Бајден за уште една година ја продолжи уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан

Вашингтон за уште една година ја продолжи уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан, со оценка дека регионов и натаму претставува закана по американската национална безбедност и надворешна политика.. 

За уште една година претседателот на САД Џо Бајден ја продолжи уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан, која важи и за Македонија. Во соопштението од Белата куќа се наведува дека регионот и понатаму претставува закана по американската национална безбедност и надворешна политика.

„ Активностите на поединци кои го загрозуваат мирот и меѓународните напори за стабилизирање на ситуацијата на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко насилство и нарушувачки активности, кои го попречуваат напредокот кон ефективно демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат необична и вонредна закана по националната безбедност и надворешната политика на САД. “ – стои во соопштението,

Продлжувањето на уредбата За поранешниот амбасадор Јован Донев е очекуван потег на САД, имајќи го во предвид влошувањето на состојбите на Западен Балкан, во контекст на немањето напредок во прегововрите меѓу Србија и Косово, ситуацијата во Босна и Херцеговина, како и опасноста од руско влијание. Македонија, пак вели не претставува поголема закана за безбедноста на регионот.

„ Самата уредба, кажува за Македонија нели тие што ќе работат против Охридскиот рамковен договор, Преспанскиоит договор ќе бидат санкционирани се тоа, од тој аспект мора да ја стави и Македонија. Ние генерално сме во пасивна ситуација, не претставуваме некоја посериозна закана за безбедносна на ЗБ, но евгентуалното непочитување според американските стандарди на овие три докуметни се проценува дека се некаква закана. Таа уредба е во одреден смисол е двосмнислена , но важен инструмент за да бидат присутни во регионот, но и да спречат евентуално закајнвуање на руското влијание. “

Во текстот се наведуваат измените и дополнувањата на уредбата која прв пат американскиот претседател ја донесе во 2001 година, потоа дополнета во 2003-тата година, а последно пред две години акутуелниот претседател Бајден го прошири опсегот на вонредни мерки меѓудругото со замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор.

Хоџај: Курти и Вучиќ го користат северот на Косово за да ја задржат власта

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

Потпретседателот на Собранието на Косово и Член на Претседателството на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Енвер Хоџај, во врска со ситуацијата на северот на државата и прашањето за Заедницата на општини со српско мнозинство, вели дека премиерот Албин Курти во овие три години владеење делувал „целосно спротивно на меѓународните трендови и геополитичките промени“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

- Со војната во Украина, со војната во Газа, со евентуална војна во Тајван, меѓународниот поредок се распаѓа и господинот Курти дејствуваше целосно во спротивна насока од меѓународните трендови, од геополитичките промени, а пред се решил во име на една политика да го користи северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт, се цитира Хоџај од приштинскиот портал „Телеграфи“.

Според поранешниот шеф на косовската дипломатија. денес ситуацијата на северот на земјата им помага на Курти во Приштина и на српскиот претседател Александер Вучиќ во Белград да останат на власт.

Хоџај нагласи дека кога неговата партија била на власт, никогаш не ја искористила ситуацијата на северот на земјата за политички популизам.

- Ние (ПДК) дејствувавме во однос на северот на Косово, демонтирајќи паралелни структури, борејќи се против криминалот и организираниот криминал на северот на земјата, правејќи сé за да ја заокружиме државноста на Косово на северот на земјата, интегрирајќи ја српската заедница. Никогаш не сме ја искористиле ситуацијата на северот на Косово за политички популизам. Ова што се случува на северот на земјата не е во прилог на националниот интерес на косовската држава, рече Хоџај./МИА

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано. /МИА

Во Пакистан експлодира бомба крај пат, при што загинаа пет војници, а двајца се повредени

Најмалку пет војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба покрај пат во близина на безбедносен конвој во северозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Нападот се случил во областа Курам, поранешно упориште на милитантите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во соопштението на армијата се наведува дека во тек е потрага по сторителите на нападот со цел да се елиминираат терористите присутни во тоа подрачје и дека „сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“./МИА

притисни ентер