Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
2Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
МакедонијаАвтопатот Кичево-Охрид ќе чини дополнителни 187 милиони евра, заштеда од 95 милиони евраДополнителни 187 милиони евра ќе чини изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Со новиот трет анекс на договорот со изведувачот на градежните работи кинески „Синохидро", што го усвои денеска на седница Владата по едногодишни преговори, се утврдени дополнителните финансии со кои на терен се најавува интензивирање на градежните работи за автопатот во должина од 57 километри. -По една година домаќински преговори успеавме да направиме заштеди од 95 милиони евра. Ако се продолжеше со реализација на договорот по старите цени дополнителните работи би чинеа 282 милиони евра, а со новите сега тој износ е 187 милиони евра, рече на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потенцирајќи дека проектот е доведен во исправна состојба и обезбедена заштеда од 95 милиони евра. Анѓушев потсети на клучните проблеми поради кои беа во застој или забавени градежните активности како што се погрешно проектирана документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација. Дополнителните 187 милиони евра, откако анексот ќе биде усвоен од Собранието, ќе се обезбедат со кредит од кинеската Ексим банка. Како што наведе министерот за финансии Драган Тевдовски претходниот кредит за автопатот што го обезбеди поранешната Влада беше со два процента фиксна каматна стапка и рок на отплата од 20 години и петгодишен грејс период. Со новиот анекс „Синохидро" се согласува да изгради девет клучки кои претходно не беа предвидени, како и алтернативен пат од Пресека до Арбиново, да изведе дополнителни работи во тунелот Пресека, како и сите пропусти за вода на целата траса и ископите за стабилизација на косините и санација на свлечиштата на целата траса. По стапување на сила на анексот, изведувачот во рок од 28 дена ќе подготви детална програма за работа според реалните услови на терен согласно договорените позиции, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. – Година и половина водевме тешки макотрпни преговори со изведувачот за да овозможиме пониски цени и заштеди. Свесни сме дека дел од граѓаните ќе негодуваат за повторното задолжување на државата за доизградба на автопатот, но не постои друго рационално решение. Штетите се направени од претходната Влада, а ние моравме да преговараме со врзани раце, рече Сугарески. Како што потенцираше и вицепремиерот Анѓушев, доколку денеска треба да се склучи ваков договор актуелната Влада не би го направила тоа. По анализа на опцијата за прекин на изградбата што ќе довело до ситуација државата да остане и без автопат и да враќа пари и да плаќа голема оштета на изведувачот, се пристапило кон опцијата да се продолжи со проектот, но со претходно разрешување на сите проблеми. Реалната реализација на терен на проектот за 57-километарскиот автопат со новите услови изнесува 45 до 50 проценти. -По стапувањето во сила на анексот се очекува интензивна изградба на автопатот што би значело тој да биде завршен до средината на 2021 година, наведе Анѓушев посочувајќи дека тоа ќе придвижи 20 проценти од градежните работи во државата и соодветно ќе се одрази на реализацијата на капиталните инвестиции. Кинески „Синохидро" во наредниот период ќе треба да избере и нов подизведувач од домашните компании на местото на „Трансмет" поради тековните проблеми на компанијата. Во работите на терен се ангажирани и домашните компании „Гранит" и „Илинден" и „Викторија" од Албанија. Со вториот анекс на договорот во септември годинава Владата овозможи да се користат 205 милиони евра кредит од Ексим банка исто така во насока на откочување на градежните работи. Изградбата на автопатот стартуваше во февруари 2014 година, а согласно договорот склучен од претходната Влада требаше да чини 411 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook