Бебек објасни зошто не сакал да биде дел од големата турнеја на „Бијело Дугме“ - Канал 5

Бебек објасни зошто не сакал да биде дел од големата турнеја на „Бијело Дугме“

Жељко Бебек објасни зошто не сакал да учествува на концертите на „Бјело Дугме“ по повод 50-годишнината од бендот.

Бебек објасни зошто не сакал да биде дел од големата турнеја на „Бијело Дугме“

„Не сакав да си дозволам да дојдам на концерт каде што ќе пеам 6, 7 песни од седумдесеттите години. Не можам да излезам пред публиката и да им кажам: „Ајде, тие 5 песни, а вие ќе ми дадете други пари да ги пеам оние песни што навистина ви се допаѓаат“. Како можам да одам на тој концерт, а да не пеам песни што публиката ги сака? Би било бесмислено да му кажам на Горан: „Ајде да споделиме и да испееме малку од твојата песна, малку од мојата“. Мислам дека добро го направија тоа“, изјави тој за „Ин магазин“.

Зборуваше за повторното обединување

Пејачот претходно откри во емисијата „Хепи ФМ“ дека преговарал со членовите на „Бјело Дугмето“ за повторно обединување. Добил покана која на крајот не ја прифатил.

„Имавме тајни преговори кои не беа многу искрени. Добив покана која беше интересна, заводлива: „Ајде заедно да прославиме 50 години од Бијело Дугме“. Првото прашање беше, бидејќи сум поет, не можам да лажам, не можам да прославам 50 години од нешто што не постои 50 години. Поминаа 50 години од првиот сингл, таму бев 10 години, а правам уште една работа во мојот живот 40 години“, рече Бебек.

YouTube video

Низ целиот екс Ју регион, како и во Скопје на 31 мај, Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ Тифа, Ѓиџи Јанкелиќ, Зоран Реџиќ и Оги Радивојевиќ ја забавуваа публиката која уживаше во нивните најголеми хитови.

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Финалистите на Светското клупско првенство ПСЖ и Челзи се екипите кои најмногу заработија од ова натпреварување. Приближно нивната заработка е 100 милиони евра, а победникот ќе има и повеќе сметајќи го и бонусот за постигнатите резултати. 

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Европскиот првак ПСЖ има загарантирани 97,4 милиони евра, а финалистот Челзи 95,4. Во случај на триумф на лондонскиот клуб ќе има уште 10 милиони евра.

Реал Мадрид кој беше полуфиналист има заработка од 74,6 милиони евра, додека вториот полуфиналист дека доаѓа од зона со понизок рејтинг (јужноамериканската) и освои 54,5 милиони евра.

На листата на заработки потоа следуваат: Баерн - 52,3; Манчестер Сити 46,3; Борусија Дортмунд 46,2; Палмеирас 36,1; Интер 32,9 и Ал Хилал 31,1 милиони евра. /МИА

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем.

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите.

Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот „Атлас“ во Чиле, кога беше оддалечена околу 670 милиони километри од Сонцето. Во мигов, телото може да се види само со помош на многу моќни телескопи и е речиси исто толку далеку од Земјата колку и Јупитер, според првичните наоди претставени денеска на националниот состанок на Кралското астрономско друштво на Велика Британија во Дархам. Ова е само трет вакв откриен објект со потекло вон нашиот планетарен систем.

YouTube video

- Сите сме многу возбудени за „3-И / Атлас“... Брзината на кометата посочува дека е стара повеќе од седум милијарди години и дека можеби е најзначајниот „меѓуѕвезден посетител“ досега, изјави астрономот Метју Хопкинс.

Научниците веруваат дека, бидејќи „3-И / Атлас“ веројатно се обликувал околу постара ѕвезда, таа комета е составена од голема количина воден мраз. Ова значи дека како што се приближува кон Сонцето подоцна оваа година, топлината од нашата ѕвезда ќе ја загрее површината на телото, па така би можело да се создаде и карактеристичната светлечка опашка зад него.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија успеа да се избори за своето прво финале на Вимблдон откако во второто годинашно полуфинале го совлада седумкратниот победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ. Синер мечот го доби со 3:0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:4) за 1 час и 55 минути игра.

Во првите два сета Синер беше доминантен. Во првиот сет имаше два брејка, а во вториот еден и двата сета ги доби идентично со 6:3. Нешто повеќе неизвесност имаше во третиот сет. Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови и пропушти брејк топка за 4:0. На тоа возврати Синер, кој ја поврати играта од првите два сета и поведе со 5:3 во гемови, а потоа ја искористи четвртата меч топка за 6:4 во гемови и конечни 3:0 во сетови.

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Во неделното финале Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој со 3:1 во сетови го совлада Тејлор Фриц. /МИА

притисни ентер