Баба Ванѓа со морничаво „предвидување“ за 2026 година - Канал 5

Баба Ванѓа со морничаво „предвидување“ за 2026 година

На прагот сме на новата 2026 година, и многумина, со мешавина од љубопитност и страв, ги реинтерпретираат енигматските изјави на Баба Ванѓа, слепата јасновидка.

Баба Ванѓа со морничаво „предвидување“ за 2026 година

Иако почина во 1996 година, нејзините „предвидувања“, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат.

„Контакт со нова цивилизација“

Нејзините „визии“ за следната година повторно се ажурирани, а најшокантна е онаа што зборува за „човечки контакт со нова цивилизација“ во ноември.

Според ова „предвидување“, на Земјата ќе пристигне „огромен вселенски брод“, што би означило историски момент за човештвото, објавува Дејли Меил.

Од друга страна, научниците се скептични во врска со каков било директен контакт, бидејќи не се пронајдени докази за постоење на вонземјани.

„Бран природни катастрофи“

Друго „предвидување“ се однесува на можна Трета светска војна, бидејќи Баба Ванѓа наводно предупредила на зголемување на тензиите меѓу големите светски сили, вклучувајќи ги Кина, Русија и САД.

Една од нејзините најцитирани „визии“ вклучува бран „катастрофални природни катастрофи“.

Наводно, таа зборувала за разорни земјотреси, вулкански ерупции и екстремни временски услови што би „влијаеле на околу осум проценти од површината на планетата“.

Не оставила пишан запис

Баба Ванѓа, која почина во 1996 година, наводно имала и визии за светски пресвртници, како што се „крвни тестови за откривање на рак“ и „потрага по енергија во вселената“.

Не оставила пишан запис за своите „предвидувања“. Повеќето извештаи доаѓаат од нејзината внука или следбеници кои ги документирале наводните „визии“ и кои честопати биле обвинети за погрешно толкување на она што таа го кажала.

Баба Ванѓа го изгубила видот на 12-годишна возраст, што се совпаднало со појавата на нејзините наводни психички способности. Со текот на времето, таа станала позната низ целиот свет, додека научниците предупредуваат дека нејзините „предвидувања“ се шпекулативни и не се засновани на факти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Светската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. 

СЗО: Нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума.

Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа.

СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО.

На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО.

Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа.

Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и релативно топло

Според УХМР во Скопје,  времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. 

Сончево и релативно топло

0 Берово, 3 Струмица, 4 Битола, Скопје-Петровец, Тетово, 5 Крива Паланка, Велес, Демир Капија, Куманово, 6 Прилеп, Штип, Попова Шапка, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Претор, 8 Маврови Анови, Охрид, 9 Крушево, 10 Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер