Бадел ја одбрани титулата во женскиот кошаркарски шампионат - Канал 5

Бадел ја одбрани титулата во женскиот кошаркарски шампионат

Кошаркарките на Бадел ја одбранија титулата шампион на Македонија откако синоќа во вториот натпревар од финалето како гости во Кавадарци славеа победа над МНА Кожувчанка со 66:53 и со 2-0 во финалната серија стигнаа до триумфот.

Бадел ја одбрани титулата во женскиот кошаркарски шампионат
По изедначеното прво полувреме кое заврши 30:30, кошаркарките на Бадел со подобрата игра во одбраната стигнаа до победата.

Најефикасна на натпреварот беше Анџелика Митрашиновиќ од Бадел со 16 поени, а таа го доби и признанието МВП на финалето.

Петнаесет поени постигна и нејзината соиграчка Трајческа, додека 15 поени кај МНА Кожувчанка реализираа Славица Наков и Елеонора Георгиева-Атанасова.

Кошаркарките на Бадел годинашнава сезона ја завршија без пораз, а ги одбранија титулите во првенството и во Купот на Македонија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 10

Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 10

Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје.

Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци:

Дезинсекција против ларви:

7 мај - авионска дезинсекција;

11 јуни - авионска дезинсекција;

26 јуни - теренска дезинсекција;

10 јули - авионска дезинсекција;

23 јули - теренска дезинсекција.

Дезинсекција против возрасни комарци:

1 и 2 јуни - авионска дезинсекција;

18 и 20 јуни - теренска дезинсекција;

27 и 28 јуни - авионска дезинсекција;

13 и 15 јули - теренска дезинсекција.

Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните.

https://www.facebook.com/reel/2110716592811003

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса

По крајот на Светско фудбалско првенство, капитенот на Франција, Килијан Мбапе и покрај неуспехот на тимот  ужива во заслужен одмор. 

Фото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса

Деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговата сакана...

Според пишувањата на странските медиуми, тој моментално престојува на јахта на Сардинија во друштво на својата девојка, шпанската актерка Естер Експосито.

Нивното опуштено дружење веднаш го привлече вниманието на јавноста и дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост.

Фотографите на странските медиуми ги уловија во интимен момент – додека се прегрнуваа и бакнуваа на јахтата.

Сепак за јавноста поинтересна е убавата Естер, која покажа совршена фигура и витко тело од кое беше тешко да се тргне погледот.

Фотографиите од јахтата брзо се проширија на мрежите, по што јавноста го доби одговорот на прашањето - дали Мбапе се бакнува со убавица?

Естер е актерка која се прослави во 2018 година, кога ја доби улогата на Карла Росон во тинејџерската серија на „Нетфликс“, „Елита“ (Elite).

Инаку според фотките може да се заклучи дека Килијан и Естер вистински уживаат во летниот одмор на луксузната јахта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски центар: Владите да вложуваат повеќе во критичните минерали

Западот треба значително да ги зголеми инвестициите во ископ и преработка на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

Американски центар: Владите да вложуваат повеќе во критичните минерали

Главниот проблем за проектите за критични минерали во западните земји е недоволното финансирање, поради што државите остануваат зависни од Кина за суровини неопходни за технолошката и одбранбената индустрија. Ова се наведува во најновиот извештај на американскиот Центар за стратегии за критични минерали, кој повикува владите многу поактивно да ги поддржат инвестициите во рударството.

Во извештајот се оценува дека геополитичката трка за критични ресурси нема да ја добијат земјите што само најавуваат стратегии и партнерства, туку оние што ќе успеат брзо да обезбедат капитал и стратешките рударски проекти да ги претворат во производство.

Додека западните држави сè повеќе користат јавни средства за поттикнување на нови рударски инвестиции, во Македонија сè уште е во застој единствениот најавен проект за експлоатација на критичен минерал – рудникот за бакар во Иловица, зад кој стои компанијата „Трафигура“.

Домашни експерти претходно повикаа Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал и да се вклучи во западните синџири за снабдување со критични минерали. Според плановите, рудникот во Иловица би експлоатирал околу 10 милиони тони руда годишно и би произведувал повеќе од 10.000 тони бакар, со предвиден работен век од околу 23 години.

За разлика од препораките за јавна финансиска поддршка, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал. Првата фаза од изградбата е проценета на околу 340 милиони евра, а покрај стотици нови работни места, се очекува секоја година околу 75 милиони евра да се слеваат кон локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, прехранбената, текстилната, хемиската и дрвната индустрија, како и кон занаетчиски и сервисни дејности.

Во извештајот се посочува и дека Западот се соочува со недостиг од бакарен концентрат за работа на топилниците. Причината е што глобалните капацитети за топење, особено во Кина, растат побрзо од понудата на суровина, што создава силна конкуренција за ограничените количини бакарен концентрат.

Дополнително, се наведува дека Кина од 2001 до 2023 година инвестирала околу 98 милијарди долари во проекти за критични минерали, обезбедувајќи долгорочен пристап до стратешки суровини и доминантна позиција на глобалниот пазар.

Заклучокот на Центарот е дека создавањето сигурни синџири за снабдување независни од Кина ќе бара тесна соработка меѓу владите и приватниот сектор. Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика, за исполнување на поставените цели ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови проекти за критични минерали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер