3Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
МакедонијаАзески во Загреб ќе говори за технолошкиот развој, дигитализација и вештачка интелигенција Денеска, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференцијата „Општество и технологија – 2026“,.Денеска, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференцијата „Општество и технологија – 2026“, 30 -та јубилејна манифестација на која СКСМ е еден од ко-организаторите на заедно со: Стопанската комора на Хрватска, Коморите на Индустрија и Трговија, и на занаетчиство и мали бизнис на Словенија, Регионалните комори на Приморска, Словенија и Штаерска од Австрија, како и Универзитетот Алма Матер Еуропеа од Марибор. На отворањето, свое обраќање ќе има и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. На конференцијата под наслов - Технологијата и медиумите како трансформативна сила на економскиот развој во контекст на современите глобални трендови, воведни браќања ќе имаат и Целтта е преку дебати и дискуија да се најдат начини како да се поврзе знаењето и општествената пракса, да се поттикне комплементарната и интердисциплинарната соработка помеѓу научните и економските институции. Технолошкиот развој базиран на научни сознанија и опфаќајќи ги сите аспекти на дигитализацијата и напредните системи за вештачка интелигенција бара длабоки промени во сите општествени подсистеми, за што се потребни решенија до кои се стига преку вакви форми на излагања на глобално признати експерти и стручни лица, како што се учесниците во повеќе панел сесиии на конференцијата во Загреб. Стратешката мисија на конференцијата е потрага по нови решенија кои можат да придонесат кон воспоставување рамнотежа помеѓу технолошкиот развој и општествениот напредок. Конференцијата се одржува во период на исклучително интензивни глобални миграциски процеси, што на целиот настан му дава дополнителна научна и општествена релевантност. Преку стручни дискусии, научна ригорозност и аргументирана дебата, учесниците ќе придонесат кон отворање нови согледувања за развојот на современите економии и општества во контекст на глобалната мобилност како предизвик, но и како можност. На конференцијата во Загреб, говорник ќе биде и д-р Марјан Бојаџиев, еден од потпретседателите на Стопанската комора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Париз: Постара жена влегла во црква со бомбиПостара Парижанка денес донела во својата црква две гранати што ги пронашла во зградата каде што живее, што предизвика итна евакуација на околу стотина верници од црквата и повик за полицијата, објавија француските медиуми.Утрово, една жена отишла во црквата Нотр Дам де ла Гар во 13-от арондисман во Париз за да му го покаже своето откритие на парохискиот свештеник, објави Ле Фигаро, повикувајќи се на исказите на очевидци. Свештеникот веднаш ги отстранил двете експлозивни направи, а потоа ги известил властите. Полицијата брзо реагирала, евакуирала околу стотина луѓе и поставила безбедносен периметар околу црквата. Во 11:20 часот пристигнале експерти за деактивирање бомби, ги идентификувале предметите како „маневрска и чадна бомба“, кои не претставуваат закана за човечкиот живот и ги укинале безбедносните мерки за да може да продолжи црковната служба. Исто така, бил извршен претрес во домот на една постара жена, но не биле пронајдени други бомби, а свештеникот рекол дека не сака да поднесе формална тужба. Извор: Б92Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отвореноНа возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури. Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook