СветАзербејџан најави тужба против Русија поради падот на патнички авион Азербејџан подготвува документација за покренување постапка пред меѓународните судови против Русија за падот на патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ што се урна во близина на казахстанскиот град Актау .Азербејџан подготвува документација за покренување постапка пред меѓународните судови против Русија за падот на патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ што се урна во близина на казахстанскиот град Актау во декември минатата година, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. „Генералниот обвинител на Азербејџан испраќа официјални барања до Рускиот истражен комитет, но добиваме само формален одговор - „истрагата е во тек“. Таквиот пристап е контрапродуктивен. Азербејџан ќе се жали до меѓународните судски институции. Истрагата за падот на малезискиот Боинг траеше повеќе од 10 години и ние сме подготвени да чекаме колку што е потребно“, рече Алиев. Баку, меѓу другото, бара отштета за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата, објави РИА Новости. Патнички авион „Ембраер 190“ управуван од „Азербејџан ерлајнс“, кој леташе од Баку до Грозни, се урна на 25 декември во близина на Актау, во западен Казахстан. Azerbaijan Airlines passenger plane flying from Baku to Grozny crashed in Aktau, Kazakhstan. pic.twitter.com/EnicqHcTGM — Clash Report (@clashreport) December 25, 2024 Во авионот имало 67 лица, 62 патници и пет члена на екипажот. 38 лица загинаа, а 29 преживеаја, вклучувајќи девет руски државјани. Министерот за дигитален развој и транспорт на Азербејџан, Рашад Набиев, изјави дека според достапните информации, авионот бил изложен на „надворешно влијание“. Според изјавите на преживеаните патници и членови на екипажот, тие слушнале звук што личел на експлозија за време на летот над Грозни.Тагови: Азербејџан русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈапонија: Најмалку 37 повредени по силен земјотресВо земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, што рано наутро ја погоди источна Јапонија, според прелиминарните извештаи, повеќе од 40 лица се повредени во Токио и во соседните префектури, соопштија денеска локалните власти.Според локалните противпожарни служби, повеќе од 20 лица се повредени во земјотресот во градот Саитама, северно од Токио, девет се повредени во Канагава и четворица во префектурата Чиба, објави Кјодо. Водоводна цевка пукна во областа Кото во Токио по земјотресот, што ги натера градските власти да истражат дали штетата е поврзана со земјотресот. Земјотресот што се случи во 2 часот по полноќ, чиј епицентар беше во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од 68 километри, не предизвика цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Поаѓањата на некои железнички линии беа одложени по земјотресот, додека некои возови сообраќаа со намалена брзина. Операторот на линијата Кејсеи, која го поврзува Уено во центарот на Токио со аеродромот Нарита во префектурата Чиба, источно од Токио, рече дека поаѓањата на возот се вратиле во нормала по 9:40 часот по локално време. Некои експресни услуги со кои управува железницата Тобу останаа суспендирани. По земјотресот не се забележани нарушувања во нуклеарната централа Токаи бр. 2 во префектурата Ибараки, ниту во нуклеарната централа Фукушима Даичи и блиската електрана Фукушима Даини во североисточна Јапонија, рекоа нивните оператори. Јапонската премиерка Санае Такаичи на социјалните мрежи објави дека им наредила на официјалните лица да го утврдат степенот на штетата од земјотресот и навремено да ја информираат јавноста. BREAKING 🚨 : Moderate earthquake with a preliminary magnitude of 5.9 rattled eastern Japan, including the Tokyo area, early Sunday, injuring more than 29 people, most of them slightly, officials said. There was no danger of a Tsunami.#Japan #Earthquake pic.twitter.com/adwnlEmRcO — Dr. Kiran J Patel (@kiranpatel1977) August 23, 2026 Метеоролошката агенција ја повика јавноста да остане на будност за земјотреси со јачина од 5 степени по сеизмичка скала во текот на наредната недела, особено во следните два до три дена. Земјотрес од 5 степени, на сеизмичка скала од 0 до 7, агенцијата го дефинира како земјотрес што предизвикува страв и потреба повеќето луѓе да се држат за нешто стабилно, додека предметите може да паднат од полиците. Земјотресот што се случи утринава беше почувствуван во поголемиот дел од земјата, особено на североистокот и во централна Јапонија. Извор: Б92Тагови: земјотрес јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓеПод контрола се ставени двата големи пожари што денеска беснееа на истокот од земјава, кај Бигла делчевско и во околината на Пехчево, кон бугарска граница. Првиот човек на ДЗР Стојанче Ангелов попладнево се сретна со градоначлниците на двете општини. Тие информираа дека во справувањето од пламените јазици и во Бигла и кај Пехчево се употребени сите расположливи ресурси: трите ер-трактори, тешка механизација, а на терен ангажирани биле над 300 луѓе - локалните пожрникари, доброволци и месно население, со цел да се спречи загрозување на домовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЧамец потона кај Тунис: Осум мигранти пронајдени мртвиТелата на осум мигранти се пронајдени откако чамец потона кај брегот на Тунис, додека уште се трага по шест други. Еден преживеан беше спасен по 48 часа на море.Се вели дека крајбрежната стража, војската и тимовите за цивилна заштита, поддржани од два хеликоптери, продолжуваат со потрагата по исчезнатите мигранти, објави Ројтерс. Чамецот, кој превезувал 15 претежно млади луѓе, испловил рано во четврток и потонал кај брегот на Тунис, а вчера е спасено само едно лице, изјави претходно раководителот на група за права на мигрантите. Преживеаниот талкал по море 48 часа пред да биде спасен од трговски брод. Сите мигранти на чамецот што потона беа од регионот Бен Гердан во југоисточна Тунис, а десетици млади луѓе се собраа доцна во саботата во градот во близина на либиската граница за да побараат од властите да ги забрзаат операциите за пребарување, а полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Централномедитеранската рута од северноафриканскиот брег е една од најсмртоносните миграциски рути во светот, која ја користат мигрантите од Африка и Блискиот Исток кои се обидуваат да стигнат до Европа, честопати во преполни или неисправни чамци. Извор: Б92Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook