3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЖивотБаба Ванѓа за 2026. „предвидела“ почеток на глобална војна- нејзините зборови се морничави Во услови на глобални тензии, конфликти во Украина и Блискиот Исток и растечки стравови од можна трета светска војна, многумина повторно се свртуваат кон енигматските изјави на Баба Ванѓа.Иако почина во 1996 година, нејзините „предвидувања“, честопати криптични и отворени за различни толкувања, продолжуваат да ја интригираат јавноста. „Политичка нестабилност и тензии“ Бројни извори потсетуваат на низа „предвидувања“ кои, според нејзините следбеници, се однесуваат конкретно на 2026 година. Тие тврдат дека Баба Ванѓа зборувала за „голем глобален конфликт“ што би можел да започне оваа година и „да ги вклучи најмоќните земји во светот“. Според истите толкувања, конфликтот би „се проширил на неколку континенти“ и би отворил период на „политичка нестабилност и силни меѓународни тензии“. „Трет финансиски крах“ Обожавателите на Баба Ванѓа веруваат дека нејзините „предвидувања“ претскажувале „влошување на односите меѓу големите сили“, вклучувајќи сценарио во кое „Кина би го анектирала Тајван“, како и „директна конфронтација меѓу Русија и САД“. Следбениците на Баба Ванѓа веруваат дека овие настани би можеле да се совпаднат со друго „предвидување“ - глобален финансиски пад. Тие веруваат дека таа зборувала за „трет финансиски пад“ на глобално ниво, или барем за „сериозен економски пад“ во 2026 година. Таквото сценарио, според толкувањата, би можело да доведе до „шокови на пазарите, зголемување на инфлацијата или слабеење на одредени валути“. „Бројни природни катастрофи“ Меѓу „предвидувањата“ што често се споменуваат се политичките превирања, но и тврдењата дека таа зборувала за „моќен лидер“ кој би дошол на власт во Русија и би „ја преобликувал светската политика“, објавува „Мирор“. Оваа година, според толкувањето на „предвидувањата“ на Баба Ванѓа, ќе биде обележана и со природни катастрофи. Таа наводно зборувала за „разорни земјотреси, цунами, вулкански ерупции што ќе ја погодат Земјата“, додека прецизните локации не се наведени. Конечно, во некои толкувања на нејзините „предвидувања“ за 2026 година, се споменува и можноста вештачката интелигенција да почне да го „менува човечкото општество“. Важна забелешка Треба да се нагласи дека Баба Ванѓа не оставила писмени записи за своите „предвидувања“. Повеќето тврдења за нејзините „виденија“ доаѓаат од книги, интервјуа и сведоштва на луѓе кои ја посетиле додека била жива. Затоа, не постои единствен и потврден извор што може со сигурност да потврди што всушност рекла.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00