„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
СветБајден и Трамп ја посетија границата на САД со МексикоАмериканскиот претседател Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп ја посетија американско-мексиканската граница во ист ден, во време кога големиот прилив на мигранти стана едно од најважните прашања за гласачите.Бајден го посети пограничниот град Браунсвил, Тексас, со намера да ги потсети гласачите дека републиканците во Конгресот го отфрлија двопартискиот предлог за зајакнување на мерките за имиграција, откако Трамп им рече да не гласаат за законот, за Бајден да не постигне политичка победа. Браунсвил е регион каде што бројот на нелегални влегувања во САД значително се намали во последниве години. Во Браунсвил, претседателот го покани Трамп да му се придружи во изнаоѓање решение за имиграциските проблеми во САД, јавува Гласот на Америка. - Почитувајте наместо да им кажете на членовите на Конгресот да го блокираат овој предлог. Придружете ми се или јас ќе ви се придружам вам, велејќи му на Конгресот да го усвои овој двопартиски закон за безбедност на границата. Можеме да го направиме тоа заедно, рече Бајден. Тој ги повика членовите на Конгресот да ги преиспитаат своите позиции за двопартискиот предлог за решавање на граничната криза, бидејќи тој е блокиран во Сенатот, најмногу поради противењето на Доналд Трамп. - Сенатот треба да го прилагоди својот став, а членовите кои се против тоа да ја остават на страна политизацијата. Нивната одлука треба да биде донесена врз основа на проценетата корист, а не дали тоа ќе биде од корист на една или друга страна. Договорот беше речиси постигнат, но потоа беше прекинат со партизација. Компромисот е корисен чекор во решавањето на проблемот со имиграцијата, рече Бајден. „Треба да дејствуваме“, посочи американскиот претседател, алудирајќи на Конгресот. Поранешниот претседател Трамп го посети Игл Пас, една од најфреквентните области за илегално преминување од Мексико во Америка, а доаѓањето на мигрантите во САД го означи како опасност. Трамп, остар критичар на граничната политика на американската администрација, во говорот во Шелби Парк се обиде да го поврзе порастот на стапката на криминал во Америка со порастот на протокот на илегална имиграција. -Тоа се луѓе кои доаѓаат во земјава од затвори и ментални установи. Тие се терористи и тоа е страшно, рече Трамп. Неколку стотици поддржувачи на Трамп се собраа носејќи транспаренти на кои пишуваше „Направи ја Америка повторно голема“ и „Не се предавај“. Бајден го започна својот мандат во Белата куќа во 2021 година со ветување дека ќе ги повлече строгите имиграциски политики на Трамп, но оттогаш зазеде построг пристап. Под притисок на републиканците, кои го обвинуваат дека не успеал да ја контролира границата, Бајден го повика Конгресот минатата година да одвои повеќе пари за органите на прогонот и најави дека ќе ја „затвори границата“ доколку добие нови овластувања да ги одврати мигрантите од границата. Безбедноста на границата е во центарот на дебатата во американскиот Конгрес. Администрацијата на Бајден се залага за нацрт-закон кој вклучува ново финансирање за Украина и Израел. Републиканците, особено во Претставничкиот дом, се залагаат за поголеми мерки за заштита на границите во рамките на истиот законски пакет. Трамп повика на отфрлање на двопартискиот предлог во Сенатот кој, заедно со помошта за Украина, исто така содржеше голем број одредби поврзани со граничната безбедност, што доведе до тоа предлогот, на крајот, да биде поразен во Сенатот. Републиканците во Претставничкиот дом инсистираат граничното прашање да се разгледува посебно, пред какво било гласање за помош на Украина и Израел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанецЕкспресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство. Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело. -Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР. Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот. По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр. Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена. – Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено. – Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје. Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-БриониОхрид денеска е политички центар на Балканот. Претпладнево претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги пречекаа претседателите од регионот кои учествуваат на состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони. Афродита Рамос е во Охрид, ја имаме во живо. Афродита што беше кажано за завршната прес-конференција? Целиот извештај погледнете го во видеото. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39