Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ЖивотБадникови поворки во време на пандемија- На 6-ти јануари, во 12:00 часот (по македонско време), каде и да се наоѓате на планетата Земја, запрете за миг и помолете се за подобра година за сите - е апелот од Здружението за православни вредности "Бадникови поворки". - Оваа година, околностите не дозволуваат да ја организираме традиционалната Божикна манифестација, ниту да формираме поворки на радост низ улиците на Македонија, но ништо не' не спречува, од топлината на нашите домови, да ја пееме Божикната песна погласно од било кога, нагласуваат од Здружението „Бадникови поворки и додаваат: - Ќе имаме еден поинаков, но не помалку радосен Божик. Божикната песна ќе не' сплоти во силна заедничка молитва и ќе не' предизвика, полни со верба и надеж, радосно да го најавиме Христовото Раѓање! Од останатите активности на Здружението за православни вредности "Бадникови поворки", освен хуманитарната дејност, во овој празничен период, ја издвојуваме акцијата за собирање Божикни честитки реализирана на 20-тина пунктови низ Републиката. Се собираат пораки наменети за болните на инфективните одделенија, кои за жал, оваа година за Бадник и Божик не ќе можат да бидат во кругот на семејството. Акцијата водена под мотото "Пронајдете го пунктот во вашиот град и донирајте ја само вашата љубов, во вид на Божикна честитка", завршува на 5-ти јануари, за веќе следниот ден, на Бадник, сите добри мисли преточени во Бoжикна честитка, да патуваат до инфективните одделенија, за да ги утешат и развеселат болните и да истакнат неизмерна благодарност до медицинските работници. Што се однесува до возобновувањето на православни божикни песни што некогаш се пееле на овие простори, како еден од најкрупните зафати на Здружението "Бадникови поворки", а секогаш во соработка со Бигорскиот манастир, оваа година традицијата продолжува со "Христос се раѓат, на светот радост" - во изведба на Љубојна. Станува збор за традиционална божикна песна што потекнува од овие широки балкански простори, од времето на Ромејското Царство, Византија. Ја пееле нашите благочестиви претци, а кај нас најдолго се задржала меѓу мијачкото население, заради што и сегашнава возобновена верзија е испеана токму на мијачки дијалект, во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња. Песната во изведба на Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј", како и спотот во режија на Дејан Пројковски, ќе бидат промовирани на сам ден Бадник како Божикен подарок од Бадникови поворки и Бигорскиот манастир до верниот народ. Оваа година, за прв пат во историјата, една православна Божикна песна добива толкување на знаковен јазик. Имено, „Бадникови поворки" во соработка со Викторија Волак - сертифициран знаковен толкувач, ги израдуваа глувите лица со имплементирање на знаковен јазик во спотот за божикната „Небо и земја". Следува адаптација и на останатите Божикни спотови снимени изминативе 5 години. За многу години!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе сретнаа Рубио и Лавров Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила. Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.Тагови: Марко Рубио Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиониРуски воен хеликоптер „Ми-8“ денес накратко навлезе во полскиот воздушен простор од руската област Калининград, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од Брањево, град во северна Полска во близина на границата со областа Калининград. Рускиот хеликоптер навлезе околу 300 метри во полскиот воздушен простор и таму се задржа 42 секунди. Полската војска соопшти дека нејзините радарски системи го следеле летот на хеликоптерот во текот на целиот инцидент. „Русија повторно ја тестира нашата одбрана“ „Природата на инцидентот укажува на тоа дека Русија повторно ја тестира подготвеноста на нашата противвоздушна одбрана“, соопшти Оперативната команда на полската војска. Хеликоптерот потоа се врати кон областа Калининград. Инцидентот се случи во период на зголемена воена готовност во Полска поради руските напади врз Украина и можноста за нарушување на воздушниот простор. На 21 септември, Полска исто така подигна воени авиони и ги стави копнените системи за противвоздушна одбрана и радарите во состојба на висока готовност по руските напади врз Украина. Во последните денови, полските власти предупредија и на зголемена руска активност насочена кон земјите од НАТО. Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш вчера изјави дека Русија продолжува да го ескалира конфликтот, вклучително и против членките на Алијансата. Извор: Индекс.хрТагови: хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter