Како што беше најавено, Олмо (26) пристигна во Барселона од Лајпциг, а со челниците на каталонскиот клуб потпиша шестгодишен договор. Поставена е и откупна клаузула од 500 милиони евра.
Клубот за играчот плати повеќе од 60 милиони евра со дополнителни бонуси, што значи дека Динамо Загреб ќе заработи повеќе од пет милиони евра за играчот кој досега настапуваше во Лајпциг.
На деветгодишна возраст, Олмо започнал да игра за помладите категории на Барселона, но на 16 години го напуштил клубот и се преселил во загрепски Динамо. По шест години минати во Динамо, тој се пресели во Лајпциг во 2020 година.
Новиот член на Барселона минатиот месец стана шампион на Европа со шпанската репрезентација. Во дресот на Црвената фурија одигра 39 натпревари и постигна 11 гола.