ЕвропаБелгиски министер: Имавме 558 пријави поради сомнителни дронови, се сомневаме на Русија Националниот кризен центар на Белгија (NCCN) добил 558 пријави за сомнителни дронови помеѓу септември 2025 година и 21 јануари 2026 година, изјави денес министерот за внатрешни работи Бернар Квинтин, пренесува Анадолија.Зборувајќи пред надлежната парламентарна комисија, Квинтин рече дека првите видувања на дронови во земјата биле пријавени на 4 ноември, објави новинската агенција Белга. Инцидентите продолжиле и во следните денови, како резултат на што аеродромите во Брисел (Завентем) и Лиеж го прекинале воздушниот сообраќај девет пати. Најмногу укинувања во ноември Седум суспензии се случиле во ноември, а уште две во декември. Од вкупно 558 пријави, 130 се однесувале на дронови над воени области, а 66 над нуклеарни постројки. Други видувања биле регистрирани над аеродроми и индустриски постројки во рамките на локациите Севесо, рече министерот. Тој додаде дека иако вкупниот број на видувања можеби бил преценет, некои од летовите веројатно дури и не биле пријавени. Русија е веројатниот сторител Министерот изјави дека врвот е забележан во ноември и дека NCCN се состана на 6 ноември, но не активираше претходна тревога или тревога во согласност со Националниот план за вонредни состојби. „Проценката на безбедносните служби беше дека нема непосредна опасност за нашите граѓани или инфраструктура, туку дека ова беа акти на заплашување и нарушување, веројатно поврзани со државен актер, во овој случај Русија“, рече Квинтин.Тагови: дронови русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Никој не ви се плаши, смешни сте„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста.„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста за состојбите во државата. Филипче рече дека наместо одговори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, Мицкоски се се заканува. „Се заканувате тука со одговорност, со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши. Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате“, порача Филипче. Тој посочи дека власта нема одговор на критиките за состојбата со корупцијата и влијанието врз независноста на судството. „Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство“, истакна претседателот на СДСМ. Филипче ја критикуваше и одлуката на власта за предлог-закон со кој, планира трошење 20 милиони евра со заобиколување на системските закони за јавни набавки. „Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Кој премиере е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи“, рече Филипче. Скопје, 30.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДа и помогнеме на 24 годишната мајка Теодора, мајка на бебенцеДа и помогнеме на Теодора, 24 годишна мајка на бебенце од само 18 месеци.До нашата телевизија пристигна барање за финансиска помош за лекување во страснво на млада мајка. На Теодора Јанковска и е потреба финансиска помош за лекување во Турција. -24 годишната мајка боледува од канцер на дебелото црево кој пуштил метастази насекаде потреба и е операција во Турција. Средствата може да се уплатат на нејзината сметка: 320500030488439 Секоја донација без разлика на износот, значи многу и преставува надеж во оваа тешка борбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБитолскиот театар успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 со меѓународни гостувања, премиери...Битолскиот театар успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 со меѓународни гостувања, премиери, за 27 проценти зголемен бројот на репризно одиграни претстави, за 37 проценти бројот на посетители.По премиерата на 66. Охридско лето и светската премиера во Верона, Битолскиот театар успешно ја заокружи сезоната со нови премиери, бројни меѓународни гостувања, соработки. Последната премиера за оваа сезона „Кориолан“ по делото на Шекспир, во режија на Џон Блондел, беше успешно претставена во рамките на драмската програма на 66. Охридско лето, а веднаш потоа меѓународниот успех НТБ го потврди со светската премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival, каде ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваа театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија. Во текот на овие неколку месеци НТБ реализираше премиери од современа светска и домашна драматургија: „Госпоѓа Бовари“, од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски, „Секстет“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, "Пинокио" од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски. Оваа година акцентот повторно е ставен и на македонските автори од македонската драматургија и на македонските креативци и театарски работници, па во тие рамки беше изведена "Пламенка" од авторот Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска Петрушева. Во текот на сезоната Битолскиот театар оствари бројни гостувања во Македонија и во странство, меѓу кои: Фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија, со „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, претставата која минатата година ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот. На ова гостување се најави формирањето на Балканска асоцијација на театри и фестивали – значајна иницијатива која има за цел продлабочување на културната соработка, размена на искуства и заеднички развој на театарската уметност во регионот. НУ Народен Театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на оваа асоцијација и со тоа продолжува да ги гради своите меѓународни партнерства и да биде активен промотор на македонската театарска уметност пред светската публика. Гостувања во Македонија: НТБ беше дел од јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински, со претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски. На сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција, Битолски театар ја изведе претставата „Кокошка“, на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Георгиевски. Претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, беше изведена на сцената на Македонскиот народен театар. Тука е и соработката со Норвешка поточно приемот кај македонскиот амбасадор д-р Дритон Куќи во Осло, за директорот на НТБ Васко Мавровски и актерката м-р Јулијана Мирчевска, воедно претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија, што само по себе отвора нов простор за идни соработки. Следува гостувањето со “Едмонд” од авторот Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски, во Подгорица, Црна Гора на “Festival of International Alternative Theatre - FIAT”. Досега во сезоната 2025/2026, премиерно се изведени 8 претстави, репризно одиграни 177, посетители 34.311. Во споредба со сезоната 2024 / 2025 за 27 проценти е зголемен бројот на репризно одиграни претстави, а за 37 проценти е зголемен бројот на посетители. Полните сали и интересот на битолчани за театарот е само уште еден мотив и оваа година НТБ да продолжи да работи посветено, како и досега. Сцената на НТБ беше домаќин на еминентни театри и уметници од Македонија и странство меѓу кои : Танцовата претстава: „F_AI_LLE“ на групата K.Danse од Франција во соработка со Францускиот институт во Скопје, Француската Aлијанса , Француското Конзуларно претставништво, Фестивалот ТАНЦ-ФЕСТ . 9 издание на Џез фактори фестивалот со учество на уметници од Франција, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија: Tribevibers – Blal Ljujić Pierre (Франција) и Gent Rushi Trio (Албанија), Voice and Bass (Унгарија) и Oststyrian Rhythm Section (Австрија). -Сичуанската и Пекиншката опера, како дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“, гостување кое беше симбол на културното пријателство меѓу Кина и Македонија. Партнерствата меѓу компаниите и Битолскиот театар продолжија и оваа година и истите создаваат можности за реализација на содржини со висока уметничка вредност и придонесуваат за унапредување и промоција на македонската култура. Бимилк - Партнерството беше официјализирано со потпишување на договор за соработка помеѓу Васко Мавровски, директорот на НТБ и Полексена Јанкуловска, маркетинг директор на Бимилк. СН Сервис, професионален сервис за хигиена, MAK BPO, компанија која нуди услуги за "аутсорсинг" на деловни процеси (BPO), специјализирана за поддршка на медицинска и правна пракса, со посветен тим од искусни професионалци и најсовремени технолошки решенија. Тука се и бројните активности за одржување на театарот. Значајна информација беше пронаоѓањето на оригиналната завеса подарок од српската кралица за тогашниот Битолски градски театар. Токму првата претстава на македонски јазик Ѓоре Магаревски се одвивала со таа црвена завеса зад актерите. Се реализираше и соработката со добро познатиот македонски илустратор Михајло Димитриевски, кој оваа година се потпишува зад дизајнот на рекламниот материјал и визуелниот идентитет на дел од претставите. Новата сезона НТБ ќе ја започне со: "Господин Благородник" од авторот Молиер, во режија на Благој Мицевски, следуваат: "Ни треба пејачка” од авторот Кен Лудвиг, во режија на Ненад Витанов, "Новогодишен сон" од авторот Јулијана Мирчевска, во нејзина режија. Тука се и активните подготовки за "Битола Шекспир Фестивал” во месец ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter