Бегај нема да учествува на вечерата со лидерите од Западен Балкан организирана од Мицотакис - Канал 5

Бегај нема да учествува на вечерата со лидерите од Западен Балкан организирана од Мицотакис

Албанскиот  претседател Бајрам Бегај нема да учествува на неформалната вечера што ќе се одржи во Атина на 21 август, информираа од неговиот кабинет.

Бегај нема да учествува на вечерата со лидерите од Западен Балкан организирана од Мицотакис

Во одговорот до Мицотакис тој изразил „жалење поради неможноста за учество поради претходно утврдена агенда".

-На 14 август 2023 година, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, упати покана до претседателот на Републиката, Бајрам Бегај, да присуствува на неформална вечера на 21 август 2023 година, во Атина. Ден потоа, на 15 август 2023 година, претседателот Бегај во испратениот одговор, откако високо го оцени вниманието што грчкиот премиер Мицотакис го посветува на случувањата поврзани со безбедноста на Европа, изрази жалење за неможноста за учество поради претходно дефинирана агенда, стои во соопштението.

Соопштението од кабинетот на Бегај објавено е доцна попладнево, по низата барања на медиумите зошто Бегај ја одбил поканата.

Во отсуство на подетални информации за агендата, на која се оправдува Бегај, за одбивање на поканата, дел од албанските медиуми тоа го поврзуваат со заладените односи меѓу двете земји по различните ставови околу прашањето "Белери".

По апсењето на реизбраниот градоначалник на Химара, Фреди Белери, припадник на грчкото малцинство во Албанија, и неговото задржување во притвор, официјална Атина во континуитет бара негово ослободување условувајќи ја Албанија со нејзиниот евроинтегративен пат, што Тирана го смета за мешање во внатрешните работи и притисок врз правосудните органи.

На неформалната вечера присуство потврдиле српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот Јаков Милатовиќ, македонскиот и косовскиот премиер, Димитар Ковачевски и Албин Курти и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Шимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него.

Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање.

Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените.

Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна.

Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење.

Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер