3Внесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави
ТехнологијаАстрономите откриле: Овде суперсоничните ветришта дуваат со 33.000 км/час (ВИДЕО)Астрономите откриле екстремно силни ветрови кои дуваат долж екваторот на џиновската егзопланета WASP-127b.Овие ветрови достигнуваат брзина од неверојатни 33.000 километри на час, што ги прави најбрзите ветрови измерени на која било планета. Астрономите дошле до откритието благодарение на многу големиот телескоп (VLT) на Европската јужна опсерваторија (ESO), објави ЕСО. Торнада, циклони и урагани прават хаос на Земјата, но научниците сега открија ветрови од сосема поинакви размери, далеку подалеку од Сончевиот систем. Гасниот гигант WASP-127b, откриен во 2016 година, е на 500 светлосни години од Земјата. Оваа планета е малку поголема од Јупитер, но има само дел од својата маса, што ја прави „надуена“. Меѓународен тим астрономи сега направи неочекувано откритие - суперсонични ветрови беснеат на оваа планета. - Дел од атмосферата на оваа планета се движи кон нас со голема брзина, додека друг дел се оддалечува од нас со иста брзина. „Овој сигнал ни покажува дека има многу брз, суперсоничен, млазен ветер околу екваторот на планетата“, рече во изјавата Лиза Нортман, научник од Универзитетот во Гетинген и главен автор на студијата. Со брзина од 9 километри во секунда (што е блиску до огромни 33.000 км/ч), според ESO, млазните ветрови се движат речиси шест пати побрзо од брзината со која ротира планетата. „Ова е нешто што досега не сме го виделе“, рече Нортман. Тоа е најбрзиот ветар измерен досега. За споредба, најбрзиот ветар измерен во Сончевиот систем е пронајден на Нептун и се движи со брзина од „само“ 0,5 km во секунда (1.800 km/h). Тимот, чие истражување е објавено денес во Astronomy & Astrophysics, го мапираше времето и составот на WASP-127b користејќи го инструментот CRIRES+ на VLT на ESO. Со мерење на тоа како светлината од ѕвездата домаќин патува низ горната атмосфера на планетата, тие можеле да го следат нејзиниот состав. Нивните резултати го потврдуваат присуството на водена пареа и молекули на јаглерод моноксид во атмосферата на планетата. Но, кога тимот ја следел брзината на овој материјал во атмосферата, забележале - на нивно големо изненадување - двоен врв, што укажува дека едната страна од атмосферата се движи кон нас, а другата се оддалечува од нас со голема брзина. Истражувачите заклучуваат дека силните млазни ветрови околу екваторот би го објасниле овој неочекуван резултат. При понатамошното градење на нивната временска карта, тимот исто така открил дека половите се поладни од остатокот на планетата. Исто така, постои мала разлика во температурата помеѓу утринската и вечерната страна на WASP-127b. „Ова покажува дека планетата има сложени временски обрасци исто како Земјата и другите планети во нашиот систем“, додаде Феи Јан, коавтор на студијата и професор на Универзитетот за наука и технологија во Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтудентите се закануваат со протест, бараат 180 денари за студентски оброкВеднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија... Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери. ,,Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години... ,, Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме,, Додека студентите најавуваат протест, премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предложениот модел со дигитална апликација ќе им овозможи на студентите дополнителни поволности и попусти, а во иднина тие ќе можат да ги користат и надвор од земјава. „Јас сум убеден дека таа апликација ќе овозможи на студентите можеби и да се дуплираат и триплираат привилегиите кои што тие ќе ги имаат по различна основа од 5 до 50 проценти, кои што сега не ги користат и ги немаат. Следната фаза е тоа да го користат и надвор од државата...“ Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари. Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
СветИран со дронови го нападна Кувајт- загинаа двајца Италијанци Двајца италијански државјани беа убиени во нападот на Иран врз Кувајт. Тие се техничари на компанијата „Рајнметал Италија“, а според изјавата на портпаролот на одбраната на Обединетите Арапски Емирати, тие загинале од „остатоци од беспилотни летала соборени додека одбивале напади врз клучна инфраструктура“, пишува „Ла Република“. Ги штителе земјите од Персискиот Залив од иранска одмазда Се претпоставува дека техничарите кои загинале биле дел од контингентот војници и цивили распоредени во регионот од март. Целта на таа мисија е да се заштитат земјите од Персискиот Залив од иранска одмазда и да се обезбеди снабдување на Италија со енергија. Батеријата за противвоздушна одбрана „Рајнметал Скајнекс“ е исто така стационирана во Кувајт. Овој систем се смета за најдобро оружје за одбрана од напади со беспилотни летала.Тагови: Иран Кувајт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаВнесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави Кривична пријава против три лица од Државниот инспекторат за шумарство и ловство и ловечко друштво „Беласица“ за „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“ .СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(49), З.В.(63) и Б.К.(49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, вработен во ловечко друштво „Беласица“ од Струмица, внесувајќи неточни и нецелосни податоци во официјалните книги за евиденција на издадени дозволи за лов и потврди за потекло на дивеч и делови на дивеч, имал недостатоци во водењето на службените евиденции, кои бил должен да ги води согласно закон. Второпријавениот, главен инспектор на Сектор за инспекциски надзор во ловството, и третопријавениот, директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, во име на Државниот инспекторат, а на барање на ловечкото друштво, издале акт во кој спротивно на законската легислатива и донесените правилници и решенија од Агенцијата за храна и ветеринарство, констатирале дека ловечкото друштво „Беласица“ можело да издава дневни дозволи за дива свиња во ловиштето „Тркајна“ за вршење на таканаречен санитарен отстрел на диви свињи, иако тие воопшто немале концесија за тоа ловиште. Со таквите дејствија тие се обиделе да го оправдаат претходно извршениот незаконит лов од членови на ловечкото друштво „Беласица“, кои претходно под изговор дека вршат пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи и дека наводно спроведуваат заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај дивите свињи, извршиле незаконски отстрел на дива свиња во ловиштето и при вршењето на контролите во друштвото не ги евидентирале недостатоците во водењето на службените евиденции, со што му овозможиле на првопријавениот несанкционирано да продолжи да работи и да издава дневни дозволи за лов и потврди за потекло на дивечот, без да бидат соодветно евидентирани во книгите за нивна евиденција, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter