Бектеши: Со процесот на дигитализација во државата ќе се рационализираат парафискалните давачки - Канал 5

Бектеши: Со процесот на дигитализација во државата ќе се рационализираат парафискалните давачки

Парафискалните давачки често се спомнувани од бизнис заедницата како фактор кој влијае на конкурентоста на економијата.

Бектеши: Со процесот на дигитализација во државата ќе се рационализираат парафискалните давачки

Земајќи ги во предвид барањата од бизнис секторот за поголема предвидливост и рационалност на административното оптоварување од таканаречените парафискални давачки, а воедно и реализирајќи активности предвидени во Акцискиот план за Стратегијата за неформална економија, Министерството за економија почнувајќи од 2019-та спроведе низа на активности за мапирање и анализа со крајна цел –предлози за оптимизирање на парафискалните давачки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на на панел дискусијата „Политики за рационализација на парафискалните давачки и реформи за повисока конкурентност” во рамки на Економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”, во организација на Фајнанс тинк.

„Како прва активност која се спроведе беше мапирањето на парафискалните давачки користејќи ги податоците од каталогот на е-услуги на МИОА што резултираше во листа од 377 парафискални давачки. Беше формирана работна група со претставници од сите релевантни институции која преку еден инклузивен процес со активно учество на бизнис заедницата преку стопанските комори ги разгледува и дава предлози и мислења за парафискалните давачки во земјава.

Почнувајќи од Април 2022-ра година, Министерството за економија го спроведува проектот “Рационализација на парафискалните давачки” со техничка поддршка од Делегацијата на Европската Комисија. Анализите кои ги направија експертите ангажирани во рамките на проектот во соработка со сите релевантни чинители покажаа дека постои потреба за подобро системско уредување на парафискалните и останатите такси и давачки од неданочна природа во земјава, но и зголемена свест со цел диференцирање на парафискалните од останатите давачки и такси од неданочна природа. Ова дотолку повеќе што анализите направени во рамките на проектот покажаа дека од вкупно 377 давачки, дури 255 се административни такси и се регулирани во тарифникот на Законот за административни такси, останати неданочни плаќања регулирани со други материјални закони се вкупно 117, додека давачки кои се наплаќаат од самостојни органи на управа и се воедно давачки од кои одат директно во буџетот на органот се вкупно 46“ кажа Бектеши.

Според министерот процесот на системско уредување на овие давачки бара донесување на акти кои ќе ја дадат правната рамка за воспоставување, следење и надзор на давачките од неданочна природа, вклучувајќи ги и парафискалните давачки, како и креирање на алатки за понатамошно систематизирање на давачките што ќе обезбеди поголема предвидливост и транспарентност.

„Битно е да се истакне дека оптимизацијата на овие давачки е процес кој треба да обезбеди правичност, водејќи сметка за интересите на бизнисите, но и водејќи сметка за реална процена на цената на чинење на определени услуги, имајќи во предвид дека неданочните давачки се приход од кој се обезбедува непречено фукнционирање на определени институции и на државните институции воопшто“ потенцираше министерот и додаде дека важно е да се каже дека дигитализацијата на услугите која интензивно се одвива во државата, дава дополнителен инпут во процесот на рационализација на парафискалните и останатите неданочни давачки, преку интероперабилноста и намалувањето на времето и трошоците за добивање на определени услуги.

„Остануваме посветени на овој процес како Министерство за економија, но и како Влада со сите чинители и засегнати страни. Задоволни сме што успеавме да отвориме една поширока дебата за овие теми кои се од исклучително значење за бизнис секторот, но и за државата воопшто и се надеваме дека оваа дебата наскоро ќе резултира со решенија кои ќе значат подобро бизнис опкружување и зголемување на конкурентноста на компаниите, но и подобро и поорганизирано воспоставување и следење на неданочните приходи во државата“ кажа Бектеши, соопшти Министерството за економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. 

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД.

„Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп.

„Мексико мора да ги запре сега“

Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави.

„Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој.

Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател.

„Нема да има отстапки“

Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер