Бен Афлек се повлекува: Изјавите ми се извлечени од контекст (ВИДЕО) - Канал 5

Бен Афлек се повлекува: Изјавите ми се извлечени од контекст (ВИДЕО)

Актерот Бен Афлек изјави дека неговите неодамнешни изјави за бракот со актерката Џенифер Гарнер се извадени од контекст.

Бен Афлек се повлекува: Изјавите ми се извлечени од контекст (ВИДЕО)

Актерот гостувал во ток-шоуто „Џими Кимел во живо!“ во кое рекол дека му биле извртени зборовите и дека испаднало дека ја критикувал поранешната сопруга. Тој рече дека тоа го повредило бидејќи испаднало дека е „најлошиот, бесчувствителен, глупав и ужасен тип“ и нагласи дека во своите изјави рекол дека ја почитува Џенифер Гарнер и дека неговите деца секогаш се на прво место.

„Потоа зборував за тоа колку се почитуваме, колку се грижиме еден за друг и за нашите деца. Пишуваше дека ја обвинувам поранешната сопруга за мојот алкохолизам, дека сум бил заробен во тој брак. Се испостави дека јас бев најлошиот, бесчувствителен, глупав и ужасен тип. Ме повреди“, изјави Афлек.

Тој додаде дека не бил подготвен за негативни реакции по интервјуто во шоуто на Хауард Стерн.

„Разговаравме многу за моето семејство, алкохолизмот, вистинските проблеми, како да бидам одговорен и сакан, како работам со поранешната сопруга, како се гордеам со тоа како заедно ги воспитуваме нашите деца, како даваме се од себе. Бев воодушевен и мислев дека треба да бидам поискрен и самокритичен. И тогаш ги видов сите овие работи на Твитер и се запрашав, што е ова?“ изјавил актерот.

Неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер не била пресреќна од изјавите кои му ги дал на радио водителот Хауард Стерн и таа се чувствувала повредена, изјавил извор за Six. Изјавите наводно ја налутиле и неговата сегашна девојка, пејачката Џенифер Лопез.

"Ја вовлекуваат и неа, иако е непотребно. Не сака да биде дел од тоа. Ја запознала Џенифер Гарнер. Се обидува да биде добра со неа и децата на Бен. Тој беше невнимателен", рекол изворот.

Да потсетиме, актерот во радио емисијата на Хауард Стерн изјавил дека се чувствувал заробен во бракот и затоа почнал да пие.

„Веројатно сè уште ќе пиев. Тоа е дел од причината зошто почнав да пијам бидејќи бев заробен. Мислев дека не можам да заминам поради моите деца, но не бев среќен. Потоа ќе испиев шише виски и ќе заспиев на каучот, што се покажа како лошо решение “, изјави актерот во емисијата на популарниот радио водител.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер