Ауди повлекува 100.000 електрични возила во САД, поради опасност за домашните инсталации - Канал 5

Ауди повлекува 100.000 електрични возила во САД, поради опасност за домашните инсталации

Audi е принуден да повлече 93.196 електрифицирани автомобили.

Ауди повлекува 100.000 електрични возила во САД, поради опасност за домашните инсталации

Најинтересно е што потенцијалниот дефект не го оштетува возилото, туку домашната инсталација. Имено, при полнење на батеријата, инсталацијата може да се прегрее, штекерот да се стопи и на крајот да дојде до пожар.

Добрата вест е што засега нема информации за несреќи, но затоа Audi доби 615 пријави од клиенти, што на крајот е причина за истрагата.

Од Audi велат дека проблемот не е пријавен за корисниците кои користат бавен полнач на штекер од 110 волти. Прегревање се јавува кога е поврзан со побрз полнач од 220V/240V, попознат како полнач на ниво 2. Во куќите каде што инсталациите не можат да го издржат товарот, може да настанат проблеми поради прекумерно загревање на кабелот. NHTSA (Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата) известува дека во некои случаи е можно целиот штекер да се стопи.

Проблемот наводно бил откриен уште во 2021 година, а откако било утврдено дека нема грешка кај автомобилите, Audi ставил предупредувачка налепница на сите примероци за корисниците да ги проверат своите домашни инсталации. Друга опција била последователно намалување на моќта на полнење до 50%.

Со повлекувањето, сите сопственици ќе добијат нови кабли опремени со сензор за температура, почнувајќи од вториот квартал следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата ешерихија коли, соопштија здравствените власти.

Според резултатите од шестото редовно испитување на квалитетот на водата, што го спроведе Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, концентрацијата на бактеријата ја надминува дозволената гранична вредност.

Поради тоа, надлежните препорачуваат посетителите привремено да не се капат на оваа плажа сè додека квалитетот на морската вода повторно не биде оценет како безбеден.

Институтот најави дека ќе продолжи со дополнителни анализи и земање примероци сè до целосно исчезнување на загадувањето. За случајот се известени инспекциските служби и другите надлежни институции, кои ќе го следат развојот на состојбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Колоните возила во јужна Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Според читател на порталот хрватскиот портал Индекс.хр, кои испратил фотографии во редакцијата од Жупа Дубровачка, долги колони возила има на границата меѓу Хрватска и Црна Гора. Порталот добил и видео на кое се гледа долга колона возила во Чилипи.

Според неофицијални информации од терен, времето на чекање на границата со Црна Гора наводно достигнува и до 28 часа.

Локалното население им обезбедува вода на оние што се заглавени во колоните и им дозволува да ги користат тоалетите во нивните домови.

Според ХАК (Хрватскиот авто-клуб), времето на чекање надминува 10 часа, што ја прави ситуацијата опишана од читателот сосема веродостојна.

Снимките од Чилипи, направени утрово пред 7 часот, прикажуваат колона возила што речиси и не се движи, а се протега кон границата со Црна Гора. Според проценките на читателите, колоната е долга над 21 километар. Луѓето излегуваат од своите автомобили и стојат покрај патот.

Сообраќајот во Конавле се одвива со големи застои, особено на патиштата кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“.

Сообраќајот кон Груда е речиси целосно закочен, па на локалното население му се препорачува да ги користи споредните патишта низ селата.

Долгите колони возила што се упатуваат кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“ се резултат на значителниот пораст на транзитниот сообраќај кон Црна Гора, новите гранични процедури и ограничениот капацитет на самите премини. Поради побавното одвивање на граничните контроли, сообраќајниот метеж се прелева на патиштата низ Конавле, што резултира со колони долги со километри и чекање што трае со часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна недела

Топлотниот бран кој ја зафати државата ќе се задржи и во текот на следната недела.

УХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна недела

Од УХМР за Канал 5, велат толотно време ќе потрае, а кон крајот на следната недела, температурите ќе бидат и над 40 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер