Бајден го обвини Трамп дека ги претворил САД во бојно поле

Демократскиот кандидат за Белата куќа, Џо Бајден го обвини Доналд Трамп дека ги претворил САД во бојно поле, ветувајќи дека доколку победи на изборите во ноември, тој ќе стори сé за да ги „излечи расните рани“.

Смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд пред една недела во Минеаполис беше „повик за будење“ за нашата земја, „за сите нас“, рече поранешниот потпретседател на Барак Обама во говорот во Филаделфија.

Ова е прв пат од средината на март, Џо Бајден (77) да ја напушти својата држава Делавер, каде што бил во карантин поради пандемијата на коронавирус.

Убиството на Џорџ Флојд, кој се задушил затоа што полицаец му го притискаше вратот со колено, а сè беше снимано од минувачите, предизвика протести низ САД кои на некои места ескалираа во немири.

Бајден повеќе пати го осуди насилството, но денеска го обвини Доналд Трамп (73) за „претворање на земјата во бојно поле, поделено со старите непријателства и новите стравови“.

„Тој смета дека поделеноста ќе му помогне да победи на претседателските избори на 3 ноември”, рече демократот, кој има предност на анкетите.

Џо Бајден го критикуваше растурањето на „мирните протести со солзавец и шок бомби“ вчеравечер за да му се овозможи на Доналд Трамп да изврши „комуникациски потфат“, доаѓајќи пред црква во близина на Белата куќа со Библија во раката.

,,Гледајќи ја оваа сцена,со право можеме да заклучиме дека претседателот е повеќе преокупиран од моќта отколку од принципи. И дека тој е повеќе заинтересиран да ги задоволи страстите на својата база отколку потребите на оние за кои треба да се грижи“, рече тој.

"Не треба да бидеме наивни. Би сакал да кажам дека омразата што дојде со Доналд Трамп ќе исчезне со него. Но, не е така. Тоа нема да се случи. Американската историја не е бајка со среќен крај", призна демократот.

Сакајќи јасно да се дистанцира од републиканскиот милијардер, тој им вети на американските гласачи: „Јас нема да манипулирам со стравот и поделбата. Јас нема да ги распалувам пламените на омразата.Дојде време нашата земја да се ослободи од институционалниот расизам“, додаде тој, повикувајќи го Конгресот да „започне вистинска полициска реформа“ уште овој месец.

Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис .

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, демантирајќи ги написите во медиумите дека Атина ќе му помогне на Киев со противвоздушни ракетни системи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис откри дека било побарано од Грција, но објасниле зошто не можат да го сторат тоа.

Грција ја поддржа Украина на различни начини со одбранбен материјал. Но, од првиот момент рековме дека не можеме да ги отстапиме оружените системи кои се клучни за нашата способност за одвраќање. Имавме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина и го направивме тоа и сметам дека тоа е правилно. До степен до кој можеме да најдеме таков материјал, ќе продолжиме да го правиме тоа. Сепак, системите за противвоздушна одбрана се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да и бидат доделени на Украина, објасни Мицотакис.

За односите со Турција и во пресрет на средбата со турскиот претседател во Анкара на 13 мај, грчкиот премиер рече дека целта на посетата е да се направи „чекор напред во грчко-турскиот пристап, кој даде некои важни мерливи резултати“.

Како пример спомена дека над 12 месеци нема прекрушувања на грчкиот воздушен простор, но и дека постои екстремно намалување на мигрантските бранови.

Истакна дека иако постојат различни ставови за одредени прашања, „тоа не значи дека нема да разговараме, дека нема да го препознаеме подобрувањето на односите и дека нема секогаш да се трудиме да ги градиме позитивните работи, наместо да се фокусираме само на негативните и нашите несогласувања“.

Во однос на европските избори на 9 јуни, рече дека другите партии „сакаат да ги сведат на референдум против Владата“, истакна дека го прифаќаат овој предизвик и политичката порака од евроизборите треба да биде „стабилност, сигурност и континуитет“.

Дополнително посочи дека не станува збор за национални избори на кои се одбира влада и мерката за споредба, според него, треба да бидат претходните европски избори.

Нова демократија на евроизборите во 2019 година освои 33,12 отсто од гласовите, додека пак на ланските парламентарни избори победи со 40, 56 проценти.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми.

– Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг.

Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми.

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

притисни ентер