ФудбалБензема: Мбапе знае дека во Реал убиваат за 2-3 меча без постигнат гол Фудбалерот на Ал-Итихад, Карим Безема го сподели своето мислење за притисокот врз напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.- Мбапе знае дека има голем притисок во Реал Мадрид, таму те убиваат ако одиграш 2-3 натпревари без постигнат гол. При тоа, можете да ја освоите Златната топка, а потоа да не постигнете гол на три натпревари, го цитира Бензема, новинарот Фабрицио Романо на својата страница на социјалната мрежа. Оваа сезона Мбапе на 14 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола и две асистенции. Последен пат 25-годишниот Французин погоди на гостувањето во Ла Лига со Селта Виго (2:1) на 19 октомври. Мбапе веќе изложен на критики, како од медиумите, така и од стручниот штаб на „Кралскиот клуб“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртваСрпската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан. По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија. На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство. Фото: ВИТагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓанитеСДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации.СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт. ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години има јасна доверба од граѓаните. Оттука, секојдневно работи за секој еден граѓанин за неговиот животен стандард, за подобра околина, за околина во која важат европските стандарди. И кога станува збор за избори, СДС нека не измислува, нека не зборува за алиби. Или како што вели Филипче, од СДС немало да бидат алиби за избори. ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба „имерзивна трансформација на глаголицата“ во музејот на современа уметностИзложба насловена „имерзивна трансформација на глаголицата“ на дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков е отворена во музејот на современата уметност во Скопје. Неговите истражувања траеле 6 години, а досега изложбата била претставена во Словачка, Малта и Скандинавија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter