Атланта продолжува без Сефолоша - Канал 5

Атланта продолжува без Сефолоша

Екипата на Атланта остатокот од сезоната и плеј офот ќе го игра без крилото Табо Сефолоша, кој има скршеница на скочниот зглоб и оштетување на лигаментите на коленото и притоа ќе мора да му биде извршена операција.

Атланта продолжува без Сефолоша
Сефолоша и нашиот Перо Антиќ во средата наутро беа приведени од страна на полицијата на Њујорк, кога ја попречувале полицијата во настанот кога беше избоден со нож кошаркарот на Индијана Крис Копленд. Повредите Сефолоша ги здоби пред апсењето.

- Оваа ситуација е тешка за него и ние ќе му дадеме поддршка во текот на рехабилитацијата, изјави тренерот на Атланта, Мајк Буденхолцер.

Сефолоша е обвинет за непристојно однесување, а и тој и Антиќ се пуштени на слобода, но во јуни ќе мора да се појават на суд во Њујорк.

Сефолоша оваа сезона на 52 натпревара постигна 5.3 поени на натпревар и има 4.3 скокови. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проштална средба на претседателот Гаши со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

Проштална средба на претседателот Гаши со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду

Претседателот Гаши, во името на пратениците и во свое име, и се заблагодари на амбасадорката Филипиду за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу Македонија и Република Грција и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка.

Претседателот истакна дека земјата останува искрено посвестена на градењето добрососедски односи, засновано врз меѓусебно почитување, констуктивен дијалог и соработка во области од заеднички интерес. Тој изрази уверување дека контитуираниот политички дијалог и отворената комуникација претставуваат најдобра основа за понатамошно продлабочување на билатералните односи.

Тој истакна дека европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет и земјата е цврсто определена да продолжи со реформите и исполнување на европската агенда.

Амбасадорката Филипиду истакна Грција го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и дека како претседавач со Советот на Европската Унија во втората половина на 2027 година ќе се залага да дава поддршка на европската перспектива на земјата како и на сите земји од Западниот Балкан.

Претседателот Гаши и посака на амбасадорката Филипиду многу здравје и успех во натамошните професионални предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава

Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава, понизок и во споредба со крајот на 2024 и 2025 година – изнесува 58,8% од БДП.

Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава

Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6 процентни поени.

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со вториот кварал од 2026 година. Согласно објавените податоци нивото на јавен долг изразен како процент од БДП изнесува 58,8% додека во апсолутен износ тој е на ниво од 10.726 милиони евра.

Имено, во вториот квартал од 2026 година беше исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа Еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на МТВ истакна дека состојбата со јавниот долг до овој момент успешно се менџира.

„Јавниот долг во вториот квартал изнесува 58,8% од БДП. Да погледнеме и да видиме колку изнесувал во 2021 година и да видиме колку бил во 2024 година. Ние успеавме да го изменаџираме сето тоа и да ги ставиме работите под контрола. Верувајте, не е едноставно цело време да се движите со ниво на јавен долг околу 60% од БДП и да се борите да не го надминете тој праг“, рече министерката.

Таа истакна дека кога станува збор за задолжувањата некогаш може да се надмине лимитот којшто постои како некаква психолошка граница, но дека е многу важно за што се потрошени тие пари и да расте економијата, што во последните години се случува.

„Кога станува збор за новите задолжувања, во исто време гледаме и што се случува и што се прави. Тоа дава дополнителен раст на економиијата и тоа што значи понатаму подобар животен стандард. Животниот стандард не значи само да имате подобра плата. Животниот стандарде да имаме добри болници, да имаме добри патишта, добри железници и сето тоа е животен стандард. Значи ако правилно ги насочуваме парите, можеби во некој момент ние може да излеземе од таа психолошка граница, како што излегле многу земји, но многу е важно да расте економијата и тоа во последните години се случува“, потенцира министерката за финансии.

Министерството за финансии податоците за јавен долг ги објавува на квартално ниво, додека податоците за сосстојата на државниот долг на месечно ниво.Согласно последните податоци државниот долг заклучно со 30.06.2026 година изнесува 9.432 милиони евра или 51,7% од БДП и бележи намалување во споредба со претходниот месец за 41 милион евра или за 0,2 процентни поенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ се отвора кон меѓународната публика, премиерата на „Три сестри“ со превод на англиски јазик,

Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември.

МНТ се отвора кон меѓународната публика, премиерата на „Три сестри“ со превод на англиски јазик,

Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката - воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои не го разбираат македонскиот јазик, овозможувајќи им целосно да ја доживеат сценската изведба.

Токму премиерата на „Три сестри“ ќе биде првата претстава изведена со превод на англиски јазик - чекор што ја потврдува определбата на Македонскиот народен театар кон поголема отвореност и доближување на македонската театарска продукција до пошироката меѓународна публика.

Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, претставува современо читање на едно од најзначајните дела на светската драмска литература.

Во претставата настапуваат: Дарја Ризова - Ирина, Наталија Теодосиева - Маша, Верица Недеска - Олга, Дамјан Цветановски - Андреј, Благој Веселинов - Александар, Емил Рубен - Иван, Ивица Димитријевиќ - Игор, Нина Деан - Наташа и Антонио Ташковски - Никола.

Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски и извршните продуценти Симона Угриновска и Виктор Рубен.

Билетите за премиерата и за првите изведби се веќе во продажба. Ја покануваме публиката навреме да го обезбеди своето место и да биде дел од свеченото отворање на новата театарска сезона. Со оваа нова практика, уметноста на МНТ станува сè подостапна за меѓународните посетители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер