Бегал од полицијата, па за малку ќе загинел (ВИДЕО) - Канал 5

Бегал од полицијата, па за малку ќе загинел (ВИДЕО)

Што и да се прави, никогаш не е паметно да се бега од полицијата. Возачот на оваа Мазда го откри тоа на потешкиот начин.

Бегал од полицијата, па за малку ќе загинел (ВИДЕО)

Сообраќајната несреќа се случила во градот Вола Раџишовска во Полска кога возачот на „Мазда“ решил да побегне од полицијата. Имено, тој поминал низ крстосницата порано без да застане на сообраќајниот знак „стоп“. Полицијата го видела и го следела, но возачот на Мазда решил да побегне.

Пред него се наоѓал железнички премин со спуштена рампа. Наместо да застане и да се откаже од бегството, тој дал гас, поминал низ колона возила и ја пробил рампата што буквално се проби низ шофершајбната. Тој бил скоро прободен со челичната цевка и ќе загинел на самото место, а да не спомнуваме дека во моментот поминувал и воз.

YouTube video

Бидејќи поминувањето на возот ја спречило полицијата во Кија да ја продолжи потерата, сторителот на крајот успеал да избега. Единственото прашање е колку го чинело ова бегство и колку ќе го чини во иднина. Покрај штетата на возилото, тој со ова бегство извршил и голем број прекршоци. Подоцна навистина бил фатен и обвинет, меѓу другото, за несовесно возење, уништување на имот, бегство од полицијата итн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер