Барселона остана без Гави, добива 5 милиони евра од ФИФА!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе и плати на Барселона околу пет милиони евра поради повредата на шпанскиот репрезенативец Гави.

Фудбалерот на каталонскиот гигант заработи тешка повреда на коленото на натпреварот од последното коло од квалификациите за групата А за ЕП 2024 меѓу Шпанија и Грузија (3:1).

Асот на Барса ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе биде опериран во наредните денови.

Тој ќе паузира меѓу седум и девет месеци, а ќе го пропушти и Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.

Имено, според правилата, ФИФА е обврзана да и плаќа на Барселона по 20.548 евра секој ден доколку отсуството на Гави е подолго од 28 дена.

ФИФА ќе започне да и плаќа оштета на Барселона за Гави на 16 декември.

Доколку Гави паузира шест месеци, Барселона ќе добие 3,08 милиони евра, а доколку биде надвор од терените осум месеци, ќе добие 4.315 милиони евра.

За лидерите на „Вреди“, албанската репрезентација е „наша“, Славески прашува која е логиката

„Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде национален тим?“.

Ова е прашањето кое на социјалните мрежи го поставува претседателот на Советот на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, откако дел од лидерите на коалицијата Вреди тимот на Албанија го нарекоа „нашата репрезентација“.

„Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! – пишува Славески.

Тројцата лидери на Вреди ги објавија коментарите за мечот меѓу Албанија и Италија на европското првенство од пред два дена, по голот на фудбалерот Недим Бајрами, кој е роден во Швајцарија, а по потекло е од тетовско..

„Пишуваме историја со момчето од Тетово. Мрежата на Италијанците се затресе за само 23 секунди! Секогаш со нашата репрезентација“,напиша Касами.

„Албанија го стартува со чудо Европското првенство 2024! Во 23. Секунда недим од полог го започна мечот со гол за нас“,објави Таравари..

„Во победа и пораз, продолжуваме со нашата репрезентација!“,коментираше идниот прв вицепремиер, Изет Меџити.

Со поддршка за репрезнтацијата на Албанија се огласи и Зијадин Села, кој објави и фотографија од трибините...

Хумелс пред преселба во Мајорка

Шпанските медиуми објавија дека германскиот дефанзивец Матс Хумелс е на прагот да потпише договор со Мајорка. Ова го соопшти агентот на светскиот шампион од 2014 година, Тимо Бол, кој живее во Мајорка.

„Сето тоа е само прашање на детали“, изјави Бол за изданието.

Матс Хумелс ја напушти Борусија Дортмунд на крајот на сезоната откако играше во финалето на Лигата на шампионите. Тој е вистинска легенда за клубот, откако играше 13 години за „жолто-црните“.

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ објави дека Хумелс има контакти и со Рома, од каде сакаат да го привлечат искусниот дефанзивец во тимот за следната сезона.

Капитенот на Србија: Не можe да играм 30 минути, јас сум лидер и најдобар играч

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ реши да го остави капитенот Душан Тадиќ на клупата на мечот со Англија и да го пушти да игра во вториот дел. 

Сепак, ветеранот не беше задоволен од оваа одлука и јасно стави до знаење со своите зборови по натпреварот.

-Ми беше тешко да ја прифатам одлуката да не бидам меѓу стартерите во натпреварот. Зборував со селекторот, но тешко ми е, бидејќи тоа беше натпревар против Англија. Јас сум капитен, лидер и мислам дека сум најдобриот играч во тимот, без да бидам скромен. Се разбира, мислам дека треба да бидам стартер, но мислам дека ќе бев покорисен ако играв 90 минути. Ако сака, може да ме пушта и 30 минути, но јас сакам да играм 90, рече лутиот Тадиќ.

Стојковиќ изјави дека одлуката да не се потпре на својот капитен од првата минута е тактички потег од негова страна:

„Тадиќ остана на клупата од тактички причини - сакав да влезе свеж во вторите 45 минути. Тоа беше нашата тактика“, изјави популарниот Пикси.

притисни ентер