Атиџе Муратова на средба со децата од „Еразмус плус" - Канал 5

Атиџе Муратова на средба со децата од „Еразмус плус"

Доволно е да се каже Атиџе и речиси секој веќе ја знае. 

Атиџе Муратова на средба со децата од „Еразмус плус"

Едноставна, мила, скромна, која зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости. По сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.

Сега е зима, па времено се преселила во новата куќа во Дурфулија, која ѝ ја подарија нејзините пријатели од филмот, но вели дека едвај чека да дојде пролетта, па повторно да оди во својата стара куќа во Бекирлија за да биде со своите пчели и природата, за кои вели дека се нејзиниот живот.

Долго сакав да ја сретнам и да ја запознаам Атиџе и тоа и се случи на на 29 февруари 2020 година, на една манифестација во училиште во Лозово, на десетина минути оддалечено од Дурфулија.

Станува збор за ученичка шестдневна средба во рамките на програмата „Еразмус плус", на која ученици од ООУ „Методија Митевски-Брицо" од Лозово се домаќини на своите врсници и нивните ментори наставници од Португалија, Бугарија и од Грција. Другарчињата од Италија, кај кои тие сите заедно беа во јануари годинава, за жал, беа спречени да им ја возвратат посетата, поради состојбата со коронавирусот во оваа земја.

Атиџе со порака до децата: Сакајте ги пчелите, тие го одржуваат светот, сè што имате делете половина – половина

Кога со колешката Убавка влеговме во холот на училиштето нè пречека Светлана Стојкова, велешанка што долги години живее и работи во Лозово како професорка по француски во ова училиште, а е одговорна и за проектот „Еразмус плус". Таа вторпат ни посакува добредојде во рамките на оваа програма оти веќе се запознавме со децата домаќини и гости кога пристигнаа на 26 февруари. Тогаш децата заедно изведоа незаборавна заедничка културно-музичка програма со поеми во стихови, песни и игри.

Но, овој пат поводот за нашата посета е средбата на децата со хероината Атиџе, за таа да им раскаже за документарниот филм „Медена земја", за нејзиното детство и игри.

Во холот меѓу децата ја здогледувам Атиџе опкружена со многу деца. Оддалеку го гледам нејзиниот среќен израз додека децата ја прашуваат, а таа нешто им раскажува, потоа ги прегрнува, а и тие нејзе, и заедно се фотографираат за спомен.

Атиџе Муратова, хероината на „Медена земја", им е гостинка на нивниот претпоследен ден од програмата на проектот „Еразмус плус", во кој акцентот е ставен на сега подзаборавените детски игри од училишните дворови и улиците.

Нашата домаќинка, професорката Светлана, ја најавува и ја претставува пред гостите на македонски и мелодичен француски, затоа што ова е франкофонска средба. Додека на големиот екран се емитуваат делови од „Медена земја" и некои веќе снимени прилози за неа и филмот, нашата Атиџе на децата им раскажува за своето детство и игрите од нејзино време, упатувајќи им пораки за животот.

За да бидат здрави, им порача секое утро да јадат по едно лажиче мед со лимон, да се дружат со пчелите, бидејќи тие го одржуваат светот, апред се, секогаш кога се во друштво со секого сè да делат половина, по нејзиниот пример со пчелите – половина за неа, половина за пчелите.

Детските приказни на Атиџе: Сè делевме и убаво живеевме

– Кога бевме деца во селото немавме ни светло ни пат, но имавме убав живот. Во селото бевме Турци, Власи, Албанци и покрај нив јас научив и влашки, и албански, и македонски. Родителите не можеа да ни купат играчки, па ние игравме со кукли што сами си ги правевме од дрво, волница и партали. Тоа за нас беше голема среќа. Многу ги сакавме и игравме со нив. Игравме и со оревчиња, и сите наши игри беа многу убави, се присетува Атиџе.

По дрвјата кога имаше круши, јаболка, ние не смеевме да скинеме без да прашаме, па кога ќе ни дозволеа, киневме и среќни јадевме, вели Атиџе.

На децата им раскажуваше дека со нетрпение очекувале да дојдат празниците Ѓурѓовден, Бајрам и да се променат со нови алишта, а родителите, што ќе им купеле, тоа носеле, што ќе им дале за јадење, си го делеле и биле среќни, задоволни и убаво живееле.

Тогаш тие имале строги правила. Како пример посочи дека во тоа време било многу непристојно девојчињата да пијат кафе, па таа кафе прв пат се напила дури на 21 година. Брат ѝ не ѝ дозволувал ни да се шминка. Еднаш кога идејќи кон Велес ставила малку крем и руменило, ја натерал и таа веднаш се измила.

За пораките од филмот

Атиџе на децата им раскажуваше дека кога имала тешки моменти во животот со мајка ѝ, си велела дај боже некој да ѝ ја отвори вратата, па да ѝ го олесни животот.

Тогаш кај неа се појавила една филмска екипа и таа ја прифатила понудата да им ја раскажае нејзината приказна. Тие ја прашале што сака за возврат, а таа им одговорила една чаша вода и дека ќе биде задоволна.

Така започнала приказната за „Медена земја" која првично било замислено да трае шест месеци, а продолжила три години.

– Си реков, ќе одам напред и назад веќе не се враќам, се присетува Атиџе, а децата сите заедно силно ѝ ракоплескаа, на што таа им се насмевнуваше.

– Ако нема половина – половина, нема да има и за пчелите, затоа што и тие треба да јадат мед, а не како што некои пчелари им ставаат шеќер. Но и ние луѓето сè така треба да делиме. На сите деца им порачувам да бидат со своите родители, а како што бев јас и со татко ми и со мајка ми кога остаре, бидејќи тие се грижеле за нас и ние така треба да бидеме со нив и да се грижиме за нив, им порача Атиџе на децата.

Бидејќи ова беше интергенерациска средба, нејзината внука Едина Муратова, осмоодделенка во ова училиште, излезе на сцената и на убав француски на своите другарчиња од училиштето и гостите од Португалија, Бугарија и од Грција им ја раскажа играта на која ја научила нејзината тетка Атиџе.

Таа им кажа дека во училиште тие учеле и пееле, а потоа им запеа и една песна за пчелите од нејзиното детство. „К'а нинда даниде алтан – јас сум многу работна пчела собирам мед жолт како злато…" Многу ја сакала математиката па им порача да ја учат како и другите предмети, особено јазиците. Самата таа освен својот мајчин турски јазик, научила и влашки, албански и македонски јазик.

– Тогаш прачката играше, сега нема прачка, нема школа, вели Атиџе, а децата се насмевнаа и ѝ ракоплескаа.

Изразувајќи го своето задоволство од дружбата со децата, таа им посака да учат за да имаат многу успеси во школувањето. За крај им ја запеа на убав македонски песната: „Чекор по чекор јас чекорам покрај река Брегалница".

Во разговорот што следеше потоа за медиумите Атиџе со порака до родителите што повеќе да ги носат децата во природа и на планина, затоа што тоа е здраво за нивниот развој, да не трчаат само по работа, туку да наоѓаат повеќе време за своите деца и да ги учат на вистинските вредности. Воедно, подвлече и дека природата треба најмногу да се чува и заштитува, бидејќи, ако се чува, ќе има и повеќе пчели, кои освен заради медот, се корисни и за природата.

– Родителите се тие што ги изведуваат децата на прав пат и што треба да ги оттргнат од лошите патишта. Но и децата треба да ги почитуваат родителите и да се грижат за нив кога ќе остарат, порача Атиџе.

Екипата и Атиџе размислуваат за второ продолжение на „Медена земја"

На новинарско прашање Атиџе ни одговари дека филмската екипа и таа размислуваат за второ продолжение, но сè уште ништо конкретно не решиле. Досега, вели, од филмот не зела ниту денар, само ја добила куќата во Дарфулија, која сè уште не е целосно средена.

Планира ако повторно снима документарен филм, да си направи и договор за потоа да нема проблеми.

Второто продолжение на филмот би сакала да биде за нејзината љубов кон изведување песни и за нови средби со децата од училиштата.

Атиџе задолжителна лектира во живо

Понесени од впечатоците од средбата со Атиџе се наметна идејата таа да стане задолжителна лектира во живо за учениците и од други училишта каде на средби преку своето искуство би ги подучувала за важноста од зачувување на природата, за пчелите и медот.

Теа, мојата внука, која е третоодделенка во ООУ „Блаже Конески" во Велес, дознала дека сум се сретнала со Атиџе, па ми шепна на уво: „Тето, те молам, речи ѝ на Атиџе да дојде во нашето училиште." /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата.

Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган.

Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил.

Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот.

Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера.

Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември.

Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот.

„Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар.

Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец.

Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“.

Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“

Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година.

За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“

„Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“

„Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“

Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози.

Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога.

Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“.

Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален.

„Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата.

„Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“

„Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)

Типичен работен ден во американската држава Мичиген се претвори во непријатно искуство за татко на четири деца, кој се обидуваше да ја заврши работата и да се врати кај своето семејство. 

Инфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)

Додека редеше замрзнати пици во супермаркет, еден млад човек му се приближи со телефон и реши да се пошегува на социјалните мрежи.

Меѓутоа, она што требаше да биде уште едно вирално видео заврши на сосема неочекуван начин. Наместо да му се смеат на работникот, луѓето од целиот интернет застанаа на негова страна и започнаа кампања за собирање средства што надмина 760.000 долари.

Според „Американ Форчун“, работникот познат како Волт З. немал поим дека еден од најнепријатните моменти на работа ќе му донесе толку многу поддршка од странци.

„Мојот живот е веќе доволно тежок“

Сè започна кога младиот човек што го снимаше побара да му каже колку е часот.

Кога Волт го извади телефонот, непознатиот инфлуенсер го приближи својот уред до него и пушти звук што имитираше успешно плаќање преку системот Apple Pay. Потоа рече дека штотуку зел десет долари од него.

Всушност, не беа префрлени пари. Целта беше да се предизвика реакција од работникот и да се сними неговата збунетост или лутина.

На почетокот, Волт се обиде да ја прекине непријатната ситуација и да продолжи да работи. Сепак, младиот човек повторно му се приближи и овој пат рече дека му зел дваесет долари. Во тој момент, работникот го изгуби трпението.

- Мојот живот е доволно тежок. Немам време за вакви работи - рече тој, видливо вознемирен.

Објасни дека неговите деца веќе си легнале, дека требало да биде дома еден час порано и дека следниот ден има нов работен ден.

Морал да стане во пет часот наутро за да посети уште десет продавници.

И потоа изговорил реченица што особено ги погодила луѓето кои подоцна го гледале видеото.

- Веројатно заработувате пари од ова, а јас не можам ниту да ја платам хипотеката. Имам четири деца дома. Ова не е смешно! - рече работникот.

Интернетот одлучи да му помогне

Видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи, но јавната реакција не беше она што веројатно го очекувал шегаџијата.

Наместо да се исмева работникот, имаше гнев поради неговото понижување и излив на поддршка за човек кој отворено зборуваше за финансиските тешкотии на неговото семејство.

Еден од луѓето кои беа особено погодени од видеото беше Лук Оукеншилд, воен ветеран кого Волт никогаш порано не го запознал.

Тој одлучи да започне кампања GoFundMe на 27 октомври за да собере пари.

Реакцијата беше релативно скромен првиот ден, но ситуацијата се промени многу брзо.

До следниот ден беа собрани околу 5.500 долари, потоа износот надмина 100.000 долари, а до 30 октомври достигна половина милион долари.

Според податоците објавени од Fortune на 2 ноември, кампањата собра 761.514 долари преку донации и ветувања.

Меѓу донаторите беше и американскиот претприемач и политичар Вивек Рамасвами, кој придонесе 38.000 долари.

Човекот кој ја започна кампањата живее во својот автомобил

Постои уште еден необичен детаљ во целата приказна. Имено, човекот кој ја започна кампањата за помош на Волт, самиот се соочува со сериозни животни тешкотии.

Оукеншилд изјави дека нема постојан дом и живее во својот автомобил. И покрај ова, тој одлучил да му помогне на еден потполно непознат човек чија ситуација длабоко го погодила.

Тој објасни дека ја започнал кампањата затоа што добро знае што значи да се бориш со животните проблеми и дека не очекувал поддршката да достигне такви размери.

Откако дознал за неговите околности, еден пријател започнал посебна кампања за да му помогне и него.

Организаторот истакнал дека платформата GoFundMe го следи собирањето средства наменети за Волт, за да можат парите да стигнат до него.

Компанијата стои зад вработениот

За време на непријатната средба, Волт се плашел дека инцидентот може да му предизвика проблеми на работа.

Сепак, Schwan's, кој е сопственик на брендот за замрзната пица Red Baron, јавно го поддржал својот вработен.

Компанијата соопшти дека го контактирала за да провери како е и дека продолжува да го поддржува.

На социјалните мрежи беше објавена и порака, во која се наведува дека Волт сè уште работи за компанијата и има база на обожаватели, вклучувајќи ги и неговите работодавци.

Во меѓувреме, Инстаграм профилот од кој првично беше објавено видеото со шегата е избришан.

Приказна што допре до милиони

Fortune истакнува дека силната јавна реакција не е поврзана само со несоодветното однесување на авторот на видеото.

Ситуацијата на Волт им потсети на многу Американци на нивните сопствени финансиски проблеми.

Според анкетата на CNBC и SurveyMonkey од јули 2026 година, 63 проценти од Американците рекле дека живеат од плата до плата.

Во такви околности, приказната за човек кој работи со полно работно време, издржува четири деца и се бори да го отплати хипотеката предизвика големо сочувство.

Самиот Волт им се заблагодари на донаторите и рече дека поддршката што ја добиле тој и неговото семејство значи повеќе отколку што можат да изразат зборовите.

Тој исто така нагласи дека сака да ја зачува приватноста на своето семејство, поради што засега најчесто се држи подалеку од јавноста.

Приказната што започна со обид за понижување на еден работник, така, имаше сосема поинаков крај.

Наместо да стане предмет на потсмев на интернет, таткото на четири деца ја доби поддршката од илјадници странци, кои решија да му помогнат да ги надмине финансиските тешкотии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркети

Техеран ги отфрли обвинувањата од Париз дека стои зад неодамнешната серија сајбер напади врз фрижидерите на француските супермаркети. 

Иран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркети

Иранското Министерство за надворешни работи ги нарече таквите тврдења неосновани и пристрасни и објави дека најостро ја осудува „истрошената политика на Франција за обвинување против Иран“, пишува Politico.

Францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро вчера изјави дека Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран е одговорен за невидени сајбер напади врз неколку трговски ланци минатиот месец. Баро додаде дека Париз не исклучува никакви опции како одговор на нападите што погодија 700 локации за дистрибуција на храна.

„Ќе ги преземеме сите мерки што сметаме дека се соодветни и неопходни за да ги одвратиме идните напади и да ги казниме одговорните за оваа неприфатлива агресија, вклучително и оние што нема да ги објавиме во јавноста“, рече министерот.

Истрагата се фокусираше на Револуционерната гарда

Амбасадорот на Иран во Франција е повикан во Министерството за надворешни работи откако француските обвинители објавија дека отвораат истрага за хакирање. Според француските истражители, нападите ги извршила иранската сајбер единица Шахид Каве, која е поврзана со Револуционерната гарда.

Париското обвинителство соопшти дека истрагата ќе се фокусира на шефот на тоа одделение. Наведоа и дека поради сајбер нападот избувнале дваесетина пожари.

„Напаѓачите од далечина ја презедоа контролата врз опремата преку веб-интерфејсот и започнаа ненормални циклуси на одмрзнување со неограничено времетраење. Тие, исто така, ги исклучија безбедносните предупредувања на сензорите кои требаше да се активираат откако температурата ќе надмине одредена граница“, се вели во соопштението.

Дискусија на ниво на ЕУ

Претседателката на Европскиот совет Каја Калас вчера најави дека наводните ирански хакерски напади ќе бидат разгледани на состанокот на Советот за надворешни работи следната недела. Таа рече дека одговорот на Европа треба да биде силен доколку се потврди кој стои зад нападот.

Европската комисија исто така ги истражува овие напади. Европскиот комесар за земјоделство и храна Кристоф Хансен ги опиша како „намерен обид да се наруши нашиот синџир на снабдување со храна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер