Азманов: Кривична пријава за советниците на Општина Карпош

Трепението на инвеститорите што имаат градежни парцели во Карпош е при крај.

Еден од нив е и Зоран Азманов кој веќе 6-та година чека општината да го донесе Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1, за да може да го комплетира компексот што го изгради пред Уставиот суд да го укине планот. Но, оттогаш, вели, општината воопшто не постапила по препораките и забелешките од судот иако тоа требало да го направи во рок од една година, за планот повторно да биде во функција.

Тој смета дека постапките се кочат поради инает и лични хирови, кои дел од советниците ги ставаат пред самиот закон.

Не може некој да си води инает и да вика ние нема да донесуваме дуп-ови. Ти си избран таму за советник, за да донесуваш дуп-ови, а не да не донесуваш и да не работиш. Значи, ако има некои проблеми во дуп-от, треба да се отстранат меѓутоа не и да не се донесуваат, бидејќи таков ДУП постоел и заради таквиот ДУП што постоел некој инвестирал пари и купил, каде е тука правната сигурност на инвеститорот?

Сега Азманов, најавува и тужби со кои ќе бара отштета од 3,5 милиони евра.

-Нашето уставно право е загрозено и укинато, за да не можеме да градиме, за што сме ја купиле и таа парцела, а општината ќе треба да плати штета доколку не се донесе новиот ДУП. Јас не би сакал да ја тужам мојата општина Карпош, каде сум израснал, меѓутоа, ако бидам приморан, ние ќе мораме и тоа да го направиме, а за таа штета советниците кривично треба да одговараат. Во судска постапка ние сигурно ќе ги добиеме бидејќи, ако постои правна држава и праведен суд, не да гледа општината ќе биде оштетена или не, ако гледа по закон ние мора да го добиеме тој процес бидејќи со закон ни е гарантирано тоа право и мораме да го добиеме и со тоа се нанесува штата на општината,-Зоран Азманов – Инвеститор.

Според Азманов, ваквите постапки прават да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, бидејќи, ако бил некој странски инвеститор веќе одамна ќе имало решение на проблемот.

Ова место стои заградено и го огрубува просторот веќе шест години, а како што вели сопственикот и покрај уредната документација не може да продолжи со градба.

Во општина Карпош 30-тина ДУП-ови се заглавени во процедури, па ниту граѓаните ниту фирмите не можат ниту да градат, ниту да доградуваат.. Градоначланикот Стевчо Јакимовски, вината за ова ја лоцираше во Советот на општината.

Конте седнува на клупата на Наполи

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, се согласил да застане на чело на Наполи, пренесува денеска Раи Спорт.

Според истиот извор, 54-годишниот Италијанец ќе потпише тригодишен договор.

Неговата плата ќе изнесува 6,5 милиони евра годишно.

Конте својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на лондонски Тотенхем, од 2021 до 2023 година.

По 33 кола Наполи е на 8. место во Серија А со 49 бодови.

Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев

Со откривање на спомен биста на патронот во ОУ „Никола Карев“, во Кочани почна одбележувањето на 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република.

На свеченоста на која присуствуваа ученици, вработени, граѓани и претставници од централната и локалната власт, беше нагласено дека по три децении од преименувањето, училиштето добива соодветно спомен обележје што ќе го краси училишниот двор.

- Во 1993 година нашето училиште се одделило од друго основно училиште со кое заеднички носеле име на револуционер од југословенското минато. Во таа учебна година го добило сегашното име и имало многу време и простор да се постави обележје на патронот, но токму денеска, нам ни припадна честа да ја реализираме иницијативата. Бистата ја изработи и ја донираше скулпторот Борче Србиновски, за што упатуваме голема благодарност, истакна Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Учениците и наставниците од ОУ „Никола Карев“ организираа свечена програма со која го одбележаа патрониот празник, а признанија им беа оддадени на сите соработници, поддржувачи и вработени кои во изминатиот период дале придонес во унапредувањето на условите за настава.

Во рамки на одбележувањето на годишнината, денеска претставници од општините од регионот и од граѓански здруженија го посетија спомен паркот во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани, каде загинал револуционерот. Исто така, почит на великанот му беше на оддадена со положување свежо цвеќе на спомен обележјата во Паркот на Револуцијата во Кочани и кај селото Тркање.

Премиерно изведена претставата „Мац Мац“ во велешкиот театар

На сцената на велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа премиерно беше изведена претставата „Мац,Мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во неа настапија актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Режисерот Филип Петковски појаснува дека Вилијамс честопати презентира длабоко несреќни и маргинализирани ликови кои се борат со своите внатрешни демони, социјални притисоци и комплексност на нивите човечки односи. Најчесто тие се аутсајдери желни да станат дел од некаква заедница.

Додава дека и во неговата претстава „Мац Мац“ публиката проследи една длабоко несреќна фамилија која сонува за живот, а во кој депресијата не е опција. Но за жал излезот го бара во погрешни вредности и супстанции за да ја прими дневната доза допамин. Појаснува дека тоа за жал тоа се луѓе кои сите ние добро ги познаваме со кои можеме да се поистоветиме или луѓе кои и ние самите сме биле. Потенцира дека за жал тоа е еден од главните проблеми на нашето депресивно општество.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура.

Инаку претставата има најава дека ќе биде изведена на фестивалот ФИАТ во Подорица, а потоа и на уште неколку фестивали.

притисни ентер