Бајден: Ако Трамп победи, тоа е реална опасност за безбедноста на Америка

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју изјави дека неговиот претходник во Белата куќа, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, е „реална опасност за безбедноста на Америка“ доколку биде избран на 5 ноември.

„Слушајте ме внимателно. Ако победи на овие избори, гледајте што ќе се случи. Тоа е опасно. Тој е вистинска опасност за безбедноста на Америка“, изјави Бајден за CBS.

Бајден се повлече од претседателската трка и го отстапи местото на својата потпретседателка Камала Харис. „Ние сме на пресвртница. Навистина сме на пресврт... и демократијата е клучен елемент“, додаде Бајден во разговорот снимен пред неколку дена во Белата куќа.

Тогаш изгледаше подобро отколку на дебатата на CNN со Трамп на 27 јуни.

„За време на таа дебата имав навистина, навистина лош ден бидејќи бев болен, но немам никакви сериозни здравствени проблеми“, изјави тој на новинарот на Си-Би-Ес на прашањето за тоа.

Три недели по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден на 21 јули објави дека се повлекува од изборната трка.

Извор: Индекс.хр

Без вода дел од Чаир

Поради дефект на водоводната мрежа, без вода од 10:30 часот се корисниците на улиците „Петре Георгиев“ и „Чаирска“.

ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Бонучи: Гвардиола сакаше да ме донесе во Манчестер сити

 Поранешниот дефанзивец на италијанската фудбалска репрезентација Леонардо Бонучи зборуваше за тоа како можеше да заигра во Премиер лигата во 2016 година.

- Кога решив да го напуштам Јувентус во 2017 година, Манчестер сити и ПСЖ ме бараа. Тие ги испратија своите финансиски понуди, но јас сакав да останам во Италија и решив да се приклучам на Милан. Гвардиола веќе сакаше да ме види во Манчестер сити во летото 2016 година, изјави Бонучи за „Sky Sports“.

Бонучи го напушти Јувентус во 2017 година и се пресели во Милан. Една година подоцна, дефанзивецот се врати во клубот од Торино.

Последни два клуба пред да ја заврши кариерата во мај годинава, на Бонучи беа Унион Берлин и Фенербахче.

Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци

Светски актуелната тема што ги диктира модните трендови оваа година е зачувување на природата. Веќе не е доволно, се вели, да се рециклира ѓубрето и да се користат хартиени чаши наместо пластични. 

За да се биде дел и од големата мода, треба да се потпрете на одржливи, еколошки практики. Затоа денес и дизајнерите рециклираат.

За сезоната есен/зима 2024 година, овие трендови вклучуваат создавање гардероба со користење стари материјали на нов начин и додатоци направени од неочекувани предмети...

Сѐ тоа беше претставено на еден од најголемите модни настани, насловен „Кој е следен“ (Who's Next), којшто слави 30-годишнина во Париз. Имено, „Порта де Версај“ двапати секоја година во француската престолнина пречекува дизајнери, уметници, стилисти и модни иноватори во оваа индустрија. Целта е разменување идеи и дефинирање на трендовите за следната сезона, во смисла - новитети, аксесоари, чевли, чанти, накит, кожни производи.

Многу од дизајнерите црпат инспирација од сопственото културно наследство - историја, традиции, митологија, урбани легенди, филмови, книги...

За сметка на „брзата мода“, каде што трендовите брзо се менуваат и покрај последиците за околината, сега има раст на „бавната мода“ - назад кон мајсторството и индивидуалноста на дизајнерот во однос на оригиналниот производ, објави порталот „24 часа“.

Но, и додатоците се еколошки. Дизајнерите ги покажаа своите дела направени од природни или рециклирани материјали. Во оваа категорија, и бугарскиот бренд за кожни производи „Мија“, на пр. остава свој белег и печат, претставувајќи индивидуален стил инспириран од минимализмот, архитектурата и геометријата. Кожните чанти можат да одат со облека од секоја сезона.

притисни ентер