3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ФудбалИнфантино го прекина молкот: Нема да толерираме напади, имаме поддршка!Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, преку својот профил на Инстаграм и преку официјално соопштение ја информираше јавноста за деталите од вонредниот состанок што го свика во Мароко со највисокото раководство на ФИФА. Имено, Инфантино тврди дека добил поддршка од челниците на ФИФА во својство на претседател и дека се преземени чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со организацијата. Инфантино упати и предупредување – иако не именуваше никого конкретно – нагласувајќи дека ФИФА нема да толерира напади врз својот интегритет и дека ќе ги преземе сите мерки за заштита на својот углед. – Денес, присутните членови на Управниот одбор на ФИФА ги презедоа неопходните чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со ФИФА, како и за да се осигури дека ФИФА, нејзината мисија и одговорноста кон светскиот фудбал ќе продолжат целосно да се остваруваат, давајќи ми поддршка мене како претседател на ФИФА, но и на администрацијата предводена од генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром. - Цврсто веруваме дека заклучоците од денешниот состанок дополнително ќе го зајакнат управувањето со ФИФА, ќе помогнат да се врати довербата во организацијата и ќе ни овозможат обединето и транспарентно да се подготвиме за големите настани и предизвици што претстојат, додека ја продолжуваме нашата мисија за развој на фудбалот низ целиот свет. - Исто така, се согласивме дека ФИФА нема да толерира никакви напади врз својот интегритет и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својата репутација. - Во исто време, ФИФА тесно ќе соработува со сите релевантни чинители за да разгледа како може дополнително да го поддржи развојот на фудбалот преку програмата „FIFA Forward“, за доброто на сите 211 членки на ФИФА, конфедерации и регионални фудбалски асоцијации – изјави Џани Инфантино. Инаку, Џани Инфантино се најде на удар на критики од голем број конфедерации – УЕФА, АФЦ, КОНКАКАФ, како и од многу национални асоцијации, кој му ја ускратија довербата. Инфантино почна да ја губи поддршката по преседанот кога ФИФА, за време на Светското првенство, го „избриша“ црвениот картон на Фоларин Балогун за осминафиналето, по барањето на Доналд Трамп. Потоа, тој дојде до идеја да ги продаде правата за Светското првенство на приватен инвеститор, со што ја загуби поддршката од многу конфедерации, како и од бројни национални сојузи. Во последните недели, УЕФА е еден од главните критичари на Инфантино, а претседателот Александар Чеферин дури и не се појави на финалето на Светското првенство.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м ИлинденОпштина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината.Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во летниот период кога потрошувачката на вода е зголемена. За поефикасно управување и одржување на мрежата, долж трасата се поставени нови јазли, приклучни точки и затворачи. Тие овозможуваат одделни делови од водоводната мрежа да се изолираат при евентуални дефекти или сервисни интервенции, со што се намалува потребата од прекини во водоснабдувањето на поголем број корисници. Со реконструираната водоводна мрежа се унапредува и противпожарната заштита во овој дел од општината. На новата линија се поставени вкупно 20 нови противпожарни хидранти, од кои 10 подземни и 10 надземни, со што се обезбедува подобра достапност до вода за потребите на противпожарните интервенции долж целата траса. Со реализацијата на проектот ќе се подобри водоснабдувањето на улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 11, 13, 15, 19, 24, 26, 28, 30, 32, 34, 35 и 36 во населено место Илинден, како и водоснабдувањето во Стопанскиот комплекс Илинден и во дел од населеното место Марино, со постабилен притисок и проток, намалени загуби и помал ризик од дефекти и прекини. Со ова, Општина Илинден продолжува со унапредување на комуналната инфраструктура и создавање посигурни услови за жителите. Општина ИлинденКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГерманска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрагаГерманскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа.Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа, изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот. „Volksbank Köln Bonn“ му го одобрила заемот на кинескиот инвеститор Ху Јинг за купување на борделот „Паша“ во Келн. Проституцијата е легална во Германија. Во јули, банката ангажирала адвокатска канцеларија за независно истражување на трансакцијата, вклучително и дали некој член на управниот одбор можеби лично профитирал од зделката. Деталите за заемот не се обелоденети. „Volksbank Köln Bonn“ одби да ја коментира истрагата на BaFin. Банката изјави дека го смета членот на одборот за невин сè додека не се утврдат сите околности и напомена дека тој ќе остане на отсуство додека не заврши проверката. Адвокатот Маркус Лемкулер изјави за „Ројтерс“ дека го застапува членот на одборот Јирген Нојтгенс, кој ја извршува таа функција од 2018 година. Според извор запознаен со случајот, BaFin ја истражува можноста дека на Нојтгенс му била исплатена провизија во врска со заемот. Ројтерс не успеа да утврди на кого и за што била исплатена наводната провизија. „Мојот клиент во ниту еден момент не примил никаква исплата“, напиша Лемкулер како одговор на прашањата од Ројтерс. Тој додаде дека очекува истрагата да покаже оти обвинувањата против неговиот клиент се неосновани. Банката покрена внатрешна истрага по извештаите во германските медиуми за заемот. Германските „Фолксбанки“ (Volksbanken) се задружни банки во сопственост на нивните членови и претставуваат важен дел од финансискиот систем на најголемата европска економија. Тие ретко одобруваат кредити за странски инвеститори и генерално избегнуваат деловни активности што би можеле да ѝ наштетат на нивната репутација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
БалканВидео: На Неретва уловен сом од скоро два метриРибари во областа на Салаковац, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, успеале да уловат огромна риба на реката Неретва.Двајцата рибари во водите на Неретва уловоиле сом долг 196 сантиметри и тежок приближно 50 килограми. Според рибарите, станува збор за капитален примерок уловен во реонот на Салаковац. -Беше потребен голем напор за да се извлече оваа огромна риба од водата и да се подигне на брегот, истакнале рибарите. U Salakovcu uhvaćen som težak 50 kilograma i dug gotovo dva metra pic.twitter.com/3PR2JY5hOt — Bljesak.info (@Bljesak) August 24, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook