АВМУ го донесе Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025 - Канал 5

АВМУ го донесе Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по завршување на јавната консултација, а со цел појаснување на начинот на примена на одредбите од Изборниот законик, денеска, го донесе Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025.

АВМУ го донесе Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025

Со Упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост.

-За време на изборната кампања за Локалните избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во Упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу учесниците во изборниот процес. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи чии кандидати за градоначалници ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг. Притоа распределбата на времето меѓу подносителите на листи ќе биде иста како и во првиот круг од изборната кампања, информираат од АВМУ.

За време на првиот круг од изборната кампања за Локалните избори, како што посочуваат, Собранискиот сервис, секој ден ќе обезбеди вкупно три часа за бесплатно политичко претставување на кампањите на политичките партии застапени во Собранието на РСМ, како и вкупно еден час секој ден за бесплатно политичко претставување на кампањите на подносителите на листи кои не се застапени во Собранието. Во вториот круг, во ова време ќе се емитува бесплатното претставување на кандидатите за градоначалници кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост. Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025 е достапно на веб страницата www.avmu.mk .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговор

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Русија го предупредила НАТО за можен нуклеарен одговор на каков било обид за блокада на Калининград, истакнувајќи дека тоа е во согласност со руските прописи.

Кремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговор

„Повеќепати слушнавме изјави од Полска и од други европски земји – прилично скандалозни изјави што ја допираа темата за Калининград. Сосема е природно нашите дипломати да се обидат да ги потсетат вжештените глави во Европа на нашите стратешки документи во врска со ова прашање“, изјави Песков пред новинарите за време на брифинг.

Според претходен извештај на литванскиот медиум „LRT.lt“, руската амбасада во Белгија го предупредила НАТО дека „агресивната политика што ја спроведуваат раководството на Алијансата и земјите-членки“ го зголемува ризикот од „директен вооружен конфликт“ со Русија.

Исто така, беше наведено дека Москва е подготвена да го употреби својот „целосен арсенал на достапно оружје“ доколку земјите од НАТО се обидат да го „изолираат регионот Калининград“ од остатокот на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот, а просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона за посетителите и милениците. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната, додека професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Во рамките на настанот предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити. Исто така, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“. Продолжението на програмата следува во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“.

Таму ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој граѓаните можат да присуствуваат во друштво на своите миленичиња.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди Џакомо

Поддршка за развојот на одбојката и унапредување на судиските стандарди.

Ристовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди Џакомо

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Судиска комисија на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Артуро Ди Џакомо, кој в сабота во Скопје, ќе биде специјален гостин – предавач на Семинарот за судии и делегати во организација на Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Покрај Ди Џакомо на средбата присуствуваа и генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, како и претседателот на СО при ОФМ, Влатко Ристовски и членот на ПСО, Јосип Христов.

„Европските искуства и знаења се важен придонес за развојот на македонската одбојка и унапредувањето на професионалните стандарди. Континуираната едукација на судиите и делегатите е од големо значење за поквалитетни натпреварувања и усогласување со европските стандарди. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на иницијативите што придонесуваат за развој на одбојката, унапредување на стручниот кадар и размена на знаења и искуства со европските спортски институции“ - истакна министерот Борко Ристовски.

Како прв човек на Европската судиска комисија, Артуро Ди Џакомо в сабота, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе одржи предавања за новите официјални правила на одбојката, кои беа тестирани во текот на летото, а ќе започнат да се имплементираат во новата натпреварувачка сезона.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер