот Семнан.

притисни ентер