Балони во стратосферата снимиле мистериозни звуци, не може да се открие изворот - Канал 5

Балони во стратосферата снимиле мистериозни звуци, не може да се открие изворот

Балони на соларен погон, кои лебдат на 20 километри над земјата, снимиле слаби нискофреквентни сигнали кои сè уште не можат да ги поврзат со ниту еден познат извор.

Балони во стратосферата снимиле мистериозни звуци, не може да се открие изворот

„Кога почнавме да летаме со балони пред многу години, не знаевме што ќе слушнеме“, вели атмосферскиот научник Даниел Бауман од националните лаборатории Сандија во Ново Мексико.

„Можеме да ги препознаеме звуците на експлозии, метеори кои паѓаат, авиони, грмотевици и градови. Бауман и неговите колеги користеле балон на соларна енергија за да ги измерат инфразвучните сигнали, звуци со толку ниска фреквенција што луѓето не можат да ги слушнат.

Тие ги испратија во стратосферата, слојот на земјината атмосфера што се протега помеѓу мезосферата и тропосферата. Стратосферата во нејзиниот долен дел се нарекува уште и озоносфера и се протега од 10 до височина од околу 55 km.

Научниците дизајнирале балони направени од тенка пластика широки околу 7 метри и ги наполниле со јаглен во прав кој се загрева на силна сончева светлина и предизвикува балоните да лебдат. Во период од седум години, експертите подигнале повеќе од 50 балони во стратосферата. За разлика од краткотрајните метеоролошки балони, овие балони на соларен погон сами можат да останат во стратосферата со часови.

Податоците што ги собрале покажале дека стратосферата звучи многу различно од површината на Земјата. На теренот, инфразвучните сензори собираат сигнали отфрлени од ветровите надолу, но балоните лебделе над тие ветрови и забележале траги од турбуленции во другите делови на атмосферата и инфразвукот од морските бури.

Сепак, тие пронајдоа и многу сигнали чие потекло е непознато. „Овие мистериозни сигнали би можеле да бидат поврзани со типови на атмосферски турбуленции кои никогаш претходно не биле снимени. Но, треба да се забележи дека досега ретко истражувавме звуци во стратосферата, па затоа е тешко да се направат какви било информирани претпоставки“, рече Бауман. како што објави New Scientist.

Тој додаде дека првото истражување од овој вид го извршиле воздухопловните сили на Армијата на САД, дека експериментот е наречен Проект Могул и дека се обиделе да откријат инфразвучни сигнали за тестирање на нуклеарно оружје во Советскиот Сојуз во 1940-тите. Еден од балоните на Project Mogul се урна во Розвел, Ново Мексико, со што јавноста стана свесна за оваа тајна програма.

Прикривањето на воената цел на проектот за балони доведе до теории на заговор кои често беа поврзани со теории на заговор за вонземјани (т.е. НЛО), а повеќето податоци од подоцнежните експерименти со балони, кои завршија во 1960-тите, беа класифицирани.“ рече Бауман.

Физичарот Роџер Вакслер од Универзитетот во Мисисипи вели дека не е изненаден од откривањето на мистериозните инфразвучни сигнали во стратосферата: „На Земјата, можете да ставите сензори во низи и точно да знаете каде се тие релативно едни на други, што помага да се одреди од каде доаѓа инфразвукот. А балоните само патуваат каде што патуваат“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Народна банка го крие решението за тоа како Славески го проценил ризикот за влез на Алта банка во Македонија.

Медиумите го побарале решението на Извршниот одбор на НБРМ, кој се состои од гувернерот и вицегувернерите. Посочиле дека го бараат без евентуалните класифицирани и чувствителни информации.

Ама не го добиле.

Ова е потврда на се што СДСМ говори. Вистината се крие од јавноста за да се заташка случајот, да се спасат виновниците кои ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Гувернерот Славески јавно изјави дека одлуката за Алта банка ја донел во консултација со Мицкоски.

Затоа се крие од јавноста. Одговорноста чука на вратата на Славески и Мицкоски.

Во Законот за банки точно стои кога треба да се одбие барањето за стекнување акции.

Член 59, став 6, ги издвојува високиот ризик за стабилноста, сигурноста и угледот на банката и основаниот сомнеж во законското потекло на парите, интегритетот или вистинскиот идентитет на лицето и поврзаните лица.

Блиските врски, сопственичката или организациската структура може да ја отежнат супервизијата и преземањето корективни мерки.

Ова е составен дел и од Кривичната пријава којашто СДСМ ја поднесе , а за која поминаа 10 дена и не се постапува.

21 ден откако пукна скандалот нема истрага за Алта банка. 10 дена нема постапка по Кривичната пријава на СДСМ.

Очигледно им се купува време на Мицкоски и Трајко Славески да го заташкаат случајот, да го сокријат трансакциите, документите, сметките....

Во Србија на големо се постапува, истрага, стечај, 400 милиони, блокирани сметки, приведен Мацура. Само во Македонија ништо не се презема.

А народот не може да дојде до своите пари.

Сега гледаме истите тие кои што ја внесоа Алта банка во земјата, Мицкоски и Славески, брзаат, да ја обезвреднат и да ја продадат. Потоа СДСМ ќе го обвинуваат за проблемите кои тие ги создадоа.

Времето одминува.

Обвинителот Савески мора да постапи, да отвори истрага за Алта банка и согласно Закон сите да одговараат.

Доколку не постапи ќе стане соучесник, и тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Пред повеќе од половина век, „VW Golf“ предизвика вистинска револуција во Европа и практично го дефинираше сегментот на компактни автомобили. Сепак, кога пристигна во САД во средината на 1970-тите, работите не беа толку едноставни.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Првично увезуван во САД, моделот започна да се произведува локално во 1978 година, во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку под името „Rabbit“.

Оваа одлука беше донесена од маркетиншки причини. Од „VW“ сметаа дека името „Golf“ премногу се поврзува со елитен спорт и со побогатите слоеви на општеството – перцепција што не соодветствуваше со позиционирањето на автомобил наменет за пошироката американска публика.

Името „Rabbit“ не беше ексклузивно само за САД – се појавуваше и во Европа, главно како ознака за одредени „GTI“ верзии или пакети на опрема на одредени пазари – но токму во Америка ова име сега се враќа на сцената.

Новиот „Rabbit“

„Volkswagen Golf GTI Rabbit“ треба да пристигне во средината на 2027 година и ќе послужи како еден вид „освежување“ за „Golf GTI“ во Северна Америка. Оваа специјална изведба е опремена со адаптивна суспензија „DCC“, 19-инчни тркала и летни гуми.

Што се однесува до визуелните промени, моделот се одликува со затемнето лого, црна маска на ладилникот, црн покрив и разни други детали во темни тонови. Единствениот елемент што не е црн е ознаката со зајак („rabbit“), која служи како почит кон оригиналниот модел. Оваа верзија ќе биде достапна исклучиво во САД. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да започнува од 43.000 евра па нагоре.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. 

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер