Австриската влада затвора 7 џамии и протерува неколку имами - Канал 5

Австриската влада затвора 7 џамии и протерува неколку имами

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска најави дека во рамки на кампањата за борба против „политичкиот ислам“, Австрија ќе затвори седум џамии и ќе протера неколкумина имам, кои биле „финансирани од странство“.

Австриската влада затвора 7 џамии и протерува неколку имами

Одлуката е донесена по спроведената истрага покрената откако во јавноста се појавија фотографии од една џамија во Австрија, на која се прикажани момчиња облечени во воени униформи, кои поздравуваат во војнички стил и носат турски знамиња.

Фотографиите биле направени на одбележувањето на годишнината од битката кај Галиполе во Првата светска војна, во која отоманската војска ги поразила сојузничките сили.

Курц, кој важи за жесток критичар на т.н. Политички ислам, предложи и закон за заштита на децата, со кој се забранува девојчиња да носат хиџаб во предучилишните установи и основите училишта.

Според Курц, целата на законот е да се спречи „децата да се соочуваат со дискриминација на таа возраст“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија.

Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес.

Во рамки на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија.

„Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба“, изјави Сали.

Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес.

„Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство“, истакна Сали.

Во однос на сите прашања разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Летна читачко-креативна детска авантура во Карпош

Во период од 16 јуни до 16 јули, библиотеката ,,Другарче” ќе биде централно место за дружење, креативност и многу читање. 

О. Карпош: Летна читачко-креативна детска авантура во Карпош

Станува збор за проектот ,,Читањето како навика, библиотеката како дом-Интеркативни читачки работилници за деца”, во организација на Марија Павлеска, едукатор и основач на профилот ,,Мама ми чита”.

Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, преку Програмата за култура на Секторот за дејности од јавен интерес.

Работилниците ќе се одржуваат секој вторник и четврток, во период од пет недели. За време на овие интерактивни читачки и креативни работилници, децата ќе откриваат нови книги, ќе создаваат свои приказни и ќе развиваат читачки и социјални вештини во друштво на своите врсници. Во текот на еден месец, децата ќе уживаат во игра и драматизација како и стекнување на нови пријателства.

Читачко-креативната работилница се однесува за деца од 4 до 12 годишна возраст, а учеството е бесплатно кое претходно се пријавува преку порака на инстаграм профилот @mama_mi_chita.

Општина Карпош секогаш ги поддржува ваквите иницијативи со цел да се поттикне љубовта кон читањето и навиката да се посетува библиотеката од најмала возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се отвори земјата

 Најмалку едно лице загина, а 38 се повредени во земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, кој во вторник го погоди дел од островот Сулавеси во централна Индонезија, објавија денес официјални лица.

Видео: Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се отвори земјата

Во земјотресот, чиј епицентар беше регистриран околу 43 километри југоисточно од Палу, на длабочина од околу десет километри, оштетени се куќи и инфраструктура, јавува АП.

Силниот потрес ги испрати луѓето надвор од своите домови и ги натера да излезат на отворени простори во и околу Палу, град со околу 400.000 жители, кој е главен град на покраината Централен Сулавеси.

Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, неколку болници евакуирале пациенти, а според прелиминарниот извештај, 38 лица се повредени и префрлени во блиската болница, вклучувајќи 13 со сериозни повреди.

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика регистрираше најмалку 71 последователни потреси во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер