Баерн би можел да изгуби уште една ѕвезда

Баерн може да изгуби уште една sвезда по Давид Алаба, пишува Билд.

Кингсли Коман (24) побарал нов договор со плата од 17 милиони евра годишно, а оваа идеја е неприфатлива за челниците на Баерн. Баерн веднаш ги прекинале преговорите и сега играчот е во потрага по нов клуб.

Францускиот напаѓач во моментов заработува околу десет милиони евра по сезона, а неговиот договор трае до 30 јуни 2023 година. Според „Трансфермаркт“, тој вреди 65 милиони евра и Минхен би сакал да го продаде за таа цена ова лето.

Агентот на Коман е контроверзниот Пини Захави, кој е и агент на Давид Алаба. Алаба со месеци преговараше за нова плата во Баерн, а потоа, откако му истече договорот, го напушти клубот и замина во Реал Мадрид.

Коман оваа сезона одигра 39 натпревари и постигна осум гола и додаде 15 асистенции. Тој во својата кариера играше за ПСЖ и Јувентус, а во Баерн е од летото 2017 година.

Џафери во Анталија се сретна со црногорскиот колега, Бечиќ

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на маргините на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2021 година во Анталија, оствари билатерална средба со  Алекса Бечиќ, претседател на Собранието на Црна Гора.

На средбата Џафери истакна дека земјите во регионот делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. Македонија и Црна Гора ги врзува традиционално пријателство како и добри политички, културни и економски врски. Членството во НАТО и заедничката европска иднина на двете држави, дополнително ги зајакнуваат меѓусебните односи. Тој го поздрави напредокот на Црна Гора во процесот на интеграција во Европската Унија и ангажираноста на Владата на Црна Гора посветено да работи на ЕУ агендата. Во однос на интеграцијата на Македонија во ЕУ, тој укажа дека очекуваме отпочнување на пристапни преговори со Унијата. Подвлече дека остануваме посветени на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година како добра основа за надминување на разликите. Претседателот Џафери изрази надеж дека во наредниот период ќе се интензивираат контактите и заеднички со рационален пристап ќе се успее да се врати довербата со што ќе се отворат вратите за почеток на пристапниот процес.

Претседателот на Собранието на Црна Гора, Алекса Бечиќ истакна дека односите меѓу двете држави се на високо ниво, со одржување на редовни политички консултации. Во однос на економската соработка изрази надеж дека ќе продолжат да се продлабочуваат регионалните односи како основа за поинтензивна економска соработка и пред се подобро инфраструктурно поврзување меѓу Македонија и Црна Гора.

Соговорниците разменија информации и искуства за процесот на унапредување на парламентарното работење како и подобрување на транспарентноста и одговорноста во двата парламенти со цел подобро спроведување на нивната надзорна и контролна улогата над владите, се наведува во соопштението од Собранието..

УХМР: Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Летото на северната хемисфера официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера во исто време започна зимата.

Првата недела од летото е со најава за високи температури и до 40 степен.

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени

Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава" учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.

притисни ентер