МакедонијаБензините поскапуваат за 1,5, односно 2 денари за литар, дизелот за 0,50 денариЗа два денари поскапува бензинот Еуросупер 98, за денар и половина Еуросупер 95-ка, додека дизелот поскапува за половина денар по литар. Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата одлука за цените на нафтените деривати, според која, од полноќ дизелот ќе се продава по 87,50 денари за литар, додека бензините ќе чинат 87,50, односно 90 денари за литар. Одлуката доаѓа во моменти кога завршува кризната состојба во земјава, со што престанува да важи и владината мерка за намалени акцизи на нафтените деривати, а од утре пак истекува и попустот од два денари по литар што го одобруваше ОКТА. Сепак премиерот Христијан Мицкоски потсетува дека одлуката на РКЕ се темели на движењата на цените од изминатата недела и очекува веќе од следната значително да се намалат цените горивата во земјава, согласно актуелните состојби на светските берзи. -Следната недела очекувам значајно намалување бидејки од денеска цените на берзите на нафтата и нафтените деривати драматично опаднаа, ги следев патувајки кон Битола негде 82,83 долари за барел се движат така што веќе следната недела очекувам поголемо и позначајно намалување, инаку и понатаму остануваме земја која што има најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот. Ако овој договор меѓу САД и Иран што го објавија пакистанците е финален и конечен и се става крај на оваа неколку месеча војна која ја предизвика најголемата енергетска криза во последниот милениум, тогаш можеме да бидеме прилично среќни како се справивме во овие предизвикувачки времиња, не очајувавме,- - Христијан Мицкоски- претседател на Влада . Ценовниот притисок врз горивата започна пред околу три месеци, кога ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток предизвика нагло поскапување на нафтата на светските берзи. Во тој период македонската влада прогласи кризна состојба во енергетиката и воведе мерки за намалување на ценовниот шок, меѓу кои и намалени акцизи и ДДВ за нафтените деривати. Според премиерот Мицкоски и покрај турбуленциите на светскиот пазар, Македонија останала меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот. Тој посочи дека тоа особено се чувствува во пограничните градови, каде дел од бензинските станици бележеле и до 50 проценти поголем промет..+ Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook