Австријка речиси до смрт го тресела своето четири месечно бебе: Ќе има трајни последици

Според пишувањата на австриските медиуми, 28-годишна мајка од Виена речиси до смрт го тресела своето 4-месечно девојче затоа што плачело.

На 29 јули, брзата помош дошла да го земе бебето на барање на родителите и тоа било пренесено во најголемата болница во Виена АКХ. Лекарите се уште се борат за нејзиниот живот и две недели по инцидентот, пренесуваат австриските медиуми.

Веднаш по прегледот на девојчето, лекарите се посомневале дека родителите ѝ нанеле повреди опасни по живот. Според лекарскиот извештај, мозокот на девојчето бил толку оштетен, што и да преживее веројатно ќе има трајни последици.

„Мајката, која вчера беше уапсена од полицијата во нејзиниот стан, на полицијата ѝ рекла дека детето премногу плачело и дека го тресела додека не престанало да мрда“, изјави портпаролот на виенската полиција Кристоф Верхињак.

Денеска се уште не се знае дали 28-годишната жена, која живее со партнерот, со кој има и петгодишен син, ќе мора да остане во истражниот затвор.

Мајката признала што направила, а останува прашањето дали нивниот 5-годишен син сепак ќе смее да остане со својот татко. Како што информираат од полицијата, за ова ќе одлучува надлежната виенска општинска канцеларија на млади.

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да избегне формирење на ЗСO

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е „заљубен во планот за поделба на Косово“.

-Курти мора да има мака кога сака да поттикне војна, или тоа може да биде фактот дека се заљубил во планот за поделба на Косово. Постои сомнеж дека Курти, за да го избегне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе го подели Косово, изјави Харадинај за РТВ Дукаџини.

Тој додаде дека ниту политичарите ниту криминалните банди не можат да го поделат северот.

Тој додаде дека во однос на поделбата на Косово, северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедноста, никој, ниту криминалните банди, не успеале да го поделат.

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат .

Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот. Повеќе за инцидентот во следото издание на вестите .

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. 

Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.

притисни ентер