Други спортовиБах: Политизирањето на спортот би било многу штетноПретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах оцени денеска дека политизирањето на спортот би било многу штетно и порача оти будно ги следи земјите кои не го почитуваат тој принцип, притоа, директно алудирајќи на Русија.Бах за време на посетата на Монтевидео, по повод одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Олимпискиот комитет на Уругвај, рече дека „има голема поддршка во меѓународната заедница за моќта на спортот да обединува“. „Се надевам дека следната дебата околу Резолуцијата за олимписко примирје, која ќе се одржи во ноември во Обединетите нации, ќе ни донесе нов бран поддршка“, рече Бах и повика на почитување на олимпиското примирје, чија традиција датира од древните игри. Бах истакна дека внимателно ги следи обидите на поедини земји да го „политизираат спортот и да ги заменат спортските натпреварувања, како што се олимписките игри, со спортски настани во организација на владите“. „Тоа соопштение пристигна од Русија. Ние тоа, се разбира, будно го следиме. Уверени сме дека светот ќе сфати дека политизирањето на спортот би било многу штетно по општеството“, изјави првиот човек на олимпиското движење. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Градежништвото забележа историски раст од 22 проценти во вториот кварталГрадежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22%.Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22% што покажува дека капиталните проекти се работат со силна динамика и станува основен двигател на економијата, изјави вицпремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре посебен режим на сообраќај во СкопјеНа 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ .На 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаГодишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%2,6 проценти изнесува инфлацијата во август на годишно ниво, додека во однос на јули трошоците за живот се зголемиле за 0,4%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем месечен раст има кај рекреацијата, спортот и културата – 3,1 процент, потоа кај рестораните и услугите за сместување – 2,5 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,5 проценти. Намалување има кај транспортот за 0,8 и кај облеката и обувките за 0,3 проценти. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши засега не најавува нови мерки, но вели состојбата со цените постојано се следи од ДПИ, а доколку се утврдат неоправдани поскапувања на прехранбените производи, вели дека Владата ќе ги употреби механизмите што и стојат на располагање. - Сите механизми што ги имаме, административни механизми што ќе ги имаме на располагање ќе ги употребиме. Ако има девијантно однесување или ако има зголемување на цените на прехрамбените производи од страна на трговците без економско оправдано, како сме постапиле во минатиот период, така ќе постапиме и во наредниот период.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Во меѓувреме, под лупа ќе биде ставен другиот крај од синџирот - откупот на земјоделските производи. Министерството за земјоделство неделава ќе побара проверка од Комисијата за заштита на конкуренцијата за состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и други производи. Ќе се утврдува дали меѓу откупувачите има недозволено усогласување, злоупотреба на пазарна моќ или нефер трговски практики. Дурмиши вели дека нема лични сознанија за картелско здружување меѓу откупувачите, но очекува санкции доколку се утврдат прекршувања. - Многу добро постапиле што ја известиле Комисијата за заштита на конкуренцијата и врз основа на тие информации Комисијата врз основа на законските рамки ќе излегува на терен и ќе прави контроли и ќе ја провери ситуацијата. Ако е стварно така, исто како минатиот пат како што реагиравме кога се здружија картелски четири најголеми трговци во нашата земја и им напишавме нели казни за тоа здружење што го направија и нормално дека влијаеле во пазарот.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Инаку, на годишно ниво, најголем раст на трошоците има кај алкохолните пијалаци и тутунот – околу 9,4 проценти, а потоа кај рекреацијата, спортот и културата – 8,7 проценти. Повисоки трошоци во однос на август лани има и кај образованието, рестораните и услугите за сместување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12