Балкански Либерали за нон-пејперот - Канал 5

Балкански Либерали за нон-пејперот

Ковид-кризата во регионот и ЕУ плодна почва за опасни националистички идеи за прецртување на границите

Балкански Либерали за нон-пејперот

Поранешната министерска за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, заедно со поранешниот министер за одбрана на Словенија, Роман Јакич и поранешниот македонски државен секретар за надворешни, Емил Кирјас, изутринава одржаа прес-конференција во која побараа експресна остра осуда од цела Европска Унија за идеите за прекројување на границите на Западниот Балкан, што циркулираат заедно со наводниот нон пејпер на Јанез Јанша, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вакуумот во регионот создаден делумно од кризата со Ковид-19 и претстојната длабока рецесија во ЕУ се плодна почва за опасни националистички идеи за прецртување на границите и под итно мораат да бидат сопрени, повика Емил Кирјас.

Нејасно е зошто овој нон-пејпер циркулира сега, кој е негов автор, дали е пробен балон, но прашањата што ги отвори се во спротивност со сите вредности и принципи на ЕУ, сметаат Либералите во регионот.

За поранешниот министер за одбрана на Словенија, Роман Јакич, овој документ, според неговите информации е примен во ЕУ во февруари, но не се знае кој го напишал и е во целосна противречност со надворешната политика на Словенија.

-Ова е направено по мера на националистичките кругови, порача Јакич и потсети дека самиот американски државен секретар, Ентони Блинкен, сугерираше во март дека идеи за прекројување на границите се шират и разгледуваат интензивно.

За опасноста на овие идеи се огласи и поранешната шефица на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, која изрази посебно загриженост за содржината на нон пејперот поврзана за наводен „есктремистички исламизам" во Босна и Херцеговина.

-Ова не е вистина, Босна и Херцеговина е пример за европски Ислам, но ова може да се претвори во самореализирачко пророштво во ваков пристап, рече таа.

Пример за тоа е изјавата на францускиот претседател пред повеќе од една година во која тој рече дека Босна и Херцеговина е темпирана бомба за тероризам.

-Концептот на Макрон за исламистичкиот екстремизам е силен доказ сам по себе колку е опасно за самата Европа да се шират митови, кога Макрон го повторува овој мит сервиран повторно и повторно од политичари, како Додик и Човиќ, може да почне да се третира како фактот, затоа е важно да се вклучи Франција посилно во европското справување со западен Балкан, изјави Пусиќ.

Таа повика на претстојниот Совет за надворешни работи на ЕУ министрите силно да ја потврдат ЕУ перспективата за Западниот Балкан и да инсистираат дека прекројувањето на границите не доаѓа предвид.

За потсетување Европскиот Совет, каде е испратен наводниот нон пејпер, сѐ уште ниту потврдил ниту го демантирал неговото постоење, оставајќи простор за секакви шпекулации.

-Кој и да го напишал веќе си ја исполнил целта, за прв гледаме поделена Босна и Херцеговина, ампутирана Македонија и Косово како дел од Албанија, она што беше незамисливо до пред една недела сега е во умовите на луѓето, и тоа беше целта, кој и да го напишал ова го посади семето на ѓаволот, изјави Пусиќ.

Поранешниот државен секретар за надворешни работи на Северна Македонија, Емил Кирјас, ја искористи приликата да потсети дека до неодамна вакви идеи се ширеа и во соседна Бугарија, поточно од министерот за одбрана кој циркулираше мапа за Голема Бугарија и предупреди од опасноста од вакви концепти во земји членки на НАТО.

Запрашан дали мисли дека поради овие идеи се создаде плодна почва за Бугарија непречено да ја блокира Македонија, Кирјас одговори дека не може да се знае кој кого „охрабрил" но дека е важно да се забележи врската помеѓу наративите и идеите.

-Некои од историските соништа за големи држави сѐ уште не исчезнале од политичката арена, ова е многу загрижувачко прашање, и не е коинциденција што САД, Европската Комисија и Германија реагираа. Но исто така сега треба и разузнавачките служби на ЕУ до крај да истражат кој ги финансира овие идеи, и ако се финансирани од надворешни фактори, има простор за разузнавачките служби и за владите на ЕУ да го изложат тоа, не смее да има нималку сомнеж во умовите на граѓаните дека тој вакуум може да се пополни со романтизмот за прекројување на граници, ова мора да се пресече на одлучен начин веднаш, изјави Кирјас на прес-конференцијата.

Тој изрази загриженост што нема реакција од Бугарија за овие наводи, додека многумина лидери во регионот веќе се огласија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер