3Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент
2Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
ЗабаваАтрактивната сопруга на Винсент Касел ја покажа тетоважата на интересно место (ФОТО)Тина Кунаки, манекенка и сопруга на актерот Винсент Касел, се пофали со жешки фотографии од одморот во Бразил на социјалните мрежи, а една особено ги заинтересира нејзините следбеници на Инстаграм.Убавата 22-годишна девојка објави фотографија во минијатурна танга каде откри дека има скорпија истетовирана на задникот. Веднаш се појавија коментарите за тетоважата, па дури и познатиот диџеј Дипло ја праша: "Дали е ова вистинска тетоважа?" „Ти си отровна“, „Што е оваа бомба“, „Прекрасен задник“, и се восхитуваа фановите на убавата манекенка . View this post on Instagram 🦂 A post shared by @ tinakunakey on Jan 11, 2020 at 10:13am PST Винсент Касел и Тина денес имаат едногодишна ќерка, а познатиот продуцент претходно беше во брак со Моника Белучи. View this post on Instagram by my Diva A post shared by @ tinakunakey on Dec 24, 2019 at 10:52am PST View this post on Instagram amour de ma vie A post shared by @ tinakunakey on Jul 25, 2019 at 8:39am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 18 степениУтре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 2 Попова Шапка, 6 Крушево, Маврови Анови, 8 Берово, 10 Виница, Прилеп, Лазарополе, 11 Битола, Тетово, Претор, 12 Крива Паланка, Скопје – Зајчев Рид, Штип, 13 Скопје – Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 14 Охрид, Струмица, Велес, 14 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 1 Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше претежно облачно, во источните делови имаше слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕксплозија и пожар во Албанија: Двајца загинати, голем број повредени (ВИДЕО)Силна експлозија и пожар што зафати станбена зграда во населбата „Кемал Стафа“ во албанскиот град Елбасан одзеде два живота. Хамит Ибро (69) и Хатиџе Бериша (82) загинаа, објави Top-channel.tv. Телото на 69-годишен маж беше пронајдено по неколкучасовно интензивно пребарување, околу 00:40 часот. Според прелиминарните резултати од истрагата, се сомнева дека експлозијата е предизвикана од прекумерна количина гас во неговиот стан. Десет други жители се повредени, додека зградата претрпе значителна материјална штета. Албанската полиција објави дека телото на сопственикот на станот каде што избувна пожарот е пронајдено по неколкучасовно пребарување, спроведено од полициски службеници во соработка со вооружените сили, службите за цивилна заштита и пожарникарите. 82-годишната Хатиџе Бериша, исто така, почина на местото на настанот во експлозијата. Десет жители на истата зграда беа повредени, добија медицинска помош и беа пуштени од болница. „Врз основа на прелиминарните активности на истражните органи на Регионалната полициска управа на Елбасан, во соработка со експерти од инженерските единици на специјалната полициска единица РЕНЕА и под водство на Обвинителството на Елбасан, се сомнева дека експлозијата, а потоа и пожарот, се предизвикани од прекумерна количина гас во станот на 69-годишен маж“, се вели во полициското соопштение. Специјална истражна група, под водство на обвинителството, продолжува со истрагата на лице место и другите истражни дејствија со цел да се утврдат сите околности и точната причина за експлозијата. Случајот е препратен до обвинителството за понатамошно постапување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот центПретседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави: „Случајот со „Алта банка“ е случај во соседна Србија, кај нас тој случај е увезен и нема ништо слично како што беше случајот со „Еуростандард банка“. „Еуростандард банка“ претходната Влада на СДСМ ја банкротираше откако нивната поранешна министерка за финансии, ден-два пред да ја банкротира, извлече од банката депозити од 250.000 евра. И тоа е факт. Ние сега имаме увезен проблем којшто се случил во нашето соседство. Јас сум повеќе исплашен за еден друг феномен којшто никој не го поставува како прашање, а тоа е следното: во 2025 година трговијата помеѓу двете земји, помеѓу нас и нашиот северен сосед, изнесуваше некаде околу една милијарда и двесте милиони евра. Неколку компании ми се јавија, македонски, коишто велат: мојот партнер е пред банкрот или е банкротиран во Србија бидејќи му се блокирани средствата во „Алта банка“, што да правиме, ве молиме, како Влада помагајте. Тоа ќе биде многу поголем проблем. Зошто многу поголем проблем? Бидејќи бизниси се затвораат, компании банкротираат, луѓе ќе остануваат без своите работни места — не само во Србија, туку и кај нас. Бидејќи тие милијарда и двесте милиони биле дневен обрт на средства коишто се движеле во текот на целата година. Истото се случува и сега. Тоа повеќе ме загрижува, бидејќи неколку македонски компании ми се јавија и ми го предочија овој проблем. И ако таму за брзо време не се консолидира состојбата, ќе имаме многу поголем ланчен систем. Ме загрижува и состојбата во Албанија, бидејќи и тоа може еден ден да се пренесе кај нас. Што се однесува до „Алта банка“ и нејзината аквизиција во Македонија, „Стопанска банка Битола“, од тоа што сум јас информиран, врз основа на информациите со коишто располагам, сакам да го кажам следново: банката е купена откако претходно се запазени сите законски процеси коишто се моментално дел од македонското апликативно право. Добиени се позитивни мислења од сите институции, меѓу кои Комисијата за хартии од вредност, Комисијата за заштита на конкуренцијата итн. На јавна аукција, акционерите од банката, коишто се приватни лица — тука Владата нема никаква врска, ниту пак сака да има врска — ги продаваат акциите на сопственикот, во случајот „Алта банка Србија“, и така тие стануваат сопственици на „Стопанска банка Битола“ и потоа ја ребрендираат во „Алта банка Македонија“. Одиме сега понатаму. Претпоставувам ја следите сега хистеријата којашто ја создаваат од опозицијата со цел не да помогнат — тие најмалку се грижат за штедачите и доверителите на „Стопанска банка Битола“ или „Алта банка Битола“. Тие мислат дека на тој начин ќе остварат политички бенефит и ќе се факторизираат на политичката сцена во Македонија, бидејќи се оптоварени со внатрешни поделби, обвинувања кој колку бил корумпиран во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, но тоа е нивен проблем. Ние сме државотворна партија и ние се грижиме за интересите на граѓаните. Затоа сакам да бидам многу јасен, можни се две сценарија. Првото сценарио е да се обезбеди купувач, што ќе биде многу тешко. Зошто? Гледате што прават: држат прес-конференции пред Народната банка и ги одвраќаат потенцијалните можни купувачи коишто ќе ја консолидираат банката. Тоа е едното сценарио. И второто сценарио е банката да влезе, ако нема купувач, да влезе во стечај. Што значи тоа? Дека ќе ја изгуби лиценцата за работа. Но она коешто сакам да го испратам како порака до граѓаните, до штедачите и до доверителите, е да бидат безбедни и спокојни, да не подлегнуваат на хистеријата и лагите, невистините и шпекулациите коишто доаѓаат од опозициската партија, во случајот СДСМ. Зошто? Затоа што според нашите проверки, 95-96 % од штедачите се со штедни влогови до 30 илјади евра — тие се загарантирани во целосната сума. Да бидат спокојни, до цент ќе им бидат, до денар ќе им бидат вратени. Останатите коишто ќе влезат во стечајната маса, тоа се неколку стотини, исто така да бидат спокојни. Зошто? Затоа што активата на банката е многу поголема отколку што се побарувањата од истата, можеби 2-3 пати е поголема. Така што апелирам до граѓаните: бидете спокојни, ве молам. Немојте да потпаѓате под хистеријата и лагите коишто ги испраќаат од опозицијата. Државата има инструменти, го следи процесот. Нема да остане ниту еден — ако дојде до најлошото сценарио, банката да отиде под стечај — којшто нема да биде обештетен до последниот цент. Секој доверител, дали е тоа штедач или компанија, ќе биде обештетен до последниот цент. Но она што ние сега го правиме, бидејќи сме државотворна Влада, а не сме опозиција којашто е оптоварена со внатрешни поделби и внатрешни неусогласувања и обвинувања кој колку бил криминален, па сега ова го гледаат како можност да се факторизираат и да создадат улична демократија наместо ова што сме денес — пример за регионот. Гледате секаде што се случува, кај нас сме пример за регионот и затоа доаѓаат овие економски резултати и затоа кога разговарам и молам за инвестиции сега во Германија, тие доаѓаат затоа што велат: овие се фактор на стабилност. И затоа три фабрики коишто ќе се градат ќе ги објавиме во декември. И тоа е лоша вест за нашата опозиција. Но добрата вест за граѓаните, дури и во најлошото сценарио — еве ги гледам в очи преку камерите и ви кажувам — е дека секој граѓанин, секој доверител, до последниот цент ќе биде обештетен. Ве молам немојте да подлегнете на оваа хистерија којашто ја прави опозицијата. И конечно на крај, сакам да кажам дека редно е и Јавното обвинителство да се позанимава согласно Кривичниот законик со ова кривично дело, саботажа, коешто го прави опозицијата којашто свесно го урива Уставот и државниот поредок ширејќи невистини, немир креирајќи, лаги, и на тој начин ги доведува граѓаните во чувство на несигурност, исплашеност. А ова кривично дело, ќе ги потсетам, се казнува со казна затвор од најмалку три години по оној Кривичен законик којшто тие го сменија во 2023 година.“, рече Мицкоски, соопштуваат од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00