Балкански барометар: Албанија со нов рекорд за корупција во 2023 година - Канал 5

Балкански барометар: Албанија со нов рекорд за корупција во 2023 година

 Во најновите резултати од истражувањето на Балканскиот барометар 2023 година на Регионалниот совет за соработка, албанските граѓани мислат дека нивната земја е покорумпирана во споредба со сите други земји од Западен Балкан.

Балкански барометар: Албанија со нов рекорд за корупција во 2023 година

- Oд испитаните албански граѓани 38 отсто сметаат дека корупцијата е важен проблем за економијата на земјата. Оваа перцепција е највисока во регионот во 2023 година, со разлика од 12 процентни поени со Босна Херцеговина и Македонија со ист процент од 26 отсто. Четврта е Црна Гора и петта Србија каде показателите се 25 отсто. Граѓаните на Косово имаат најниска перцепција за корупција во Западен Балкан, со 22 отсто. Просекот на ниво на регионот е 27 отсто, јави Ора њуз.

Процентот на албанските граѓани кои сметаат дека корупцијата е вознемирувачка за економијата на земјата е значително зголемен во споредба од пред една година, кога показателот беше 27 отсто, а земјата беше на трето место по Босна и Херцеговина (34 отсто) и Србија (28 отсто).

- Споредено со другите балкански земји, единствено Албанија претрпела толку високо влошување на перцепцијата за корупција. Северна Македонија бележи благ пораст од еден процентен поен, додека во другите земји е намалена перцепцијата на граѓаните за корупција, особено во Босна и Херцеговина, додава телевизијата.

Голема загриженост албанските граѓани искажуваат за економијата или 50 отсто од испитаниците. Сепак, ова ниво е трето во регионот, по Северна Македонија (55 отсто) и Црна Гора (51 отсто).

Деновиве и високата државна контрола потврдила дека над 700 милиони евра изнесува економската штета на државниот буџет од корупција.

Претходно медиумите пренесоа дека според Балкански барометар над 49 отсто од албанските граѓани мислат дека треба да живеат и работат во странство./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубов на прв поглед или само привлечност?

– Пет знаци дека сте доживеале длабока поврзаност

Љубов на прв поглед или само привлечност?

Љубовта на прв поглед не потекнува од умот, ниту пак се потчинува на логиката; таа е промена што се случува во еден миг, после која странецот повеќе не се доживува како непознат. Кога ќе се случи, таа со себе не носи ниту немир, ниту анализирање, туку чувство на длабоко, необјасниво присуство.

Ако се прашувате дали сте доживеале ваква мистериозна средба, еве ги знаците што откриваат дека станува збор за нешто многу подлабоко од обична привлечност.

1. Внатрешен мир и спуштање на гардот

Првите средби со нови луѓе речиси секогаш носат доза на воздржаност и претпазливост. Меѓутоа, во присуство на оваа личност, целиот внатрешен оклоп се топи без труд. Не вложувате енергија во тоа како ќе испаднете, нити ги преиспитувате правилата на однесување. Нема потреба да се докажувате и покрај оваа личност немате чувство дека сте излегле од вашата комфорна зона, туку како неочекувано да се враќате кон сопствениот мир.

2. Чувство на долготрајна блискост и препознавање

Блискоста е чувство што обично го градиме со месеци или години, но тука се јавува парадокс: иако речиси ништо не знаете за личноста, длабоко во себе чувствувате дека отсекогаш сте ја познавале. Временските и просторни дистанци губат значење, разговорот тече лесно, нивната појава не ви е туѓа, туку препознавате некого кој ви е несфатливо близок.

3. Тивко откажување од менталната листа со критериуми

Повеќето од нас носат во себе слика за тоа како би требало да изгледа идеалниот партнер, со што би требало да се занимава или како би требало да се однесува. Во моментот кога ќе се воспостави ваква поврзаност, сите тие однапред замислени услови веднаш стануваат неважни. Не ја споредувате оваа личност со вашите стари мерила, ниту се обидувате да ја вклопите во вашите претходни сфаќања. Ја прифаќате целосно – токму таква каква што е – сфаќајќи дека нејзината автентичност е единственото нешто што навистина ви е важно.

4. Говор на телото што го разоткрива поместувањето на границите

Пред умот воопшто да може да дефинира што се случува, телото реагира прво. Вашата внатрешна состојба суптилно го менува вашето држење, гестикулациите и изразот на лицето. Движењата ви стануваат помеки, погледот постабилен, а говорот на телото несвесно се отвора кон другата личност. Без каква било намера или преправање, вашата физиономија испраќа тивок сигнал на прифаќање, дозволувајќи ѝ на другата личност да се приближи повеќе отколку што вообичаено би дозволиле некому што тукушто сте го запознале.

5. Присуство што не блее по разделбата

Кога средбата ќе заврши и ќе се вратите на секојдневните обврски, енергијата на тој момент не исчезнува. Личноста останува присутна во вашите мисли – не како товар или опсесија, туку како благ, траен впечаток. Вашиот внатрешен простор останува исполнет со нејзиното присуство, а сликите од идните заеднички мигови сосема природно се редат во вашиот ум, без никаков притисок. Ако ова чувство не бледнее со минување на деновите, сосема е сигурно дека не сте доживеале само минлива занесеност, туку средба која ја носи моќта на вистинската поврзаност.

Извор: sensa.story.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафе

Штом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.

Еве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафе

Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода.

Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот.

Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот.

Спас за желудникот и варењето

Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт.

Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика.

Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење.

За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата.

Златно правило на хидратација

Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци).

Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.

Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter.

Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“.

Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил.

Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет.

Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град.

„Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми.

На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат.

Според него, фондот моментално има околу 275 долари.

Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка.

И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне.

Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер